BRAVIA XR A80J
Погледнете како ја максимизиравме реалноста при гледањето со нашиот OLED-екран и револуционерниот Cognitive Processor XR™ - звукот и сликата се во совршена хармонија.
BRAVIA XR A80J
Погледнете како ја максимизиравме реалноста при гледањето со нашиот OLED-екран и револуционерниот Cognitive Processor XR™ - звукот и сликата се во совршена хармонија.
139 см (55")|164 см (65")|195 cm (77")
Дознајте први за сите возбудливи технологии на најновите телевизори BRAVIA, како и за сите преднарачки и новости во продавниците.
Нашиот телевизор BRAVIA XR™ нуди ново ниво на слика и звук со уникатниот Cognitive Processor XR. Тој разбира како гледаат и слушаат луѓето за да создаде потполно ново доживување што ќе ве внесе целосно во сцената.
Уживајте во прекрасен OLED-контраст со длабоки, природни и реални слики. Нашиот револуционерен процесор користи анализа од човечка перспектива за вкрстена анализа на стотици илјади елементи во една секунда. Во комбинација со нашиот уникатен OLED-екран, оваа технологија создава реални слики со неверојатни црни тонови.
Напредната технологија на звучници во екранот и Cognitive Processor XR ги претвораат сите звуци во прекрасно аудио доживување. Слушајте појасен и попрецизен звук, независно што гледате. Уживајте во забавата на потполно нов начин со совршена хармонија од слики и звук.
Користете го вашиот глас за брзо да ги пронајдете содржините што сакате да ги гледате. Пронајдете конкретен наслов со вашиот глас. Или добијте препораки со изговарање „show me sci-fi adventure TV shows“.
Добивате 5 филмови, 12 месеци неограничено проследување.*
Важат правила и услови. * Може да го добиете само Bloodshot.
Нашите телевизори BRAVIA XR не само што имаат стилски дизајн, туку и не се штетни за животната средина. За задните капаци на нашите модели со голем екран се користи одржлив материјал до 40%.
Cognitive Processor XR анализира податоци и ги подобрува сликите на ист начин како што фокусира човечкото око. XR OLED Contrast ја прилагодува светлината за приказ на посветли тонови во одблесоците и подлабоки црни тонови во сенките - нема повеќе детали прекриени со сенки или изгубени во премногу светлите површини.
Гледајте бои што се природни и убави за човечкото око. Cognitive Processor XR му овозможува на нашиот уникатен екран да прикаже поширока палета на бои и да ги репродуцира боите со дискретни разлики. Со зголемениот опсег на тонови и заситување, во цвеќињата ќе забележите живописни нијанси и реални текстури. Дури и бледите бои изгледаат реални.
Добијте забава со резолуција до 4K со подобрување на квалитетот до 4K со XR. Нашиот Cognitive Processor XR обработува огромни количини на податоци и интелигентно ги обновува изгубените текстури и детали за да добиете реални слики. Гледајте детали во природно дефинирано животинско крзно и остро нагласена карпа.
Sporta pārraižu un dinamisku filmu skatīšanās pieredze tikko kļuva ievērojami labāka. Mūsu kognitīvais procesors (Cognitive Processor XR) ar XR Motion Clarity™ tehnoloģiju analizē datus, lai attēli plūstu vienmērīgi, būtu spilgti un skaidri.
XR Sound Position нуди реален звук што одговара на сликата за да создаде реално аудио доживување. Екранот е звучник кај овој BRAVIA XR 4K OLED-телевизор, па затоа звукот ги следи случувањата за да создаде прекрасно доживување.
Сите содржини што ги гледате ќе добијат реалистичен опкружувачки звук со BRAVIA XR. XR Surround репродуцира опкружувачки звук од страните и вертикално за да уживате во 3D-звук без потреба од звучници на таванот или звучници насочени нагоре.
Слушајте појасни дијалози од телевизорот без да ја зголемувате јачината на звукот. Дури и ако говорот се слуша слабо, Voice Zoom 2 го открива типот на гласот, го анализира и ја зголемува неговата острина.
Брз и лесен пристап до вашите омилени видеозаписи, фотографии, игри и други содржини од вашите уреди со iOS или Android на голем екран.
Сите поврзани уреди може да се контролираат со нашиот паметен далечински управувач. Пристапот до услугите за видео на барање со едно копче ќе ви ги пренесе сериите и филмовите во дневната соба за неколку секунди.
Минималистичкиот дизајн го обвиткува екранот со стакло што изгледа природно, елегантно и ве фокусира на сликата. Овој OLED-телевизор има прекрасна слика и звук, независно дали е поставен на држач или на ѕид.
Изгледот се разликува во зависност од големината на телевизорот.
3-насочниот држач со повеќе положби ви нуди избор на стандардно поставување што ќе ви го насочи вниманието кон сликата, потесно поставување за помали полици и поставување за звучник во вид на лента што е идеално за вашиот систем за звук.
Металната рамка со врвен изглед е многу тесна, па затоа вашите очи ќе се фокусираат на сликата, а не околу неа.
Нашиот врвен алуминиумски држач е дизајниран да одговара совршено на телевизорот и да се усогласи со вашата соба и ентериер.
Опуштете се и уживајте во прекрасно доживување при гледањето. Нашата уникатна технологија за амбиентално оптимизирање со сензор за светлина автоматски ги прилагодува сликата и звукот според опкружувањето.
Одликувајќи се со врвни технологии, вклучувајќи и Netflix Calibrated Mode, IMAX Enhanced и Dolby Vision®, овој телевизор ја прикажува сета драма и возбуда што ја замислил режисерот. А благодарение на поддршката за Calman Ready, креаторите може да го користат и за уредување снимени материјали.
Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.
Дознајте први за сите возбудливи технологии на најновите телевизори BRAVIA, како и за сите преднарачки и новости во продавниците.