Прескокни до содржина

A1

Доживејте сосема нов свет

ТЕЛЕВИЗОРИ

A1 | OLED | 4K Ultra HD | Висок динамички опсег(HDR) | Паметен телевизор (Android TV)

A1

Слика од A1 4K HDR OLED телевизор со Acoustic Surface™

139 см (55")|164 см (65")|195 cm (77")

BЕнергетска ознака и информации за производ

3mодели

Најдобри карактеристики

Доживејте сосема нов свет

Погледнете ја рекламата за најновиот телевизор и видете како A1 создава неверојатно доживување.

Откријте нови доживувања

Погледнете и дознајте како овој телевизор ќе го збогати вашиот живот.

Сè друго се засенува

Вистинска реалност со длабоки црни тонови и природни бои. Со прецизна и посебна контрола на над 8 милиони самоосветлувачки точки преку процесорот X1 Extreme™, OLED телевизорот на Sony создава исклучителен и беспрекорен контраст.

4K HDR процесор X1 Extreme од Sony

Вистински начин на кој треба да се доживее реалноста

4K HDR Processor X1™ Extreme

X1 Extreme ги прикажува сликите и боите како што се во реалноста, така како што сакате да ги видите.

  • 4K HDR4K HDR
  • HDR игриHDR игри

Подобрете ја сликата што ја гледате

Dolby Vision™

Внесете реалистичност во сцените со прекрасни светли тонови, подлабоки црни тонови и живописни бои. Dolby Vision е решение за HDR што создава прекрасно доживување како во кино во вашиот дом.

TRILUMINOS екран

Брилијантноста на животот прикажана со повеќе бои

TRILUMINOS™ екран

Гледајте живописни и реални бои околу вас. TRILUMINOS екранот користи поширока палета на бои и ги репродуцира реалистично сите тонови и нијанси од палетата.

ТЕХНОЛОГИЈА ACOUSTIC SURFACE™

Најдобриот звук што не сте го виделе

За разлика од повеќето звучници во телевизорите, звукот излегува од целиот екран и ве опкружува со нови и возбудливи забавни доживувања. Сликата и звукот се во совршена хармонија. 

Софистицираност од 360 степени 

Овој OLED телевизор е прекрасен. Неговиот дизајн виртуелно ги отстранува држачот и звучниците за да изгледа дека лебди, оставајќи ја само брилијантноста на сликата.

Повлекување

Истражувајте нови светови само преку говор

Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој 4K Android TV™ се одликува со напредна гласовна контрола и може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.

Netflix ги препорачува нашите 4K телевизори со Android

Netflix ви нуди едноставен начин да препознавате телевизори со подобри перформанси, полесен пристап до апликации и нови функции. Со телевизорите што ги препорачува Netflix ќе уживате во популарни серии и филмови со наменско копче и гласовна контрола.

Телевизор препорачан од Netflix
Видеоснимки од типот „на кој начин“

Видеоснимки од типот „на кој начин“ за телевизори

Дали имате прашања за поставувањето и користењето на вашиот телевизор? Или, пак, како да го поврзете со друга опрема. Нашите видео водичи ќе ви објаснат сè чекор по чекор.

Спецификации и функции
Уживајте во неверојатен контраст на OLED 4K HDR телевизорот со 8 милиони самоосветлувачки точки. Сликите се реални, имаат најдлабоки црни тонови и прикажуваат детални сенки и живописни бои. Иновативната технологија Acoustic Surface™ нуди одличен звук што излегува директно од екранот.
  • Достапни во големина од 139 см (55"), 164 см (65"), 195 cm (77")

  • Висок динамички опсег 4K

  • 4K HDR Processor X1™ Extreme

  • OLED

  • Технологија Acoustic Surface™

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата

  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот

  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот