Ажурирање на фирмвер за верзијата 1.06 за WF-SP900 (Windows)
Го подобрува проблемот кога уредот е оневозможен по поврзување преку Bluetooth со уред со iOS 13
Модели на кои се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- WF-SP900
За ова преземање
Предности и подобрувања
- Го подобрува проблемот кога уредот е оневозможен по поврзување преку Bluetooth со уред со iOS 13
Претходни придобивки и подобрувања
- Го поправа проблемот кога звукот од десната слушалка се прекинува поради тоа како се носи
- Го поправа проблемот кога десната слушалка не се полни, дури и кога ќе се стави во кутијата
- Го решава проблемот со повремено полнење на слушалките
- Ги подобрува општите перформанси
- Го решава проблемот каде што, во ретки случаи, се прекинува звукот меѓу песните кога е воспоставено поврзување преку Bluetooth со приоритет на квалитетот на звукот
- Ја приспособува јачината на звукот на гласовното упатство
- Ја подобрува стабилноста
- Ја оптимизира јачината на звукот (само за Европа)
- Го поправа проблемот кога се ставаат слушалките во торбичката за полнење кога Bluetooth е поврзан, слушалките не се исклучени и батеријата се празни
- Го решава проблемот кога говорот можеби не се слуша од левата страна кога ќе се поврзе со паметен телефон
Системски побарувања
Оперативни системи
Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со најчесто користените верзии на Microsoft Windows:
- Windows 10
- Windows 8.1
ВАЖНО: не е поддржано од други оперативни системи освен од горенаведените.
Забелешка: не е поддржано во режимот на компатибилност со Windows XP.
Информации за датотеката
Име на датотека
- Ажурирање на фирмвер за верзијата 1.06 за WF-SP900 (Windows)
Верзија на датотека
- Верзија 1.06
Големина на датотека
- 47.2 MB (49,507,768 бајти)
Датум на издавање
- 06-08-2020
Подготовка
Проверете ја верзијата на фирмверот
Дали треба да го преземам? Ова ажурирање не е неопходно ако слушалките веќе се ажурирани на верзија на фирмверот 1.06 со функцијата за автоматско ажурирање фирмвер.
Ако не сте сигурни, лесно може да проверите која верзија на фирмвер ја имате:
- Поврзете ги слушалките со компјутерот преку торбичката за полнење (доставена).
- Во компјутерот, изберете ја датотеката „information.txt“ во папката [HEADSET].
- Датотеката „information.txt“ ги содржи следниве информации:
- 01: Име на моделот од серијата
- 02: Верзија на системскиот софтвер
Набрзо по ажурирањето на софтверот, информациите за претходната верзија пред ажурирањето се прикажуваат во „Information.txt“. За да ги добиете информациите за најновата верзија, извадете ја слушалката од торбичката за полнење и повторно ставете ја.
Пред да надградите
- По ажурирањето, фирмверот не може да се врати на претходна верзија.
- Пренесете ги сите податоци од уредот на компјутерот бидејќи податоците што остануваат на уредот може да се изгубат при ажурирањето.
Не можеме да гарантираме дека нумерите и податоците нема да се оштетат или избришат кога се врши ова ажурирање. - Кога надградувате, на уредот треба да има околу 100 MB слободен простор. Потврдете дека количината слободнен простор е доволна.
- Ако нема доволно слободен простор во вградената флеш-меморија, пренесете ги сите непотребни податоци на компјутерот за да го зголемите слободниот простор.
- За време на инсталацијата на оваа датотека, уверете се дека сте најавени како администратор или како корисник со администраторски права.
- За корисници на Windows 10 или корисници на Windows 8.1, се појавува пораката „Windows needs your permission to continue“ (На Windows му е потребна ваша дозвола за да продолжи) во дијалог-рамката User Account Control (Контрола на корисничка сметка). Кликнете [Continue] (Продолжи) за да продолжите и следете ги известувањата.
Преземање и инсталирање
Забелешка:
Ажурирањето на фирмверот на WF-SP900 може да се изврши само преку компјутер.
Ажурирањето на фирмверот не е достапно преку апликацијата „Sony | Headphones Connect“.
Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето
- Прочитајте ги и согласете се со одредбите и условите.
- Преземете ја датотеката на компјутерот.
- Откако преземањето ќе заврши, поврзете ги слушалките со компјутерот преку доставената торбичка за полнење.
- Исклучете ги сите активни софтвери на компјутерот
- Кликнете двапати на зачуваната датотека и следете ги упатствата на екранот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Додека системскиот софтвер се ажурира, имајте го предвид следново.- Не отворајте ја торбичката за полнење.
- Не отстранувајте ги уредите од торбичката за полнење.
- Кога ќе се појави пораката дека надградбата е завршена, кликнете на [Finish] (Заврши).
Чекор 2: Проверете дали ажурирањето е успешно
По ажурирањето, потврдете дека новата верзија се инсталирала успешно со извршување на чекорите во делот [Check the firmware version] (Проверете ја верзијата на фирмверот).
Ако прикажаната верзија на фирмверот е „1.06“, надградбата е успешна.