Прескокни до содржина

7 недоволно познати музички фестивали

што мора да ги погледнете во животот

Ако сте зависник од музички фестивали, сигурно сте чуле за Coachella, најдобриот од музичките фестивали кои се одржуваат на огромни жештини во пустините во Indio, CA. Најверојатно го знаете и релаксираниот Sasquatch Festival во Washington, кој, покрај одличната музика, нуди и некои од најспектакуларните глетки на зајдисонцето кои можат да се замислат.

Сега кога доаѓа крајот на летото, дали завршува и сезоната на музички фестивали? Сè уште не!

Постојат неколку есенски музички фестивали кои вредат да ги земете предвид. Доколку барате нешто ново (и помалку прочуено), можеби ќе ве интересираат овие пет помалку прочуени музички фестивали за есента 2015 година кои се одржуваат низ целиот свет.

1. The Social Festival

Главни изведувачи:

Richie Hawtin, Seth Troxler, Jackmaster, Jamie Jones, Marco Carola, Monika Kruse, Joris Voorn, Nic Fanciulli.

Локација:

Кент, САД

Датуми:

12 септември 2015 година

Цена:

£45 за еден билет

На само еден час од Лондон, овој музички фестивал нуди поинтимно чувство за разлика од огромните фестивали. Веројатноста е многу поголема да застанете до омилениот изведувач на оддалеченост од 10 стапки, наместо да бидете заглавени 100 реда поназад. И да бидеме реални - кога плаќате да слушате музика во живо, би било пожелно и да го видите изведувачот.

The Social Festival стана партнер со локалната област Kent за помош при готвењето локално произведена храна (бидејќи ништо не оди подобро од добра музика со добра храна). Забавата на овој фестивал нуди многу повеќе од музички настапи. Има и забавен парк и пазарче за да се забавувате меѓу настапите!

2. Life is Beautiful

Главни изведувачи:

Stevie Wonder, Imagine Dragons, Kendrick Lamar, Duran Duran, Hozier, Weezer, Major Lazer, Death Cab for Cutie, Brandon Flowers, Kygo

Локација:

Лас Вегас

Датуми:

25-27 септември 2015 година

Цена:

$255 за 3-дневен стандарден влез

Life is Beautiful се одржува во срцето на центарот на Las Vegas и нуди некои од најголемите ѕвезди од врвот на светските топ листи (Stevie Wonder и Imagine Dragons!). Фестивалот се протега низ 11 блокови во градот и може да се пофали со четири огромни сцени, така што може да бидете сигурни дека ќе има забава. Неверојатната постава на изведувачи не е сè што овој музички фестивал може да ви го понуди. Љубители на храната, радувајте се! Кулинарското село нуди вкусни оброци од некои од врвните готвачи и ресторани во земјата. А доколку сте жедни, Alchemy Garden ќе ве послужи со неверојатни коктели, вина и пива

Извонредната музика и одличната храна се стандардни на популарните музички фестивали, но она што го прави овој фестивал навистина уникатен е The Learning Series, во која им се отстапува простор на општествените иноватори, бизнис лидери, активисти, технолози и уметници кои ја споделуваат нивната инспиративна цел за прекрасен животен стил.

3. Landmark Music Festival

Главни изведувачи:

Drake, The Strokes, alt-J, CHVRCHES, Ben Howard, Chromeo, Band of Horses, Miguel, The War on Drugs, TV on the Radio, George Ezra

Локација:

Washington, D.C.

Датуми:

26-27 септември 2015 година

Цена:

$200 за 2-дневен стандарден влез

Landmark Music Festival, кој се одржува во паркот West Potomac во Washington, D.C., е дел од националната кампања за подигнување на свеста и собирање средства за обновување на националниот трговски центар. Ете тоа е музички фестивал со добра цел!

Затоа, додека се забавувате со The Strokes, може да се чувствувате задоволни што придонесувате за обновувањето на националниот трговски центар, кој не бил реновиран 40 години.

4. Austin City Limits

Главни изведувачи:

Foo Fighters, Drake, The Strokes, Florence + the Machine, The Weeknd, Disclosure, DeadMau5, Bassnectar, alt-J, Hozier

Локација:

Austin, TX

Датуми:

2-4 октомври 2015 (првиот викенд) и 9-11 октомври 2015 (вториот викенд)

Цена:

$250 за 3-дневен стандарден влез

Austin City Limits (или ACL) е една од најголемите атракции кои Austin, Texas може да ги понуди, а оваа година ќе се одржува во два различни викенди. Фестивалот нуди неверојатна постава од над 140 различни групи и осум различни сцени.

Би сакале да напоменеме дека повеќето групи ќе настапуваат и во двата викенди, со исклучок на Strokes и Alabama Shakes (само првиот викенд) и Florence + the Machine и Modest Mouse (само вториот викенд).

5. Treasure Island

Главни изведувачи:

The National, DeadMau5, Robyn & La Bagatelle Magique, CHVRCHES, The War on Drugs, Azealia Banks, Father John Misty STS9, Run the Jewels, Panda Bear, Gorgon City

Локација:

Сан Франциско

Датуми:

17-18 октомври 2015 година

Цена:

$169,50 за 2-дневен стандарден влез

Доколку барате музички фестивал кој нуди поинтимно доживување, Treasure Island Music Festival (TIMF) е вистинскиот фестивал за вас. Со локација со капацитет од најмногу 15.000 лица, тој е еден од помалите музички фестивали - што значи помалку метеж и повеќе време за уживање во настапите на вашите омилени изведувачи.

Прашајте некој љубител на фестивали и тој ќе ви каже дека најлошиот дел од музичките фестивали е кога вашите два омилени изведувачи настапуваат истовремено. Одличното кај TIMF е тоа што има само две сцени. Кога настапот на Bridge Stage ќе заврши, појдете до Tunnel Stage за да го видите настапот на следната група. Нема да пропуштите ниту една нота.

6. Pitchfork Music Festival Paris

Главни изведувачи:

Beach House, Björk, Deerhunter, Ratatat, Run the Jewels

Локација:

Париз, Франција

Датуми:

29-31 октомври 2015 година

Цена:

€120 за 3-дневен стандарден влез

Paris Pitchfork Music Festival е извонредно место на кое можете да ги чуете сите ваши омилени музички жанрови, од техно до хаус музика, рок, па дури и акустичен поп, што ќе ги задоволи сите ваши музички потреби. Овој фестивал нуди разновидна понуда на изведувачи од целиот свет кои се независни и андерграунд. Како европски двојник на списанието од Chicago, Pitchfork Paris останува верен на селективниот и критички настроен музички вкус на списанието преку изборот на изведувачите кои ги кани да се качат на сцената.

Фестивалот ќе се одржи во Grande Halle de la Villette, поранешна кланица која е претворена во културен центар. Затоа дојдете, уживајте во културата и збогатете го вашиот музички вкус во едно од најисториските места во Париз.

7. Voodoo Music + Arts Experience

Главни изведувачи:

Florence + the Machine, Jack Ü, Modest Mouse, Alesso, Girl Talk, Ozzy Osbourne (со Geezer Butler, Tom Morello и Slash), Jane’s Addiction, Santigold, Zac Brown Band, deadmau5

Локација:

Њу Орлеанс

Датуми:

30 октомври – 1 ноември 2015 година

Цена:

$195 за 3-дневен стандарден влез

Комбинирајте ги најопседнатиот град во Америка и неколку извонредни песни и ќе добиете совршен викенд за денот на вештерките. Voodoo Fest навистина ја отсликува уникатната култура и морничавите вибрации на Њу Орлеанс. Овој музички фестивал нуди три различни сцени: Le Carnival - простор за уметнички изведби во кој се вбројуваат инди музиката, андерграунд бурлеските и циркуските точки; Le Flambeau - област посветена на локалната музичка сцена; и Le Ritual - сцената на која се појавуваат изведувачи познати на национално ниво и мејнстрим настапи.

Се подразбира дека за овој настан ќе ви биде потребен костим за денот на вештерките. Подгответе се за многу спонтани улични паради! Овој град никогаш не спие.