A8

OLED со црни тонови и чист звук

Моќниот процесор вграден во овој 4K OLED-телевизор создава прекрасна OLED-слика со потполна хармонија од слика и звук. Сето ова има неверојатен дизајн во вид на плоча.

ТЕЛЕВИЗОРИ

A8 | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

A8 Series
Слика од A8 | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

139 см (55")|164 см (65")

BЕнергетска ознака и информации за производ

2mодели

Совршен за PlayStation®

Користејќи напредни технологии за слика и звук, BRAVIA® од Sony ги прави игрите реални и создава живописни слики со тродимензионален и амбиентален звук.

3 најдобри функции
Риба што го прикажува контрастот на OLED-екранот
Процесорот што извлекува максимум од OLED-екранот

Истиот процесор што е вграден во 8K-телевизорите прецизно ги анализира податоците од сликата за да го истакне моќниот контраст на OLED-екранот со чисти црни тонови, максимална светлина и реални слики.

Музички концерт што прикажува хармонија од звук и слика
Звук и слика во хармонија - екранот е всушност звучник 

Употребувајќи го екранот како звучник, звукот и сликата се усогласуваат совршено и звукот се репродуцира од соодветното место на екранот за да добиете доживување како во кино. 

Минималистички дизајн во вид на плоча
Неверојатно тенок дизајн во вид на плоча

Благодарение на нашиот неверојатно тенок дизајн во вид на плоча, екранот допира до работ на телевизорот за да уживате во слика без пречки.

ДРУГИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Побрз пристап до забавата што ја сакате
Процесорот што извлекува максимум од OLED-екранот

Истиот процесор што е вграден во 8K-телевизорите прецизно ги анализира податоците од сликата за да го истакне моќниот контраст на OLED-екранот со чисти црни тонови, максимална светлина и реални слики.

Подобрување на боите и контрастот за поголема длабочина и реалистичност

Гледајте реални бои, откривајте детали во длабоките сенки и премногу светлите површини. Pixel Contrast Booster ги подобрува боите и контрастот во светлите површини за да уживате во сцени исполнети со реални тонови и нијанси, поголема длабочина, врвни текстури и потполно црниот контраст што може да го понуди само OLED. 

Детали од папагал на LCD-екран со задно осветлување по рабовите
LCD-екран со задно осветлување по рабовите
Детали од папагал на стандарден OLED-екран
Стандарден OLED-екран
Детали од папагал на OLED-екран од Sony со Pixel Contrast Booster
OLED од Sony со Pixel Contrast Booster
Две кануа на езеро на изгрејсонце
Боите и контрастот стануваат пореалистични

Object-based HDR remaster

Со Object-based HDR remaster, боите на предметите на екранот се анализираат и контрастот им се прилагодува, за разлика од други телевизори кај кои контрастот се прилагодува само по една црно-бела крива за контраст. Предметите се преработуваат посебно и телевизорот прикажува поголема длабочина, текстури и пореални слики.

Извонредна резолуција со 4K X-Reality™ PRO
Врвна резолуција без разлика што гледате

Содржините може да се подобрат до 4K-резолуција со уникатните функции од Sony. X1™ Ultimate, кој е двојно побрз од X1™ Extreme, ги анализира и обработува податоците за да ги подобри 4K-сликите со реални детали и текстури. Дури и сликите снимени во 2K и Full HD се подобруваат приближно до 4K со 4K X-Reality™ PRO што користи 4K-база на податоци. Потоа резолуцијата на сите предмети се оптимизира со Object-based Super Resolution за да се добијат приближно реални текстури.

Прикажува поширока и попрецизна палета на бои

Со проширување на палетата на бои, TRILUMINOS и нашите процесори X1 создаваат повеќе бои од стандардните телевизори. Тој ги анализира и обработува податоците во сите слики за да ги направи боите поприродни и попрецизни со цел сликите да изгледаат пореални.

TRILUMINOS со широка палета на бои
Детали од автомобили што се движат брзо со X-Motion Clarity
Динамичките сцени се светли и јасни

Благодарение на сликите создадени од милиони индивидуално контролирани точки, сите детали се остри и јасни на OLED-екранот. А со нашата технологија X-Motion Clarity™, дури и брзите движења ќе бидат рамномерни и јасни. Подвижните слики се контролираат прецизно за минимизирање на заматувањето со цел сликите да изгледаат реални и да губат помалку светлина во многу брзите сцени.

Прекрасни бои од сите агли со OLED од Sony
Прекрасни бои од сите агли

Страничното гледање телевизија нуди подеднакво задоволство како и централното гледање. Нашиот самоосветлувачки OLED-екран создава доследни и реални бои, без разлика што гледате.

Вратете се назад до најдобрите функции

Звук и слика во хармонија - екранот е всушност звучник 

Употребувајќи го екранот како звучник, звукот и сликата се усогласуваат совршено и звукот се репродуцира од соодветното место на екранот за да добиете доживување како во кино. 

Неверојатно реален звук од екранот

Звукот кај стандардните телевизори со звучник поставен под екранот најчесто не е синхронизиран со сликата. Благодарение на Acoustic Surface Audio, екранот е звучник. Иновативниот механизам за придвижување зад екранот вибрира дискретно и создава звук што ќе го слушате од местото на сцената каде што се случува нешто - дијалог на глумците, звук од мотор на автомобил.

Звукот се распространува околу вас со Dolby Atmos
Звукот се распространува околу вас со Dolby Atmos®

Опкружете се со звук како да сте дел од случувањата. Со Dolby Atmos, звукот се шири над вас и околу вас за да ги слушате предметите што се движат над вас со поголема реалистичност и да добиете повеќедимензионално доживување.

Добијте повеќедимензионален звук со S-Force Front Surround

Слушајте го звукот како да се репродуцира од повеќе звучници за опкружувачки звук. S-Force Front Surround може виртуелно да создаде систем од повеќе звучници за опкружувачки звук во вашиот телевизор за да уживате во повозбудлив и подобар звук.

S-Force Front Surround создава систем од повеќе звучници за опкружувачки звук
Слушајте јасни гласови опцијата за зумирање на глас
Слушајте јасни гласови

Функцијата за зумирање на глас ви овозможува да слушате јасни дијалози без да ја зголемувате јачината на звукот - идеално за вести и документарни филмови.

Вратете се назад до најдобрите функции

Одлични слики и звук, независно од опкружувањето

Опуштете се и уживајте во најдоброто можно доживување при гледањето. Уникатната технологија на Sony за амбиентално оптимизирање автоматски ги прилагодува сликата и звукот според вашето опкружување.

Светлина прилагодена за вашата соба 

Кај стандардните телевизори светлината не се менува независно од светлината во собата, што резултира со премногу темни или светли слики. Овој 4K OLED-телевизор има вграден сензор за осветленост што ја оптимизира светлината на сликата според условите во собата, односно ја зголемува во светли соби и ја намалува во темни соби, за да добиете совршена слика.

Сензор за осветленост ја намалува светлината во темни простории
СВЕТЛИНАТА СЕ НАМАЛУВА ВО ТЕМНА ПРОСТОРИЈА
Сензор за осветленост ја зголемува светлината во светли простории
СВЕТЛИНАТА СЕ ЗГОЛЕМУВА ВО СВЕТЛА ПРОСТОРИЈА
Звук што е скроен за вашата забава

Доживувањето на звукот може да се промени во зависност од опкружувањето во собата. Завесите, на пример, го апсорбираат звукот, а предметите пред телевизорот го попречуваат движењето на звукот, со што се намалува квалитетот на тоа што го слушате. Овој 4K Ultra HD-телевизор ги открива предметите и репродуцира звук што е подобрен и оптимизиран според вашата соба.

Вратете се назад до најдобрите функции

Неверојатно тенок дизајн во вид на плоча

Благодарение на нашиот неверојатно тенок дизајн во вид на плоча, екранот допира до работ на телевизорот за да уживате во слика без пречки.

Погледнете како нашиот прекрасен дизајн ќе ве задлабочи во забавата

Нашиот тенок и едноставен дизајн во вид на плоча ќе ви го задржи вниманието на екранот и хармонично ќе се вклопи во секое опкружување.

Повлекување
Страничен приказ на телевизорот со екран без рамка
Тенка метална рамка 

Вашето внимание ќе се насочи кон сликата, а не телевизорот. 

Слика одблиску од држачот
Тенок држач, поддржува звучник во вид на лента 

Насоката на овој држач може да се прилагоди за телевизорот да не ви пречи при гледањето, дури и ако користите звучник во вид на лента. 

Детали за организирањето на каблите
Минимален неред од кабли

Држачите за кабли уредно ги кријат каблите, при што телевизорот изгледа уредно од сите страни.

Вратете се назад до најдобрите функции

Лесен пристап и начин на живеење

Со лесниот пристап до сите ваши омилени содржини, услуги и уреди, нашите паметни телевизори со Android го олеснуваат животот.

Сите ваши омилени содржини и услуги за неколку секунди
Семејство пребарува забава на Android TV
Говорот е забавен начин за истражување нови светови

Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој паметен телевизор со Android и напредна гласовна контрола може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.

Повеќе апликации од сите други паметни телевизори
Повеќе од 5000 апликации, повеќе од сите други паметни телевизори

Паметниот телевизор со Android од Sony нуди ненадминат број на апликации. Изберете ги оние што ќе ви го направат животот позабавен.

Нема повеќе чекање со моќниот процесор
Нема повеќе чекање

Апликациите се активираат брзо и нема чекање кога менувате апликации - Netflix се активира 3x побрзо од порано.

  • Netflix Recommended TV
  • Netflix Calibrated Mode
  • Копче за Netflix
Лесно поврзување со вашите омилени компатибилни уреди
Може да се користи со AppleAirPlay/AppleHomeKit

Со Apple AirPlay може да проследувате видеоснимки и звук кон телевизорот од вашиот iPhone, iPad или Mac. Гледајте филмови и серии од апликацијата Apple TV, омилените апликации, па дури и од Safari. Споделувајте фотографии со сите во просторијата.

Телевизор Bravia со Apple AirPlay / Apple HomeKit
Вашиот нов паметен живот

Испраќајте содржини на поголем и подобар екран со Chromecast 

Chromecast ви овозможува да ги проследувате омилените видеоснимки, игри и апликации од мобилниот уред кон телевизорот со максимален квалитет. Сè што е потребно за да ги зголемите саканите содржини е еден допир на копчето за префрлување на екранот од уредот со Android или iOS. Проследувајте содржини, а потоа продолжете да пребарувате преку телефонот или таблет-уредот.

Лого за Chromecast built-in
Далечински управувач што е лесен за користење
Едноставна контрола на повеќе уреди преку паметен далечински управувач
Едноставна контрола со паметен далечински управувач

Приклучете set top box-приемници и други уреди преку HDMI со паметниот OLED-телевизор и контролирајте ги со паметен далечински управувач. Потенок и позаоблен дизајн со микрофон за гласовна контрола и подобрен распоред на копчиња за едноставно користење.

Вратете се назад до најдобрите функции

Уживајте во содржините на правилен начин 

При дигитална компресија на сликите од филмовите за да се пренесат на телевизорот, квалитетот се намалува и доживувањето не е исто како што замислил режисерот. Уникатните функции ќе ви овозможат забава со врвен квалитет во вашиот дом, така како што замислил режисерот.

Netflix Calibrated mode
Врвен квалитет со Netflix Calibrated Mode

Овој режим е специјално дизајниран за гледање оригинални содржини од Netflix и репродукција на слики на телевизорот со ист квалитет како во филмско студио. Со Netflix Calibrated Mode се зачувува вистинската замисла и намера на режисерот.

Уживајте во возбудата што ја нуди киното

Забавувајте се како во кино кога сте во домот. Dolby Vision™ внесува живописни бои и реалистичност во сцените за подобро доживување при гледањето, а Dolby Atmos™ ја исполнува просторијата со прекрасен опкружувачки звук.

Семејство гледа филмови
Лого за CalMAN Ready
Зачувување на страста од креаторите на содржини

Овој телевизор го поддржува софтверот Calman за автоматска калибрација од Portrait Displays. На тој начин добивате врвно ниво на калибрација и можност за детални прилагодувања што не се можни преку стандардните поставки на сликата. Тој овозможува реалистична репродукција на бои и може да се приспособи дури и при најмали промени на боите. Овој телевизор го поддржува софтверот Calman и им овозможува на корисниците да ги искористат придобивките од овој софтвер што го користат креаторите на видеосодржини за обработка по снимањето и работни процеси за контрола на квалитетот, што дополнително ја докажува нашата посветеност за создавање слики со прецизна калибрација на бои од професионална класа во домовите.

Вратете се назад до најдобрите функции

Спецификации и функции

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот