Прескокни до содржина
Слика од BRAVIA звучници со безжичен сабвуфер
Слика од BRAVIA звучници со безжичен сабвуфер

Дизајнирани за бас

Сабвуфер создаден за BRAVIA®

Збогатете ги филмовите со богат и моќен бас. Безжичниот сабвуфер автоматски се прилагодува и ги избира најдобрите поставувања кај новите модели на BRAVIA®. Компактната и стилски изработена кутија се вклопува дискретно во секоја просторија.

Почувствувајте ја разликата

SWF-BR100 се одликува со извонреден дигитален засилувач од 100W, кој нуди неверојатна јасност и идеално ниво на моќ за системите со домашно кино. Кутијата е изработена од влакна со средна густина и дебелина од 18мм и му овозможува на звучникот да репродуцира богат и природен звук.

Конус од мика

Моќен звук, совршено прилагоден

Конусот со мика и пенеста структура во вид на саќе ги намалува изобличувањата и обезбедува бас со брз одзив, а сабвуферот врши автоматски прилагодувања на звукот што одговараат за секој модел на BRAVIA®.

Мал, едноставен, извонреден

Благодарение на неговата скромна големина, безжичниот сабвуфер може да се смести речиси насекаде, а вие ќе имате повеќе простор за да се опуштите и да уживате во басот.

Безжично поврзување на едноставен начин

За разлика од стандардните системи за домашно кино, безжичниот сабвуфер може лесно да се постави, во само три чекори кои воопшто не содржат рачни прилагодувања на звукот.

Поставување

Безжичен сабвуфер кој може да се постави насекаде – приклучете го во струја и почнете да слушате.

Поврзете

Брзо поврзување на безжичниот сабвуфер со телевизорот користејќи приклучок за слушалки и USB уред.

Уживајте

Напорната работа заврши, затоа земете го далечинскиот управувач и уживајте во филмови со моќен бас.

Доволно е само едно кликнување

Штом завршите со поставувањето, далечинскиот управувач на вашиот телевизор можете да го користите за да контролирате сè. Ако сакате рачно да ги прилагодите деталните поставувања на звукот, како што е релативното ниво на звук на сабвуферот, фреквенцијата на отсекување или фазата, тоа можете да го направите со вашиот стандарден далечински управувач.

Спецификации
  • Едноставно поставување со AC напојување

  • Дигитален засилувач од 100W

  • Работи на фреквенција од 5,2/5,8GHz

  • Контролирајте ја јачината на звукот на звучникот преку менито на вашиот телевизор

  • Компатибилен со модели на BRAVIA® од серија W/X од 2014 година

Што има во пакетот

Гарантен лист (во зависност од земјата), Аудио кабел (1 (моно)), Ознака во боја за картонската кутија, Безжичен предавател (UWT-BR100)

Дознајте повеќе за функциите за заштеда на енергија и нашата посветеност кон животната средина за поодржлива иднина Посетете го нашиот еко веб-сајт