XE80| LED| 4K Ultra HD | Висок динамички опсег(HDR)| Паметен телевизор(Android TV)
108 см (43”)|123 см (49'')|139 см (55")|silverblack
XE80| LED| 4K Ultra HD | Висок динамички опсег(HDR)| Паметен телевизор(Android TV)
TRILUMINOS™ екран
Гледајте живописни и реални бои околу вас. TRILUMINOS екранот користи поширока палета на бои и ги репродуцира реалистично сите тонови и нијанси од палетата.
4K X-Reality™ PRO
Технологијата 4K X-Reality PRO ги подобрува сите точки за да добиете неверојатна острина. Точките од различни кадри се анализираат, а сликите се изоструваат и подобруваат во реално време. Погледнете како се зголемуваат деталите на зградите и дрвјата.
Искористете максимум од просторот со минимизирање на каблите. Овој тенок телевизор има тенка алуминиумска рамка на рабовите за да изгледа прекрасно и да се вклопи беспрекорно во секој животен простор. Паметното организирање на каблите овозможува криење на каблите на предната и задната страна.
Пронајдете ја сета забава за која сте сонувале - само изговорете и добијте ја веднаш. Овој 4K Android TV™ има далечински управувач за гласовна контрола и може веднаш да ви прикаже филмови и серии преку апликации или емитувања.
Netflix ви нуди едноставен начин да препознавате телевизори со подобри перформанси, полесен пристап до апликации и нови функции. Со Netflix Recommended TV ќе уживате во популарни серии и филмови со наменско копче и гласовна контрола.
Дали имате прашања за поставувањето и користењето на вашиот телевизор? Или, пак, како да го поврзете со друга опрема. Нашите видео водичи ќе ви објаснат сè чекор по чекор.
ЗОШТО ТЕЛЕВИЗОРИТЕ ОД SONY СЕ ТОЛКУ ПОСЕБНИ
Спецификации и функции
Дизајн со кој се води грижа за животната средина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.
Прочитајте повеќеЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот