ИД на напис : 00232936 / Последна промена : 16.10.2019

Крај на поддршката за производи кои го користат оперативниот систем Windows 7

    Објавено на: 16 oктомври 2019

    Почитувани и ценети купувачи,

    Корпорацијата Microsoft® објави дека ќе ја прекинат нивната поддршка за оперативниот систем Windows® 7 на 14 Јануари 2020 година и од тој момент Microsoft нема повеќе да обезбедува безбедносни ажурирања, поправки и техничка поддршка.

    Според тоа, Sony нема да може повеќе да помага за нови технички или безбедносни проблеми или проблеми со квалитетот на нашите производи ако се поврзани со Windows 7, и нема да можеме да обезбедуваме безбедносни ажурирања, ниту да применуваме промени и потврдувања за нашите производи кои работат на Windows 7. Затоа имајте предвид дека е можно овие производи да не работат правилно или безбедно ако продолжите да ги користите со Windows 7.

    Одредени верзии се компатибилни со понови верзии на оперативниот систем Windows. Проверете ја страницата за поддршка за вашиот модел за информации за компатибилност и ажурирања за оперативниот систем Windows.

    Забелешка: Sony не може да обезбедува поддршка за нови технички или безбедносни проблеми или проблеми со квалитетот на нашите производи предизвикани од користење на постари верзии на оперативниот систем Windows, како што се Windows® 95, Windows® 98, Windows® Me, Windows® 2000, Windows® XP, Windows® Vista и други за коишто Microsoft веќе ја прекинал поддршката.