Прескокни до содржина

WE66

Возбудлива забава, неверојатно јасна слика

ТЕЛЕВИЗОРИ

WE66 | LED | Full HD | Висок динамички опсег (HDR) | Паметен телевизор

WE660 / WE663 / WE665 Series

Слика од WE66 FULL HD HDR ТЕЛЕВИЗОР со копче за YouTube

102 см (40")|123 см (49'')

A+Енергетска ознака и информации за производ

6mодели

Најдобри карактеристики

Пристапете веднаш до YouTube™ со едно кликнување

Одете директно на YouTube и уживајте во сите омилени видеоснимки. YouTube функционира брзо како никогаш досега на овој телевизор со поддршка за интернет и далечински управувач со копче за YouTube за лесно пребарување.

Висок динамички опсег

Прекрасни светли тонови и текстури

Висок динамички опсег

Со високиот динамички опсег (HDR) се зачувуваат деталите што се губат во најтемните и најсветлите површини на сликата. Погледнете ги текстурите на блескавото метално крило на авинот и рефлексијата на сончевите зраци од трупот на авионот.

Поголема јасност, повеќе детали, поголемо воодушевување

Full High Definition

Уживајте во исклучителни детали и текстури на овој Full HD телевизор. Сите содржини што ги гледате ќе бидат подобрени, со минимален шум и максимална привлечност. Погледнете ја разликата кај зградите и морските пејзажи.

Full High Definition
X-Reality™ PRO

Одново откријте го секој детаљ

X-Reality™ PRO

Технологијата за X-Reality PRO ги подобрува сите точки за да добиете исклучителна јасност. Сцените се споредуваат со база на податоци за подобрување на сликите и намалување на шумот. Површините на зградите и бродовите се подобруваат со врвни детали.

Создадени за слушање

ClearAudio+

Направете го слушањето реалистично како и гледањето. ClearAudio+ го прилагодува звукот од телевизорот за добивање на прекрасно и емотивно доживување што ќе ве опкружи. Слушајте музика и дијалог со поголема острина и отсечност, независно што гледате.

ClearAudio+

Гледајте повеќе слики и помалку кабли

Гледајте без пречки. Тенката рамка со завршна обработка со изглед на алуминиум ќе ви го насочи вниманието кон екранот. Каблите се скриени пред и зад држачот за да се добие чист и уреден изглед.

Спецификации
Забавувајте се со неверојатно детални Full HD слики, подобрени со волшебното зголемување на резолуцијата со X-Reality™ PRO. Благодарение на пристапот до YouTube преку едно копче, можете многу брзо да најдете забавни содржини. Сите спецификации ќе бидат достапни наскоро.
  • Достапни во големина од 102 см (40"), 123 см (49'')

  • D5_HDR

    Висок динамички опсег

  • Full HD резолуција (1920 x 1080)

  • X-Reality™ PRO

  • YouTube™ и многу повеќе

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

Прочитајте повеќе

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД

  • Контролата на динамичното задно осветлување овозможува подобрена енергетска ефикасност со прилагодување на задното осветлување како што се менува содржината на сликите

  • Режимот за заштеда на енергија овозможува заштеда на енергија со прилагодување на светлината на задното осветлување

  • Режимот за исклучување на задното осветлување овозможува да се заштеди енергија така што ја исклучува сликата со исклучување на екранот на LCD панелот, како и со исклучување на задното осветлување