BRAVIA XR MASTER Series A90J
Ова е нашиот најдобар OLED-телевизор досега во кој е вграден револуционерниот Cognitive Processor XR™. Уживајте во ненадминат контраст со екстремна светлина, чисти црни тонови и прекрасен дизајн без рамка.
BRAVIA XR MASTER Series A90J
Ова е нашиот најдобар OLED-телевизор досега во кој е вграден револуционерниот Cognitive Processor XR™. Уживајте во ненадминат контраст со екстремна светлина, чисти црни тонови и прекрасен дизајн без рамка.
139 см (55")|164 см (65")
Нашиот телевизор BRAVIA XR™ нуди ново ниво на слика и звук со уникатниот Cognitive Processor XR. Тој разбира како гледаат и слушаат луѓето за да создаде потполно ново доживување што ќе ве внесе целосно во сцената.
Уживајте во прекрасен контраст на нашиот најдобар OLED-екран со длабоки, природни и реални слики. Неговиот револуционерен процесор користи анализа од човечка перспектива за вкрстена анализа на стотици илјади елементи во една секунда. Заедно со нашиот уникатен OLED-екран, оваа технологија создава чисти црни тонови и најсветли слики досега.
Напредната технологија на звучници во екранот и Cognitive Processor XR ги претвораат сите звуци во прекрасно аудио доживување. Слушајте појасен и попрецизен звук, независно што гледате. Уживајте во забавата на потполно нов начин со совршена хармонија од слики и звук.
Користете го гласот за брзо да ги пронајдете содржините што сакате да ги гледате. Пронајдете конкретен наслов со вашиот глас. Или добијте препораки со изговарање „show me sci-fi adventure TV shows“.
Добивате 10 филмови, 24 месеци неограничено проследување.*
Важат правила и услови. * Може да го добиете само Bloodshot.
Нашите телевизори BRAVIA XR не само што имаат стилски дизајн, туку и не се штетни за животната средина. За задните капаци на нашите модели со голем екран се користи одржлив материјал до 40%.
XR OLED Contrast Pro ја прилагодува светлината за да прикаже уште посветли тонови и подлабоки црни тонови - нема детали прекриени со сенки или детали изгубени во премногу светлите површини. Сензорот за температура ја мери температурата на екранот, а плочата за дифузија на топлина создадена од Sony ја исфрла топлината. OLED-телевизорот A90J го користи нашиот Cognitive Processor XR за да ја предвиди температурата и да ја контролира светлината прецизно, што овозможува истовремено осветлување на точките во светлите површини, заради максимални перформанси.
Гледајте бои што се природни и убави за човечкото око. Cognitive Processor XR му овозможува на нашиот уникатен екран да прикаже поширока палета на бои и да ги репродуцира боите со дискретни разлики. Со зголемениот опсег на тонови и заситување, во цвеќињата ќе забележите живописни нијанси и реални текстури. Дури и бледите бои изгледаат реални.
Добијте забава со резолуција до 4K со подобрување на квалитетот до 4K со XR. Нашиот Cognitive Processor XR обработува огромни количини на податоци и интелигентно ги обновува изгубените текстури и детали за да добиете реални слики. Гледајте детали во природно дефинирано животинско крзно и остро нагласена карпа.
Sporta pārraižu un dinamisku filmu skatīšanās pieredze tikko kļuva ievērojami labāka. Mūsu kognitīvais procesors (Cognitive Processor XR) ar XR Motion Clarity™ tehnoloģiju analizē datus, lai attēli plūstu vienmērīgi, būtu spilgti un skaidri.
XR Sound Position нуди реален звук што одговара на сликата за да создаде реално аудио доживување. Бидејќи екранот на овој 4K-телевизор BRAVIA XR е всушност звучник, звукот што се репродуцира прецизно ги следи случувањата за да создаде прекрасно доживување.
Сите содржини што ги гледате ќе добијат реалистичен опкружувачки звук со BRAVIA XR. XR Surround репродуцира опкружувачки звук од страните и вертикално за да уживате во 3D-звук без потреба од звучници на таванот или звучници насочени нагоре.
Ако ги впарите нашите најнови телевизори BRAVIA со аудио опрема од Sony, тие ќе ви понудат прекрасно аудио-визуелно доживување со неверојатен XR-квалитет на слика и звук.
Ако поврзете BRAVIA XR со звучник во вид на лента од Sony, тогаш и звучникот во вид на лента и телевизорот ќе добијат улога на централен звучник. На овој начин, звукот се усогласува прецизно со сликата на екранот и добивате прекрасно доживување.
Приспособете го доживувањето со Dolby Atmos® во комбинација со SRS-NS7 и BRAVIA XR™ за да уживате во 360 Spatial Sound. Со одредени слушалки од Sony може да уживате и во 360 Spatial Sound преку безжичниот предавател WLA-NS7 (се продава посебно).
Слушајте појасни дијалози од телевизорот без да ја зголемувате јачината на звукот. Дури и ако говорот се слуша слабо, Voice Zoom 2 го открива типот на гласот, го анализира и ја зголемува неговата острина.
Брз и лесен пристап до вашите омилени видеозаписи, фотографии, игри и други содржини од вашите уреди со iOS или Android на голем екран.
Разговарајте со пријателите и семејството на голем екран, со приклучување камера во вашиот телевизор. Достапни се компатибилни камери од Sony, Logitech и други.
Сите поврзани уреди може да се контролираат со нашиот паметен далечински управувач. Пристапот до услугите за видео на барање со едно копче ќе ви ги пренесе сериите и филмовите во дневната соба за неколку секунди.
Минималистичкиот дизајн без рамка го обвиткува екранот со стакло што изгледа природно, елегантно и ве фокусира на сликата. Овој телевизор нуди прекрасна слика и звук, независно дали е поставен на држач или на ѕид.
Вистинскиот изглед може да се разликува во зависност од големината на телевизорот.
3-насочниот држач со повеќе положби ви нуди избор на стандардно поставување што ќе ви го насочи вниманието кон сликата, потесно поставување за помали полици и поставување за звучник во вид на лента што е идеално за вашиот систем за звук.
Овој телевизор без рамка има врвен и елегантен изглед што ги минимизира пречките за да се фокусирате на најважното - сликата.
Држачите за кабли уредно ги кријат каблите, при што телевизорот изгледа уредно од сите страни.
Далечинскиот управувач со врвен дизајн од брусен алуминиум и текстура со линии нуди добро чувство при држењето и е видлив во темнина.
Опуштете се и уживајте во прекрасно доживување при гледањето. Нашата технологија за амбиентално оптимизирање со сензори за светлина и бои автоматски ги прилагодува сликата и звукот според опкружувањето.
Одликувајќи се со врвни технологии, вклучувајќи и Netflix Calibrated Mode, IMAX Enhanced и Dolby Vision®, овој телевизор ја прикажува сета драма и возбуда што ја замислил режисерот. А благодарение на поддршката за Calman Ready, креаторите може да го користат и за уредување снимени материјали.
Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.
Дознајте први за сите возбудливи технологии на најновите телевизори BRAVIA, како и за сите преднарачки и новости во продавниците.
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот