Разбирање на дигиталното аудио - сеопфатен водич
Ве буни јазикот со кој се опишува аудио-опремата? Ние направивме краток водич кој ќе ви помогне.
Основата: како се снима дигитално аудио
Поради тоа што звукот во реалноста постојано се разликува, дигиталното снимање секогаш е приближно на полниот опсег на звуци околу нас. Меѓутоа, напредокот во технологијата за снимање постојано ги проширува опсегот и прецизноста на она што може дигитално да се снима.
Кога се прави дигитална снимка од аналоген извор - како концерт во живо или музичари кои снимаат во студио - се зема звукот во редовни интервали. Амплитудата на звукот се снима како број, создава дигитален запис од аналоген аудиоизвор како низа од промислени броеви.
Колку од изворниот аналоген звук ќе се долови со дигиталната снимка зависи, главно, од стапката на семплирање и длабочината на битови (колку примероци се земени во секунда и колку информации содржи секој од примероците).
Зачувување и складирање на дигиталното аудио
Штом ќе биде направена дигитална снимка, може да се складира во повеќе различни формати. Секој формат на различен начин го урамнотежува квалитетот на звукот со големината на дигиталната датотека што се создава: снимките со исклучително висок квалитет во минатото се покажале како непрактични во мали музички плеери, на пример.
Но поради тоа што дигиталното складирање е сѐ подостапно со преносливите уреди кои имаат многу гигабајти простор за складирање, дигиталното аудио со многу висок квалитет стана практична реалност за милиони луѓе.
Сеопфатен водич за аудиоможности
5.1-канален
Скратено за 5.1-канален; начин на обезбедување опкружувачки звук за да имате искуство како да сте во сала. Пет звучника, плус сабвуфер се поставуваат околу слушателот, а секој од нив прима различен канал на следниов начин:
- Два предни канали
- Еден преден централен канал
- Два „опкружувачки“ канали
- Еден канал со ефекти во ниска фреквенција (LFE)
Сабвуферот кој го прима каналот LFE може да се постави каде било во собата. Во споредба со систем за опкружувачки звук без сабвуфер, ова заштедува простор: поради тоа што сите ниски фреквенции се праќаат до сабвуферот, па другите звучници може да бидат помали затоа што нема потреба да произведуваат бас. Види и 7.1-канален
7.1-канален
7.1-каналниот систем за опкружувачки звук користи 7 звучника, плус сабвуфер. Сличен е на 5.1-каналниот систем, со два дополнителни канали кои „опкружуваат одзади“.
Аналогно
Аналогната снимка го складира изворниот звук, така што прави промени на физички медиум како магнетна лента или винилен запис. Ова се разликува од начинот на кој се прави дигитална снимка.
Длабочина на бит
Длабочината на бит кај дигиталната снимка опишува колку цифри се користат за складирање на секој примерок од аналоген сигнал. Стандардна длабочина на бит за CD-аудио е 16, со стапка на семплирање од 44,1 kHz – тоа значи дека се земаат 44.100 примероци во секунда, а секој примерок содржи информации од 16 бита. Општо земено, поголемата длабочина означува поголем квалитет на звукот, но и поголема датотека
Аудиото со висока резолуција има длабочина на бит од најмалку 24 бита, со стапка на семплирање до 96 kHz или повеќе.
Кодек
Тоа е кога звукот поминува дигитално преку кодер/декодер или скратено „кодек“. Тој е софтверски или хардверски уред кој аналогниот звучен сигнал го „кодира“ во дигитален формат кој може да се складира електронски. Кога ќе се репродуцира аудиото, кодекот ќе ја „декодира“ дигиталната датотека за да се произведе звук.
Секој аудио кодек има различен метод на кодирање на аналогниот сигнал, така што секој има различни предности и недостатоци кога се работи за складирање и репродуцирање на звукот.
Компресија
Правењето дигитална аудиоснимка може да доведе до големи датотеки, што ја ограничува практичната употреба на технологијата – на пример, колку песни ќе собере на дигитален музички плеер. Поради таа причина повеќето формати на аудиодатотеки користат некој облик на компресија со која се отстрануваат одредени звучни информации за да се намали величината на складираната датотека.
Начинот на кој се компримира и декомпримира звукот кога се репродуцира, влијае на конечниот звук што го слушате. Форматите на датотеки каде што се губат информациите се викаат датотеки со загуба на квалитет. Форматите на датотеки што ги задржуваат сите звучни информации и дозволуваат тие да се реконструираат при репродукцијата се викаат датотеки без загуба на квалитет.
Дигитално
За разлика од аналогната снимка, дигиталната го менува звукот во низа броеви кои може електронски да се складираат (на пример на CD или на хард диск), а потоа да се конвертираат повторно во звук при репродукција. MP3 е популарен формат на дигитална датотека.
Dolby Digital
Стандарден формат на аудио со загуба на квалитет кој се користи за DVD, но и како основен формат за Blu-ray. Иако е формат со загуба на квалитет, сепак е доволно добар за користење во кино. Во споредба со Дигиталниот опкружувачки звук на DTS квалитетот на звукот е помал, но поголемата стапка на компресија значи и дека датотеките се помали, па Dolby Digital повеќе се користи.
Dolby True HD
Формат на компримирано аудио без загуба на квалитет , сличен на DTS Master Audio. Двата се изборни звучни формати за Blu-ray Disc.
DSD (Direct Stream Digital)
Direct Stream Digital (DSD) е метод на дигитално снимање со исклучително висока стапка на семплирање, поголема од онаа на аудиото со висока резолуција и 64-128 повисока од CD-аудио. За некои звучни инженери тоа е најблиску што може дигиталната датотека да дојде до оригиналниот аналоген извор. Некои модели на Sony со аудио со висока резолуција може да репродуцираат аудио во форматот DSD.
DSEE HX
Digital Sound Enhancement Engine (DSEE) HX е уникатна технологија на Sony за зголемување на резолуцијата. Кога се репродуцира дигитално аудио во компримиран формат, DSEE HX ги заменува изгубените високи фреквенции во реално време, давајќи квалитет на звук приближен на оној со висока резолуција. Аудиото што се репродуцира со опрема за DSEE HX се засилува за да имате чувство дека се наоѓате во студиото за снимање или на концерт.
Дигитален опкружувачки звук на DTS
Стандарден формат на аудио со загуба на квалитет кој се користи за DVD, но и како основен формат за Blu-ray. Во споредба со Dolby Digital Дигиталниот опкружувачки звук на DTS има подобар квалитет на звук, но се користи поретко затоа што произведува поголеми датотеки.
DTS Master Audio
Формат на компримирано аудио без загуба на квалитет, сличен на Dolby True HD. Двата се изборни звучни формати за Blu-ray Disc.
Аудио со висока резолуција
Аудиото со висока резолуција типично се однесува на дигитални снимки со стапка на семплирање од 96 kHz/24 бита или повеќе. Со тоа се добива квалитет на звук кој е повисок од оној на CD или MP3-снимки – стандардниот CD-формат на аудио се семплира на 44,1 kHz/16 бита.
Кога ќе го видите логото за аудио со висока резолуција на производ на Sony, ќе знаете дека производот е дизајниран за максимална звучна изведба на аудио со висока резолуција. Од преносни музички плеери до слушалки, звучници и целосни системи за домашно кино, може да поставите целосен систем на аудио со висока резолуција од Sony.
Дознајте повеќе за аудиото со висока резолуција
LDAC
LDAC е аудио-кодек од Sony кој овозможува да уживате во безжично аудио со висок квалитет преку поврзување со Bluetooth.
Кога се предава аудио преку Bluetooth, обично се користи стандарден кодек Bluetooth SBC што може да резултира со загуба на квалитетот. LDAC предава трипати повеќе податоци од кодекот SBC , одржувајќи го аудиото со висок квалитет преку Bluetooth и давајќи засилено безжично искуство во слушањето на вашата музика.
LFE
Каналот со ефекти со мала фреквенција (LFE) е одделен аудиозапис што се користи за звуци со мала висина од околу 3 Hz до 120 Hz – како ниски ефекти со звук на грмење во филмски звучни записи. Во систем со опкружувачки звук, овој канал обично се испраќа до сабвуферот.
Без загуба на квалитет
Аудиоформатите без загуба на квалитет го складираат дигиталното аудио на начин кој или ги задржува сите изворни звучни дигитални информации или овозможува тие да се реконструираат при репродукцијата. Формати на аудио без загуба на квалитет се:
- DSD (DFF)
- DSD (DSF)
- WAV
- AIFF
- FLAC
- ALAC
Со загуба на квалитет
Форматот на аудио со загуба на квалитет брише некои информации од изворната дигитална снимка со цел да зачува простор во обид да зачува што е можно поголем квалитет на звук од изворниот при репродукција на снимката. Секој од форматите дава различна рамнотежа помеѓу компресијаза да се заштеди простор и задржување на информациите за да се зачува квалитетот на звукот.
Формати на аудио со загуба на квалитет се:
LPCM
Линеарната импулсна кодна модулација (LPCM) е основата на дигиталното снимање звук. Аналогниот сигнал се семплира во редовни интервали, а неговата амплитуда се запишува како точна на дигитална скала. Поради тоа што нема процесирање или компримирање на податоците, квалитетот на звукот може да биде висок како кај професионалните студиски мастери – меѓутоа, се произведуваат многу големи датотеки, па така LPCM не е практичен за секојдневна употреба.
Стапката на семплирање ја одредува прецизноста на изворното дигитално проследување
S-Master HX
Дигитална технологија на засилување на Sony, развиена единствено за аудио со висока резолуција за да се намали изобличување и шумот во пошироки опсези на фреквенции. Поради тоа што S-Master директно ги засилува дигиталните сигнали, а не ги конвертира прво во аналогни, ја задржува чистотата на изворниот сигнал за поверодостојна репродукција.
SA-CD
Супер аудио CD е формат на снимање развиен од Sony за снимање звук во формат DSD, надминувајќи го динамичниот опсег што може да се долови на CD. Динамичниот опсег на аудио од стандардно CD е 96 db, а оној на SA-CD е 120 db. Стапката на семплирање на SA-CD е 2,8 MHz, 64 пати поголема од онаа на стандардно CD.
За разлика од аудиото од нормално CD, SA-CD поддржува 5.1-канален опкружувачки звук како и 2-канален (стерео) звук. Аудиото на SA-CD се кодира со цел заштита од умножување, што значи дека може да се репродуцира преку аналогни, HDMI или i-Link излезни кабли, но не преку оптички или коаксијални кабли.
Стапка на семплирање
Кога се прави дигитална снимка од аналоген извор, стапката на семплирање е временскиот интервал помеѓу примероците и колку е повисока толку помалку е пропуштено. CD-аудиото на пример има стандардна стапка на семплирање од 44,1 kHz, што значи дека во секоја секунда се земаат 44.100 примероци.
Општо земено, повисоката стапка на семплирање означува снимка со повисок квалитет. Аудиото со висока резолуција има стапка на семплирање од 96 kHz или повеќе и длабочина на бит од најмалку 24 бита.
SBC
Стандарден аудио-кодек за предавање дигитално аудио преку Bluetooth. Поради тоа што SBC е дизајниран за приоритетна, ефикасна употреба на бранова должина пред квалитет на звукот, не е идеален за предавање аудио со висок квалитет. LDAC на Sony пренесува три пати повеќе податоци од SBC, дозволувајќи аудио со висок квалитет да се предава преку Bluetooth.
Сабвуфер
Во 5.1-канален или 7.1-канален систем на опкружувачки звук, сабвуферот е звучник кој репродуцира само звуци со ниска фреквенција или назначениот канал за LFE. Поради тоа што нашиот слух не може лесно да познае од која насока доаѓаат ниските фреквенции, сабвуферот може да се постави каде било во собата.
Поради тоа што сите ниски фреквенции се праќаат до сабвуферот, другите звучници може да бидат помали – така целиот систем ќе зафаќа помалку простор.
Опкружувачки звук
Системите со 5.1-канален и 7.1-канален опкружувачки звук се системи за испраќање одделни аудиоканали до звучниците кои се поставени околу слушателот за побогато искуство во слушањето. Ознаката .1 се однесува на употребата на сабвуфер како дополнителен звучник со ниска фреквенција.
Зголемување на резолуцијата
Кога се репродуцира дигитална аудио снимка во формат со загуба на квалитет , понекогаш е можно да се пополнат некои „празнини“ во изворниот звук со математичко проценување каде што требало да биде изворната информација. Ова се нарекува „зголемување на резолуцијата“ затоа што може да го засили звукот на снимките со понизок квалитет за да се даде приближно аудио со висок квалитет.
Единствениот алгоритам DSEE HX на Sony ја зголемува резолуцијата на постоечките извори на звук до квалитет на звук приближен на аудиото со висока резолуција.