Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
139 см (55")|164 см (65")
Пријавете се веднаш за да ги добивате нашите најнови вести и ограничени понуди. Кликнете на линкот подолу за да не пропуштите ништо.
Ново ниво на слика и звук со Cognitive Processor XR™. Нашиот револуционерен процесор во телевизорите BRAVIA XR™ од Sony репродуцира содржини на ист начин како што гледаат и слушаат луѓето, за да добиете неверојатно реално доживување. Тој разбира како фокусира човечкото око и врши вкрстена анализа на сликите за да создаде реална длабочина, извонреден контраст и прекрасни и живописни бои.
Новиот OLED-екран(QD-OLED) прикажува најширока палета на бои, благодарение на Cognitive Processor XR™. Овој уникатен процесор ги репродуцира природните тонови и нијанси што им изгледаат убаво на луѓето и го исполнува екранот со доследни и живописни бои и реални текстури при сите нивоа на осветлување.
Обединувајќи го нашиот OLED-екран(QD-OLED) со XR OLED Contrast Pro, телевизорот ја зголемува светлината на боите за 200% во споредба со стандардните OLED-телевизори и внесува реалност во сцените со чисти црни тонови и најсветли бои. Благодарение на Cognitive Processor XR™, тој ги подобрува сликите на ист начин како што фокусираат вашите очи за да не пропуштите ниту детаљ во светлите површини или длабоките сенки.
Acoustic Surface Audio+™ користи специјални механизми за да го претвори екранот во повеќеканален звучник. Ќе слушате прецизно усогласен звук со акцијата на екранот, а сликите и звукот ќе бидат во хармонија и ќе создадат прекрасно доживување.
Со BRAVIA CAM секогаш имате најдобро место за седење во домот. Препознава каде седите и соодветно ги оптимизира сликата и звукот. Достапни се и контроли со гестикулации, видеоразговори и други нови и забавни искуства што чекаат да ги откриете.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Пронајдете омилени содржини со гласовно пребарување. Почнете да гледате серија или филм со изговарање на името или пребарувајте гласовно изговарајќи „find action movies“. Притиснете го копчето на управувачот за да започнете.
Овој телевизор е дизајниран да се користи во два различни стила. Стилот на предна положба со дизајн во вид на плоча нуди најубаво можно доживување, а стилот на задна положба го доближува телевизорот до ѕидот заради оптимална хармонија во собата.
Телевизорот треба да се стави на полица или подножје што е пошироко и подлабоко од телевизорот заради безбедносни причини.
Телевизорите BRAVIA XR се дизајнирани за врвни доживувања и не се штетни за средината. Посветени сме да користиме помалку нерециклирана пластика за телевизорите и пакувањата. За задниот капак на A95K е користен SORPLAS™ од Sony со стапка на рециклирање до 85%. Нашите технологии за задно осветлување, BRAVIA CAM и сензори нудат висок квалитет на слика и мала потрошувачка на енергија.
Овој нов телевизор OLED(QD-OLED) со милиони самоосветлувачки пиксели нуди најмногу бои досега за да ви обезбеди потполно ново доживување. Во комбинација со Cognitive Processor XR™, заситувањето, нијансите и светлината на сите бои се прикажуваат со извонредни детали и ги откриваат дискретните нијанси и разлики што вообичаено можат да се видат само во реалниот свет.
XR OLED Contrast Pro му овозможува на нашиот OLED(QD-OLED)-екран да прикажува реален контраст со најсветли бои. Овој OLED-телевизор, опремен со сензор за температура и плоча за дифузија на топлина, го користи нашиот Cognitive Processor XR™ за да ја утврди температурата на екранот и прецизно да ја контролира светлината, резултирајќи со приказ на 200% повеќе светлина на боите од стандардните OLED-телевизори.
Со XR-подобрувањето на квалитетот до 4K ќе добиете забава со квалитет до 4K. Нашиот Cognitive Processor XR™ обработува огромни количини на податоци и интелигентно ги обновува изгубените текстури и детали за да добиете реални слики.
XR OLED Motion и Cognitive Processor XR™ спречуваат заматување преку откривање и вкрстена анализа на важни визуелни елементи од последователните слики. Создава и вметнува дополнителни слики помеѓу оригиналните за да добиете јасни и остри движења, дури и во динамички сцени.
Страничното гледање телевизија никогаш не нудело такво задоволство. Нашата нова генерација на самоосветлувачки OLED-екран(QD-OLED) вграден во A95K нуди континуирано осветлување. Боите се доследни и реални од сите агли на гледање.
Одблесоците и отсјајот го отежнуваат гледањето, особено во темни сцени во кои длабочината и деталите се скриени. Рефлектирајќи многу малку надворешна светлина, нашиот екран OLED(QD-OLED) го намалува овој ефект и нуди неверојатна светлина, бои и контраст во речиси секакви услови на осветлување. Задлабочете се во сцената и уживајте во прекрасната слика без пречки.
Звукот излегува директно од екранот со Acoustic Surface Audio+™. Големите механизми за придвижување вибрираат и го претвораат целиот екран во звучник за да создадат моќна акустика што се движи заедно со сликата, за да слушате пореални звуци со јасен и природен дијалог. Левиот и десниот сабвуфер го засилуваат басот за да добиете врвен филмски звук во домот.
Двата големи механизми за придвижување кај A95K, дизајнирани со совршено кружна форма, создаваат помоќен и пореален звук за сите содржини што ги гледате. Механизмите го вибрираат екранот за да создадат јасни средни и високи фреквенции, за да добиете звук што одговара на случувањата на екранот.
Содржините добиваат реален опкружувачки звук со BRAVIA XR™. XR Surround создава виртуелен опкружувачки звук од страните и вертикално користејќи ги звучниците на телевизорот, за да уживате во 3D-звук без звучници на таванот или звучници насочени нагоре. Нашите телевизори BRAVIA XR™ се компатибилни и со Dolby Atmos®.
Ако ги впарите нашите најнови телевизори BRAVIA XR со аудио опрема од Sony, тие ќе ви понудат ново и ненадминато аудио-визуелно доживување со неверојатен XR-квалитет на слика и звук.
Слушајте појасни дијалози од телевизорот без да ја зголемувате јачината на звукот. Дури и ако говорот се слуша слабо, Voice Zoom 2 го открива типот на гласот, го анализира и ја зголемува неговата острина.
Поврзете го вашиот телевизор BRAVIA XR со испорачаната BRAVIA CAM и уживајте во телевизијата како никогаш досега. BRAVIA CAM препознава каде се наоѓате во просторијата и колку сте оддалечени од телевизорот, а потоа соодветно ги прилагодува поставките за звукот и сликата. Тоа значи дека звукот и дијалозите ќе бидат појасни и пореални, а светлината на сликата ќе се прилагоди кон вашето опкружување.
BRAVIA CAM го мери растојанието помеѓу вас и телевизорот и ја прилагодува неговата светлина за да уживате во слика со совршен квалитет. Сензорот за светлина и бои на телевизорот ги оптимизира сликите според осветлувањето за да обезбеди најдобро можно доживување при гледањето.
BRAVIA CAM ве следи вас и вашата положба, дури и ако гледате од страна, а потоа го прилагодува балансот на левиот и десниот звук за да добиете оптимална акустика. Независно каде седите во собата, добивате звук со ист квалитет како да седите пред телевизорот.
BRAVIA CAM открива на која оддалеченост гледате и автоматски го прилагодува зумот на гласовите. Јачината на дијалозите на телевизорот се зголемува кога се оддалечувате од телевизорот и се намалува кога се доближувате.
Со BRAVIA CAM ќе добиете многу нови и забавни доживувања преку телевизорот, како контрола со гестикулации, видеоразговори и многу повеќе.
Разговарајте со пријателите и семејството на голем екран. Впарете го телевизорот со BRAVIA CAM и забавувајте се повеќе.
Испорачаната BRAVIA CAM се прикачува и откачува од телевизорот BRAVIA брзо и лесно. Преклопникот за капакот на камерата на горната страна на BRAVIA CAM овозможува затворање на камерата за поголема приватност во секое време.
Пристапете лесно до сите ваши омилени содржини и услуги. Гледајте повеќе од 700.000 филмови и серии на едно место. Google TV ви ги нуди и организира омилените содржини од сите ваши апликации и претплати.
Брз и лесен пристап до вашите омилени видеозаписи, фотографии, игри и други содржини од вашите уреди со iOS или Android на голем екран.
Далечинскиот управувач е редизајниран за полесна контрола. Нашиот нов врвен далечински управувач е лесен за користење, има поедноставни копчиња и задно осветлување за да имате одлична прегледност дури и во темнина. Овој далечински управувач со компактен и алуминиумски дизајн има префинет изглед и е удобен за држење во рака.
Веќе никогаш нема да го изгубите далечинскиот управувач. Изговорете „OK Google, find my remote“ или притиснете го копчето на телевизорот за да го активирате изгубениот управувач. Далечинскиот управувач ќе почне да ѕвони и трепка за да можете брзо да го најдете.
Дизајниран со рамна површина со ниски копчиња и специјален полиуретански слој, нашиот далечински управувач лесно се брише и чисти. Сите копчиња се специјално обложени со антибактериски материјал.
Сите поврзани уреди може да се контролираат со нашиот паметен далечински управувач. Пристапот до услугите за видео на барање со едно копче ќе ви ги пренесе сериите и филмовите во дневната соба за неколку секунди.
Овој телевизор е дизајниран да се користи во два различни стила. Стилот на предна положба со дизајн во вид на плоча ќе ви го задржи вниманието на екранот за да уживате максимално без пречки. Стилот на задна положба ви овозможува да го ставите телевизорот многу блиску до ѕидот за да се вклопи совршено во вашата соба.
Изгледот може да се разликува според големината на телевизорот. Овој телевизор треба да се стави на полица или подножје што е пошироко од држачот на телевизорот заради безбедносни причини.
Одликувајќи се со технологии што ја задржуваат намерата на креаторите, вклучувајќи и голем избор на режими калибрирани од креаторите, IMAX Enhanced и Dolby Vision®, овој телевизор ја прикажува сета драма и возбуда што ја замислил режисерот. Тој е Calman Ready и креаторите можат да го калибрираат за уредување снимени материјали.
Уживајте во содржини од Netflix со спектакуларен квалитет, така како што ги замислиле креаторите. Netflix Adaptive Calibrated Mode е создаден специјално за содржини од Netflix, а заедно со функцијата за оптимизација според амбиенталното осветлување кај телевизорите BRAVIA XR, ви овозможува да уживате во омилените серии преку оптимизирање на светлината на сликата според осветлувањето во вашата соба.
Уживајте во повеќе содржини како што замислиле нивните креатори. Со BRAVIA CORE Calibrated Mode, сите стандардни и IMAX Enhanced™-филмови се прилагодуваат според оптималните поставки за слика за да добиете извонредно филмско доживување во домот.
Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот