BRAVIA XR A80J 

OLED-контраст и звук, усовршени со човечка интелигенција

Погледнете како ја максимизиравме реалноста при гледањето со нашиот OLED-екран и револуционерниот Cognitive Processor XR™ - звукот и сликата се во совршена хармонија.

ТЕЛЕВИЗОРИ

A80J | BRAVIA XR | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Google TV)

A80J Series
Слика од A80J | BRAVIA XR | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Google TV)

139 см (55")|164 см (65")|195 cm (77")

BЕнергетска ознака и информации за производ

3mодели

Дознајте први за сите возбудливи технологии на најновите телевизори BRAVIA, како и за сите преднарачки и новости во продавниците.

Првиот телевизор во светот со когнитивна интелигенција

Нашиот телевизор BRAVIA XR™ нуди ново ниво на слика и звук со уникатниот Cognitive Processor XR. Тој разбира како гледаат и слушаат луѓето за да создаде потполно ново доживување што ќе ве внесе целосно во сцената.

Извонредни OLED-слики, исто како што гледа човечкото око

Уживајте во прекрасен OLED-контраст со длабоки, природни и реални слики. Нашиот револуционерен процесор користи анализа од човечка перспектива за вкрстена анализа на стотици илјади елементи во една секунда. Во комбинација со нашиот уникатен OLED-екран, оваа технологија создава реални слики со неверојатни црни тонови.

Претворете ги сите звуци во прекрасно доживување

Напредната технологија на звучници во екранот и Cognitive Processor XR ги претвораат сите звуци во прекрасно аудио доживување. Слушајте појасен и попрецизен звук, независно што гледате. Уживајте во забавата на потполно нов начин со совршена хармонија од слики и звук.

Пристапете до илјадници филмови и серии со вашиот глас.

Користете го гласот за брзо да ги пронајдете содржините што сакате да ги гледате. Пронајдете конкретен наслов со вашиот глас. Или добијте препораки со изговарање „show me sci-fi adventure TV shows“.

Пренесете го киното во домот и уживајте во филмовите со BRAVIA XR

Добивате 5 филмови, 12 месеци неограничено проследување.*

Важат правила и услови. * Може да го добиете само Bloodshot.

Совршен за PlayStation®5
Рециклирај. Обнови. Намали.

Нашите телевизори BRAVIA XR не само што имаат стилски дизајн, туку и не се штетни за животната средина. За задните капаци на нашите модели со голем екран се користи одржлив материјал до 40%.

XR Picture
Огномет со екстремен контраст и реална длабочина
Повеќе длабочина и текстури со прекрасни црни и светли тонови

Cognitive Processor XR анализира податоци и ги подобрува сликите на ист начин како што фокусира човечкото око. XR OLED Contrast ја прилагодува светлината за приказ на посветли тонови во одблесоците и подлабоки црни тонови во сенките - нема повеќе детали прекриени со сенки или изгубени во премногу светлите површини.

Широка палета на природни и прекрасни бои

Гледајте бои што се природни и убави за човечкото око. Cognitive Processor XR му овозможува на нашиот уникатен екран да прикаже поширока палета на бои и да ги репродуцира боите со дискретни разлики. Со зголемениот опсег на тонови и заситување, во цвеќињата ќе забележите живописни нијанси и реални текстури. Дури и бледите бои изгледаат реални.

Детали од цвеќиња со дискретни нијанси и тонови на ливчињата
Слика од лисица што ја прикажува острината на 4K
Обновување на изгубените текстури, на интелигентен начин

Добијте забава со резолуција до 4K со подобрување на квалитетот до 4K со XR. Нашиот Cognitive Processor XR обработува огромни количини на податоци и интелигентно ги обновува изгубените текстури и детали за да добиете реални слики. Гледајте детали во природно дефинирано животинско крзно и остро нагласена карпа.

Интелигентна обработка на движењата за остри брзи движења

Sporta pārraižu un dinamisku filmu skatīšanās pieredze tikko kļuva ievērojami labāka. Mūsu kognitīvais procesors (Cognitive Processor XR) ar XR Motion Clarity™ tehnoloģiju analizē datus, lai attēli plūstu vienmērīgi, būtu spilgti un skaidri.

Слика од сурфер со остри детали во бранот
Дознајте за технологиите за слика
 
XR-звук
Слика од пејач на концерт
Екранот е звучник, а звукот совршено одговара на случувањата

XR Sound Position нуди реален звук што одговара на сликата за да создаде реално аудио доживување. Бидејќи екранот на овој 4K-телевизор BRAVIA XR е всушност звучник, звукот што се репродуцира прецизно ги следи случувањата за да создаде прекрасно доживување.

Сета ваша забава надградена со 3D-опкружувачки звук

Сите содржини што ги гледате ќе добијат реалистичен опкружувачки звук со BRAVIA XR. XR Surround репродуцира опкружувачки звук од страните и вертикално за да уживате во 3D-звук без потреба од звучници на таванот или звучници насочени нагоре.

Сцена од дневна соба што го прикажува ефектот на опкружувачки звук со XR Surround
Најдобри перформанси со аудио опрема од Sony

Ако ги впарите нашите најнови телевизори BRAVIA со аудио опрема од Sony, тие ќе ви понудат прекрасно аудио-визуелно доживување со неверојатен XR-квалитет на слика и звук.

Семејство седи на кревет и гледа во телевизор и звучникот во вид на лента HT-A7000 ставени врз мермерна масичка
Acoustic Center Sync

Ако поврзете BRAVIA XR со звучник во вид на лента од Sony, тогаш и звучникот во вид на лента и телевизорот ќе добијат улога на централен звучник. На овој начин, звукот се усогласува прецизно со сликата на екранот и добивате прекрасно доживување.

Маж седи на софа и слуша 360 Spatial Sound со звучник за носење SRS-NS7 и безжичен предавател WLA-NS7
Поддршка за 360 Spatial Sound Personalizer

Приспособете го доживувањето со Dolby Atmos® во комбинација со SRS-NS7 и BRAVIA XR™ за да уживате во 360 Spatial Sound. Со одредени слушалки од Sony може да уживате и во 360 Spatial Sound преку безжичниот предавател WLA-NS7 (се продава посебно).

Жена на улица со многу луѓе каде што е прикажано како Voice Zoom 2 го прави говорот полесен за слушање
Voice Zoom™2 ги подобрува гласовите и создава јасни дијалози

Слушајте појасни дијалози од телевизорот без да ја зголемувате јачината на звукот. Дури и ако говорот се слуша слабо, Voice Zoom 2 го открива типот на гласот, го анализира и ја зголемува неговата острина. 

Откријте технологии за звук
 
Функции на паметните телевизори
Зголемете ги омилените содржини од телефонот

Брз и лесен пристап до вашите омилени видеозаписи, фотографии, игри и други содржини од вашите уреди со iOS или Android на голем екран. 

Слика што прикажува проследување содржини од паметен телефон кон телевизор
Слика што прикажува дека сите поврзани уреди може да се контролираат преку еден паметен далечински управувач
Контролирајте ги вашите уреди со еден далечински управувач

Сите поврзани уреди може да се контролираат со нашиот паметен далечински управувач. Пристапот до услугите за видео на барање со едно копче ќе ви ги пренесе сериите и филмовите во дневната соба за неколку секунди.

Откријте повеќе паметни функции
 
Дизајн
Минималистички дизајн - потполно уживање без пречки

Минималистичкиот дизајн го обвиткува екранот со стакло што изгледа природно, елегантно и ве фокусира на сликата. Овој OLED-телевизор има прекрасна слика и звук, независно дали е поставен на држач или на ѕид.

Изгледот се разликува во зависност од големината на телевизорот.

Повлекување
Слика од 3-насочниот држач со повеќе положби
Елегантен 3-насочен држач за различно поставување на телевизорот

3-насочниот држач со повеќе положби ви нуди избор на стандардно поставување што ќе ви го насочи вниманието кон сликата, потесно поставување за помали полици и поставување за звучник во вид на лента што е идеално за вашиот систем за звук.

Слика одблиску од дизајнот со рамна површина
Рамна метална површина за пореална слика

Металната рамка со врвен изглед е многу тесна, па затоа вашите очи ќе се фокусираат на сликата, а не околу неа.

Слика одблиску од алуминиумскиот држач
Алуминиумски држач, луксузен изглед

Нашиот врвен алуминиумски држач е дизајниран да одговара совршено на телевизорот и да се усогласи со вашата соба и ентериер.

Одлични слики и звук, независно од опкружувањето

Опуштете се и уживајте во прекрасно доживување при гледањето. Нашата уникатна технологија за амбиентално оптимизирање со сензор за светлина автоматски ги прилагодува сликата и звукот според опкружувањето.

Уживајте во забавата, така како што ја замислил креаторот

Одликувајќи се со врвни технологии, вклучувајќи и Netflix Calibrated Mode, IMAX Enhanced и Dolby Vision®, овој телевизор ја прикажува сета драма и возбуда што ја замислил режисерот. А благодарение на поддршката за Calman Ready, креаторите може да го користат и за уредување снимени материјали. 

BRAVIA XR A90J

Врвна светлина и контраст со нашиот најдобар OLED-телевизор

Овој модел нуди спој од уникатен OLED-екран и XR OLED Contrast Pro за да создаде слика со најголема светлина и врвен контраст, поради што сите содржини што ги гледате ќе изгледаат реални.

Лого за помошна технологија
Помошна технологија на Google TV

Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.

Дознајте први за сите возбудливи технологии на најновите телевизори BRAVIA, како и за сите преднарачки и новости во продавниците.

Спецификации и функции

Добијте реална забава со звук и слика во потполна хармонија од овој 4K OLED-телевизор во кој е вграден нашиот револуционерен Cognitive Processor XR™.

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот

Кориснички оценки

Корисниците велат