Прескокни до содржина

XE94/93

Извонредна светлина и реалистичност

ТЕЛЕВИЗОРИ

XE94 / XE93| LED| 4K Ultra HD | Висок динамички опсег(HDR)| Паметен телевизор(Android TV)

XE9405 / XE9305 Series

Слика од XE94 / XE93 4K HDR телевизор со Slim Backlight Drive+

139 см (55")|164 см (65")|189 cm (75”)

BЕнергетска ознака и информации за производ

3mодели

Најдобри карактеристики

SLIM BACKLIGHT DRIVE+

Осветлување на екранот со неверојатна светлина

Почувствувајте ја сончевата светлина што продира низ дрвата. Нашиот Slim Backlight Drive+ ја насочува светлината таму каде што е потребна, исполнувајќи ги сцените со повеќе светлина и длабок контраст.

Најдобриот 4K HDR телевизор

Разгледајте го овој телевизор со прекрасен стил и иновативна технологија Slim Backlight Drive+ и уживајте во најдоброто од два света - исклучително детални слики и извонредно тенок дизајн. 

Вистински начин на кој треба да се доживее реалноста

4K HDR Processor X1™ Extreme

X1 Extreme ги прикажува сликите и боите како што се во реалноста, така како што сакате да ги видите.

Откријте ги деталите со 4K HDR

Висок динамички опсег 4K

За да обезбеди врвен квалитет на сликата, овој телевизор ја спојува неверојатната 4K острина со светлината, боите и деталите на високиот динамички опсег (HDR). Површините со темни сенки и сончева светлина сега се јасни и полни со детали.

4K HDR
X-tended Dynamic Range™ PRO

Откривање на реалноста преку врвен контраст

X-tended Dynamic Range™ PRO

Уживајте во прекрасен ноќен поглед исполнет со одлични светли и длабоки темни тонови. Со десет пати поголем контраст од стандардните LED телевизори, темните сцени се потемни, а светлите сцени посветли.

Брилијантноста на животот прикажана со повеќе бои

TRILUMINOS™ екран

Гледајте живописни и реални бои околу вас. TRILUMINOS екранот користи поширока палета на бои и ги репродуцира реалистично сите тонови и нијанси од палетата.

TRILUMINOS™ екран

Дизајниран за да ви го задржи вниманието во сликата

Овој телевизор со извонредно тенок профил и тенка рамка ќе ви го насочи вниманието кон забавата. Каблите се вешто скриени на задната и предната страна, а носачот со рамна површина што се врти нуди лесен пристап до приклучоците.

Говорот е забавен начин за истражување нови светови

Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој 4K Android TV™ се одликува со напредна гласовна контрола и може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.

Netflix ги препорачува нашите 4K телевизори со Android

Netflix ви нуди едноставен начин да препознавате телевизори со подобри перформанси, полесен пристап до апликации и нови функции. Со телевизорите што ги препорачува Netflix ќе уживате во популарни серии и филмови со наменско копче и гласовна контрола.

Телевизор препорачан од Netflix
Видеоснимки од типот „на кој начин“

Видеоснимки од типот „на кој начин“ за телевизори

Дали имате прашања за поставувањето и користењето на вашиот телевизор? Или, пак, како да го поврзете со друга опрема. Нашите видео водичи ќе ви објаснат сè чекор по чекор.

Спецификации и функции
Уживајте во неверојатните детали на 4K HDR сликите со неверојатна реалистичност благодарение на Slim Backlight Drive+ и моќниот 4K HDR Processor X1™ Extreme. Совршено дизајниран за на вашиот ѕид, со извонредно тенок профил и носач кој се врти.
  • Достапни во големина од 139 см (55"), 164 см (65"), 189 cm (75”)

  • Висок динамички опсег 4K

  • X1_BMDIcons_ReadyForDelivery

    4K HDR Processor X1™ Extreme

  • Slim Backlight Drive+

  • Android TV™

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичното задно осветлување овозможува подобрена енергетска ефикасност со прилагодување на задното осветлување како што се менува содржината на сликите

  • Режимот за заштеда на енергија овозможува заштеда на енергија со прилагодување на светлината на задното осветлување

  • Режимот за исклучување на задното осветлување овозможува да се заштеди енергија така што ја исклучува сликата со исклучување на екранот на LCD панелот, како и со исклучување на задното осветлување