OLED-телевизорите.“
-HDTVtest
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
A8
Моќниот процесор вграден во овој 4K OLED-телевизор создава прекрасна OLED-слика со потполна хармонија од слика и звук. Сето ова има неверојатен дизајн во вид на плоча.
139 см (55")|164 см (65")
Истиот процесор што е вграден во 8K-телевизорите прецизно ги анализира податоците од сликата за да го истакне моќниот контраст на OLED-екранот со чисти црни тонови, максимална светлина и реални слики.
Употребувајќи го екранот како звучник, звукот и сликата се усогласуваат совршено и звукот се репродуцира од соодветното место на екранот за да добиете доживување како во кино.
Благодарение на нашиот неверојатно тенок дизајн во вид на плоча, екранот допира до работ на телевизорот за да уживате во слика без пречки.
ДРУГИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Истиот процесор што е вграден во 8K-телевизорите прецизно ги анализира податоците од сликата за да го истакне моќниот контраст на OLED-екранот со чисти црни тонови, максимална светлина и реални слики.
Гледајте реални бои, откривајте детали во длабоките сенки и премногу светлите површини. Pixel Contrast Booster ги подобрува боите и контрастот во светлите површини за да уживате во сцени исполнети со реални тонови и нијанси, поголема длабочина, врвни текстури и потполно црниот контраст што може да го понуди само OLED.
Object-based HDR remaster
Со Object-based HDR remaster, боите на предметите на екранот се анализираат и контрастот им се прилагодува, за разлика од други телевизори кај кои контрастот се прилагодува само по една црно-бела крива за контраст. Предметите се преработуваат посебно и телевизорот прикажува поголема длабочина, текстури и пореални слики.
Содржините може да се подобрат до 4K-резолуција со уникатните функции од Sony. X1™ Ultimate, кој е двојно побрз од X1™ Extreme, ги анализира и обработува податоците за да ги подобри 4K-сликите со реални детали и текстури. Дури и сликите снимени во 2K и Full HD се подобруваат приближно до 4K со 4K X-Reality™ PRO што користи 4K-база на податоци. Потоа резолуцијата на сите предмети се оптимизира со Object-based Super Resolution за да се добијат приближно реални текстури.
Со проширување на палетата на бои, TRILUMINOS и нашите процесори X1 создаваат повеќе бои од стандардните телевизори. Тој ги анализира и обработува податоците во сите слики за да ги направи боите поприродни и попрецизни со цел сликите да изгледаат пореални.
Благодарение на сликите создадени од милиони индивидуално контролирани точки, сите детали се остри и јасни на OLED-екранот. А со нашата технологија X-Motion Clarity™, дури и брзите движења ќе бидат рамномерни и јасни. Подвижните слики се контролираат прецизно за минимизирање на заматувањето со цел сликите да изгледаат реални и да губат помалку светлина во многу брзите сцени.
Страничното гледање телевизија нуди подеднакво задоволство како и централното гледање. Нашиот самоосветлувачки OLED-екран создава доследни и реални бои, без разлика што гледате.
Вратете се назад до најдобрите функции
Употребувајќи го екранот како звучник, звукот и сликата се усогласуваат совршено и звукот се репродуцира од соодветното место на екранот за да добиете доживување како во кино.
Звукот кај стандардните телевизори со звучник поставен под екранот најчесто не е синхронизиран со сликата. Благодарение на Acoustic Surface Audio, екранот е звучник. Иновативниот механизам за придвижување зад екранот вибрира дискретно и создава звук што ќе го слушате од местото на сцената каде што се случува нешто - дијалог на глумците, звук од мотор на автомобил.
Опкружете се со звук како да сте дел од случувањата. Со Dolby Atmos, звукот се шири над вас и околу вас за да ги слушате предметите што се движат над вас со поголема реалистичност и да добиете повеќедимензионално доживување.
Слушајте го звукот како да се репродуцира од повеќе звучници за опкружувачки звук. S-Force Front Surround може виртуелно да создаде систем од повеќе звучници за опкружувачки звук во вашиот телевизор за да уживате во повозбудлив и подобар звук.
Функцијата за зумирање на глас ви овозможува да слушате јасни дијалози без да ја зголемувате јачината на звукот - идеално за вести и документарни филмови.
Вратете се назад до најдобрите функции
Опуштете се и уживајте во најдоброто можно доживување при гледањето. Уникатната технологија на Sony за амбиентално оптимизирање автоматски ги прилагодува сликата и звукот според вашето опкружување.
Кај стандардните телевизори светлината не се менува независно од светлината во собата, што резултира со премногу темни или светли слики. Овој 4K OLED-телевизор има вграден сензор за осветленост што ја оптимизира светлината на сликата според условите во собата, односно ја зголемува во светли соби и ја намалува во темни соби, за да добиете совршена слика.
Доживувањето на звукот може да се промени во зависност од опкружувањето во собата. Завесите, на пример, го апсорбираат звукот, а предметите пред телевизорот го попречуваат движењето на звукот, со што се намалува квалитетот на тоа што го слушате. Овој 4K Ultra HD-телевизор ги открива предметите и репродуцира звук што е подобрен и оптимизиран според вашата соба.
Вратете се назад до најдобрите функции
Благодарение на нашиот неверојатно тенок дизајн во вид на плоча, екранот допира до работ на телевизорот за да уживате во слика без пречки.
Нашиот тенок и едноставен дизајн во вид на плоча ќе ви го задржи вниманието на екранот и хармонично ќе се вклопи во секое опкружување.
Вашето внимание ќе се насочи кон сликата, а не телевизорот.
Насоката на овој држач може да се прилагоди за телевизорот да не ви пречи при гледањето, дури и ако користите звучник во вид на лента.
Држачите за кабли уредно ги кријат каблите, при што телевизорот изгледа уредно од сите страни.
Вратете се назад до најдобрите функции
Откријте 400.000+ филмови и серии на едно место. Контролирајте го телевизорот со вашиот глас и гледајте содржини од вашиот паметен телефон на телевизорот.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Добијте огромен избор на филмови, серии, музика, игри, спорт и многу повеќе со Android TV. Кажете му на вашиот BRAVIA која е вашата омилена забава, а потоа опуштете се и уживајте. А благодарение на Chromecast built-in, ќе можете да користите апликации за мобилни уреди преку телевизорот.
Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој паметен телевизор со Android и напредна гласовна контрола може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.
Паметниот телевизор со Android од Sony нуди ненадминат број на апликации. Изберете ги оние што ќе ви го направат животот позабавен.
Апликациите се активираат брзо и нема чекање кога менувате апликации - Netflix се активира 3x побрзо од порано.
Брз и лесен пристап до вашите омилени видеозаписи, фотографии, игри и други содржини од вашите уреди со iOS или Android на голем екран.
Приклучете set top box-приемници и други уреди преку HDMI со паметниот OLED-телевизор и контролирајте ги со паметен далечински управувач. Потенок и позаоблен дизајн со микрофон за гласовна контрола и подобрен распоред на копчиња за едноставно користење.
Вратете се назад до најдобрите функции
При дигитална компресија на сликите од филмовите за да се пренесат на телевизорот, квалитетот се намалува и доживувањето не е исто како што замислил режисерот. Уникатните функции ќе ви овозможат забава со врвен квалитет во вашиот дом, така како што замислил режисерот.
Овој режим е специјално дизајниран за гледање оригинални содржини од Netflix и репродукција на слики на телевизорот со ист квалитет како во филмско студио. Со Netflix Calibrated Mode се зачувува вистинската замисла и намера на режисерот.
Забавувајте се како во кино кога сте во домот. Dolby Vision™ внесува живописни бои и реалистичност во сцените за подобро доживување при гледањето, а Dolby Atmos™ ја исполнува просторијата со прекрасен опкружувачки звук.
Овој телевизор го поддржува софтверот Calman за автоматска калибрација од Portrait Displays. На тој начин добивате врвно ниво на калибрација и можност за детални прилагодувања што не се можни преку стандардните поставки на сликата. Тој овозможува реалистична репродукција на бои и може да се приспособи дури и при најмали промени на боите. Овој телевизор го поддржува софтверот Calman и им овозможува на корисниците да ги искористат придобивките од овој софтвер што го користат креаторите на видеосодржини за обработка по снимањето и работни процеси за контрола на квалитетот, што дополнително ја докажува нашата посветеност за создавање слики со прецизна калибрација на бои од професионална класа во домовите.
Вратете се назад до најдобрите функции
Нашите телевизори имаат технологија за пристапност за лица со намален вид, слух и подвижност.
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот