Како да разликувате дали телевизорот е со Android или не е со Android
Нашата линија на Bravia телевизори може да се подели на две различни категории, телевизори со Android и телевизори без Android. За да одредите на која категорија припаѓа вашиот телевизор, одете до менито HOME (Почеток) на телевизорот и споредете со сликите дадени подолу.
Почетни екрани на телевизори со Android
Притиснете го копчето HOME (Почеток) на далечинскиот управувач за да пристапите до менито на почетниот екран.
|
Горна полица |
Полица со апликации |
почетниот екран (Android 8.0 Oreo) |
Почетен екран на телевизори без Android
Притиснете го копчето HOME (Почеток) на далечинскиот управувач за да пристапите до менито на почетниот екран.
|
Мени на почетниот екран (A) |
Мени на почетниот екран (B) |
БЕЛЕШКА: Почетните екрани на телевизорите без Android може да се разликуваат во зависност од моделите и достапните апликации.