За ова преземање

За ова ажурирање (30/06/2011 г.)

Ви благодариме за постојаниот интерес за производите на Sony.

Sony секогаш се грижи за квалитетот и задоволството на корисниците, па затоа нуди ажурирање на фирмверот на верзија 1,17 за MHS-FS1 / FS1K / FS2 / FS2K и верзија 1,09 за фотоапарати MHS-FS3 / FS3K bloggie(tm) touch Mobile HD. Ве молиме проверете во делот „Преземање и инсталирање“ од оваа страница за информации како да го преземете и инсталирате ажурирањето на фирмверот.

Важно:

Ако имате некаков проблем со ажурирањето на фирмверот, Ве молиме контактирајте со Sony



Потврдете ја верзијата на Вашиот фотоапарат bloggie™ Mobile HD

Следете ги упатствата подолу за да ја проверите верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат bloggie™ Mobile HD

  1. Проверете дали фотоапаратот bloggie™ Mobile HD е исклучен.
  2. Притиснете го копчето „ON/OF (Вклучено/Исклучено)“(*1) и кога на екранот ќе се појави логото „bloggie“, притиснете го и држете го копчето „Movie“(*2).

  3. На фотоапаратот се прикажува верзијата на фирмверот веднаш до „Zoom bar (Лента за зумирање)“ околу 4 секунди.
    Местоположбата на верзијата на фирмверот на екранот се разликува во зависност од насоченоста на фотоапаратот како што е прикажано подолу.

  • За MHS-FS1 / FS1K / FS2 / FS2K:
    • Ако верзијата на фирмверот е верзија 1,17 или повисока, не е потребно ажурирање.
    • Доколку верзијата на фирмверот е 1,16 или пониска, тогаш треба да извршите ажурирање на фирмверот.
  • За MHS-FS3 / FS3K:
    • Ако верзијата на фирмверот е верзија 1,09 или повисока, не е потребно ажурирање.
    • Доколку верзијата на фирмверот е 1,07 или пониска, тогаш треба да извршите ажурирање на фирмверот.

Модели на кои се однесува

  • MHS-FS1 / FS1K / FS2 / FS2K со верзија на фирмвер 1,16 или пониска
  • MHS-FS3 / FS3K со верзија на фирмвер 1,07 или пониска

Подобрувања

Оваа услужна програма го ажурира фирмверот MHS-FS1 / FS1K / FS2 / FS2K на верзијата 1,17 и фирмверот MHS- FS3 / FS3K на верзијата 1,09 ги обезбедува следниве предности:

Кога се надградува фирмверот MHS-FS1 / FS1K / FS2 / FS2K од верзијата FW 1,15 на верзијата FW 1,16 или фирмверот MHS- FS3 / FS3K од верзијата FW 1,06 на верзијата FW 1,07:

  • Подобрување на компатибилноста на датотеките
  • Подобрување на ХДМИ-поврзувањето

Кога се надградува фирмверот MHS-FS1 / FS1K / FS2 / FS2K од верзијата FW 1,16 на верзијата FW 1,17 или фирмверот MHS- FS3 / FS3K од верзијата FW 1,07 на верзијата FW 1,09:

  • Подобрување на корисничкиот интерфејс


Инсталирај

Важни забелешки:

  • Пред да се изврши ажуриарање на фирмверот, проверете дали фотоапаратот bloggie™ Mobile HD е целосно наполнет.

Чекор 1: преземете го ажурирањето на фирмверот

  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. Мора да ги прифатите условите од Договорот за лиценца за краен корисник на дното од страницата. Откако ќе го прочитате овој договор, кликнете во полето за избор „Го прочитав одрекувањето од одговорност и се согласувам со условите и одредбите.“ коешто се наоѓа во областа за преземање што одговара на моделот на Вашиот фотоапарат.
  3. Кликнете на стрелката за преземање.
  4. Ќе започне преземањето на датотеката [MHS-FS1.bin] или [MHS-FS2.bin] или [MHS-FS3.bin] (во зависност од моделот на фотоапаратот).
  5. Зачувајте ја датотеката на работната површина од компјутерот (препорачано).

Чекор 2: Поврзете го фотоапаратот bloggie™ Mobile HD на компјутерот со приложениот УСБ-кабел како поддршка за поврзување

За Windows:

  1. Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот УСБ-кабел како поддршка за поврзување.
    На ЛЦД-екранот се прикажува "USB Mode / Mass Storage (УСБ-режим/Масовно чување)".



  2. Компјутерот ќе препознае две податочни единици како што следи:

    Забелешка: буквите на податочните единици можат да бидат различни во зависност од компјутерското опкружување.
    • "BLOGGIE(D:)"
    • "Bloggie Software(E:)" или "BLOGGIE_SW(E:)"

    Забелешка: ако "LUN Settings (LUN-поставки)" (сместени во bloggie™ во (Settings (Поставки)) --> [LUN Settings (LUN-поставки]) е поставено на "Single (Единечно)", компјутерот ќе препознае само една податочна единица како што следи:
    • "BLOGGIE(D:)"


За Mac OS:

  1. Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот УСБ-кабел како поддршка за поврзување.
    На ЛЦД-екранот се прикажува "USB Mode / Mass Storage (УСБ-режим/Масовно чување)".



  2. Компјутерот ќе препознае две податочни единици како што следи:
    • "BLOGGIE"
    • "BLOGGIE_SW"

    Забелешка: ако "LUN Settings (LUN-поставки)" (сместени во bloggie™ во (Settings (Поставки)) --> [LUN Settings (LUN-поставки]) е поставено на "Single (Единечно)", компјутерот ќе препознае само една податочна единица како што следи:
    • "BLOGGIE"

Чекор 3: Копирајте го фирмверот во внатрешната меморија на фотоапаратот bloggie™ Mobile HD

За Windows:

    • Ако компјутерот препознал 2 податочни единици на Чекор 2:
      1. Кликнете двапати на податочната единица со најмала буква на податочна единица.
        („BLOGGIE(D:)“ во примерот даден во Чекор 2)
        Забелешка: буквите на податочните единици можат да бидат различни во зависност од компјутерското опкружување.
      2. Копирајте ја преземената датотека „MHS-FS1.bin“ или „MHS-FS2.bin“ (во зависност од моделот на фотоапаратот) од работната површина на компјутерот во таа податочна единица.
    • Ако компјутерот препознал само 1 податочна единица на Чекор 2:
      1. Кликнете двапати на препознатата податочна единица.
        („Bloggie(D:)“ во примерот даден во Чекор 2)
      2. Копирајте ја преземената датотека „MHS-FS1.bin“ или „MHS-FS2.bin“ (во зависност од моделот на фотоапаратот) од работната површина на компјутерот во таа податочна единица.
  1. Исклучете го фотоапаратот од компјутерот според следнава постапка:
    1. Кликнете двапати на прозорецот со задачи.



    2. Кликенете (USB Mass Storage Device (Уред за масовно УСБ-чување)) --> [Stop].
    3. Потврдете го уредот во прозорецот за потврдување, а потоа кликнете [OK].
    4. Кликнете [OK].
    5. Уредот е исклучен.

      Забелешка: Чекор 4 е непотребен за Windows XP.
  2. исклучете го УСБ-кабелот за поддршка за поврзување од фотоапаратот.


За Mac OS:

    • Ако компјутерот препознал 2 податочни единици на Чекор 2:
      1. Кликнете двапати на податочната единица означена како „BLOGGIE“.
      2. Копирајте ја преземената датотека „MHS-FS1.bin“ или „MHS-FS2.bin“ (во зависност од моделот на фотоапаратот) од работната површина на компјутерот во таа податочна единица.
    • Ако компјутерот препознал само 1 податочна единица на Чекор 2:
      1. Кликнете двапати на препознатата податочна единица.
      2. Копирајте ја преземената датотека „MHS-FS1.bin“ или „MHS-FS2.bin“ (во зависност од моделот на фотоапаратот) од работната површина на компјутерот во таа податочна единица.
  1. Исклучете го фотоапаратот од компјутерот според следнава постапка:
    • Повлечете ја па спуштете ја иконата од податочната единица во иконата "Trash (Смет)".
  2. исклучете го УСБ-кабелот за поддршка за поврзување од фотоапаратот.


Чекор 4: Стартувајте го ажурирањето на фирмверот

  1. Потврдете дека иконата за батеријата во горниот десен агол на ЛЦД-екранот е полна.
  2. Исклучете го фотоапаратот со притискање на копчето "ON/OFF (Вклучено/исклучено)".
  3. Притиснете го копчето "ON/OFF (Вклучено/исклучено)" повторно за да го вклучите фотоапаратот.
  4. Ажурирањето на фирмверот ќе започне автоматски.
  5. На ЛЦД-екранот ќе се појави анимирана порака како што е прикажано подолу.



  6. Фотоапаратот автоматски ќе се исклучи по 30 секунди.

    Забелешка: Не исклучувајте го фотоапаратот додека се ажурира фирмверот или фотоапаратот може да се оштети.

Чекор 5: Проверете дали Вашиот фотоапарат bloggie™ Mobile HD работи правилно и потврдете ја верзијата на фирмверот

  1. Вклучете го фотоапаратот и потврдете дека системот стартува правилно.
  2. Проверете дали верзијата на фирмверот е 1,17 (за MHS-FS1 / FS1K / FS2 / FS2K) или 1,09 (MHS-FS3 / FS3K) следејќи ја постапката опишана на горниот дел од страницата во делот „About this update (За ова ажурирање).


Забелешка:

Ако фотоапаратот не се стартува по ажурирањето на фимверот, Ве молиме контактирајте со Sony

Информации за датотеката

Име на датотека

  • MHS-FS3.bin