Информации за ажурирањето на софтверот Android™ 10 за моделите на Android TV™ од 2018 до 2020 година
ВАЖНО: овој напис се однесува само на одредени производи и/или оперативни системи. Погледнете го делот Опфатени производи и категории во овој напис.
За вашиот модел на Android TV е предвидено да започне големо ажурирање на софтверот при крајот на ноември 2023 година. Во овој напис се објаснуваат новите и подобрените функции, како и другите промени што се воведуваат со ова ажурирање.
Промени во менијата и интерфејсот
Промени во менијата со поставки
По ажурирањето, менијата со поставки ќе се наоѓаат на левата страна од екранот, а деталите за избраната содржина ќе се прикажуваат на десната страна.
Исто така, некои од имињата и локациите на поставките ќе бидат променети. На пример, по ажурирањето, името Device Preferences (Поставки за уредот) ќе биде променето во System (Систем).
Нови и подобрени функции
Living Decor (Декорација на домот)
Living Decor (Декорација на домот) е функција што овозможува вашиот телевизор да се користи како рамка за фотографии, часовник или да изгледа како дел од ентериерот. Living Decor (Декорација на домот) може да се стартува од списокот со апликации.
Timers & Clock (Тајмери и часовник)
Функцијата Alarms (Аларми) се додава во функциите на тајмерот и може да прикаже часовник на екранот на телевизорот. Timers & Clock (Тајмери и часовник) може да се стартува од списокот со апликации.
Забелешка: Кај OLED-моделите, за да се намали задржувањето на сликата, часовникот не може постојано да се прикажува.
Едноставна регистрација на канали и на USB HDD
- Едноставна регистрација на омилени канали и канали за снимање
- На далечинскиот управувач и од TV menu (ТВ-мени) користете го копчето со стрелка нагоре за лесно да ги регистрирате вашите омилени канали или да започнете со снимање на канал.
- Овозможено е додавање на опцијата Most Watched (Најгледани канали) во TV menu (ТВ-мени) и Guide (Водич)
Опцијата Most Watched (Најгледани канали) ќе биде додадена во TV menu (ТВ-мени) и Guide (Водич), и ќе ви овозможи да го изберете каналот и да ја прикажете листата на програми за каналот.
Забелешка: Ќе биде потребен одреден временски период за да се додаде опцијата Most Watched (Најгледани канали).
- На далечинскиот управувач и од TV menu (ТВ-мени) користете го копчето со стрелка нагоре за лесно да ги регистрирате вашите омилени канали или да започнете со снимање на канал.
- Едноставна регистрација на USB HDD
По ажурирањето, можете да регистрирате USB HDD што го користел друг телевизор или уред за снимање без претходно да го форматирате на компјутер.
LED-индикаторот се менува во Voice detection status (Статус на детектирање на гласот)
Поставките за LED-индикаторот се менуваат во сеопфатниот Voice detection status (Статус на детектирање на гласот). Можете и лесно да го вклучите или исклучите LED-светлото за гласовната функција.
- За телевизори со вграден микрофон: Тековната поставка Built-in MIC LED (LED-индикатор за вградениот микрофон) во LED indicator (LED-индикатор) е променета во Voice detection status (Статус на детектирање на гласот).
Патеката на менито е следното: Settings (Поставки) → System (Систем) → LED indicator (LED-индикатор) → Voice detection status (Статус на детектирање на гласот)
Само за серијата XH95 (55, 65, 75) и ZH8: По ажурирањето, можете да го исклучите LED-светлото за гласовната функција со оневозможување на Voice detection status (Статус на детектирање на гласот).
A: LED-светло за гласовната функција
Овозможена е контрола на звучник во вид на лента или на систем за домашно кино преку телевизорот (само за HT-A7000/A5000/A3000/A9)
Ако имате звучник во вид на лента (HT-A7000, HT-A5000, или HT-A3000) или систем за домашно кино (HT-A9), ќе може да ги користите следните функции:
- Можете лесно да ги поставите поставките за Wi-Fi на звучникот во вид на лента (поставките за Wi-Fi на звучникот во вид на лента се копираат од вашиот телевизор, така што не мора сами да ги поставувате).
- Елементите за поставување на HT-A7000/A5000/A9 ќе се прикажат од Quick Settings (Брзи поставки) и може да ги промените поставките на звучникот во вид на лента преку корисничкиот интерфејс на телевизорот.
- На екранот на телевизорот ќе се појават известувања за ажурирање на софтверот за HT-A7000/A5000/A3000/A9.
Додадена е апликацијата TV Control with Smart Speakers (Контролирање на ТВ со паметни звучници)
Апликацијата TV Control Setup with the Amazon Alexa (Поставки за контролирање на ТВ со Amazon Alexa) ќе се замени со апликацијата TV Control with Smart Speakers (Контролирање на ТВ со паметни звучници).
- Ако веќе сте ја користеле апликацијата TV Control Setup with the Amazon Alexa (Поставки за контролирање на ТВ со Amazon Alexa) за да го контролирате телевизорот: сè уште ќе можете да ја користите и ќе работи паралелно со новододадената апликација TV Control with Smart Speakers (Контролирање на ТВ со паметни звучници).
- Ако сакате да го поврзете вашиот телевизор со Amazon Alexa за прв пат: по ажурирањето, користете ја апликацијата TV Control with Smart Speakers (Контролирање на ТВ со паметни звучници).
Забелешка: Достапноста на оваа функција може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
Функции што ќе бидат отстранети
- Функцијата Restricted profile (Ограничен профил)
Функцијата Restricted profile (Ограничен профил) (Device Preferences (Поставки за уредот) → Security & restrictions (Безбедност и ограничувања)) нема да биде поддржана по ажурирањето.
Можете да ја користите функцијата Parental controls (Контроли за родителски надзор) за безбедно да уживате во апликациите и во услугите за проследување видео.
Како да поставите Parental controls (Контроли за родителски надзор)
- Функција BRAVIA Sync
По ажурирањето, опцијата Sync Menu повеќе нема да се прикажува во Quick Settings (Брзи поставки). За да контролирате уреди компатибилни со BRAVIA Sync преку телевизорот, на далечинскиот управувач, притиснете го копчето INPUT (за избор на влезен извор)за да го изберете уредот што сакате да го контролирате.
- Намалување на поддржаните јазици на Водичот за помош:
- Водичите за помош на каталонски, босански и казашки јазик повеќе нема да бидат поддржани. По ажурирањето, погледнете го Водичот за помош на англиски или на други јазици.
*Amazon и Alexa се заштитни знаци на компанијата Amazon.com, Inc. или на нејзините подружници.