Прескокни до содржина

Извлечете го најдоброто од фотоапаратот ILCE-3000

Нудиме бесплатна обука за купувачите на ILCE-3000. Овде ќе најдете видеозаписи од упатствата што даваат објаснување како да го искористите фотоапаратот до максимум.
Обуката опфаќа широк опсег на теми, од "Приказ на главните функции на фотоапаратот" до "Снимете впечатливи видеозаписи од омилените субјекти".
За да ја искористите видеообуката за ILCE-3000, регистрирајте се. Создадете лична најава со помош на следниов код за ваучер: A3000-SL4Y56.



Опфатени се следниве субјекти:

  • Вовед: Добредојдовте во вашиот курс за обука за фотоапаратот ILCE-3000
  • Брз почеток: Добивате приказ на главните функции на фотоапаратот
  • Принципи на експозицијата: Ги учите трите основни работи за експозицијата
  • Режими на експозицијата: Научете како да играте со длабочината на полето и движењето
  • Фотографирање потрети: Уживајте со дополнителните функции на фотоапаратот за да извлечете максимум од потретите
  • Фотографирање пејзажи: Сликајте пејзажни фотографии или опфатете широки сцени со проширена панорама
  • Фотографирање одблиску: Откријте ја убавината на малите нешта околу вас
  • Фотографирање со блиц: Научете за фотографирањето со блиц
  • Корекција на експозицијата: Корегирајте ја лесно осветленоста на фотографијата
  • Баланс на белата боја: Приспособете го или променете го тонот на бојата на фотографиите при различни услови на осветлување
  • Режим на видеозапис: Снимете впечатливи видеозаписи од омилените субјекти