Белешки за поврзување на интернет со производи произведени од Sony
Кога поврзувате производ произведен од Sony, како што е телевизор или Blu-ray снимач, на интернет, користете насочувач за да го поврзете или поврзете го производот на LAN-приклучок со функција за насочувач.
-
Жичано/Безжично поврзување преку насочувач
[А]: LAN-порта на ѕидот
[B]: LAN-кабел
[C]: Насочувач (со функција за конверзија на IP што функционира како преклопник)
[D]: Безжичен LAN -
Поврзување на LAN-порта (*1) со функција за насочувач
[А]: LAN-порта на ѕидот
[B]: LAN-кабел
Ако се појави безбедносен проблем, можеби производот е заразен со злонамерен софтвер што претставува ризик за кражба или фалсификување на лични информации или содржина. Покрај тоа, ако уредот е заразен, може да предизвикате ненамерна штета на мрежните услуги.
*1 Проверете со администраторот или давателот на интернет-услуги за да одредите дали уредот за мрежни линии има функција на насочувач.