Додавајте, подредувајте и бришете канали на лесен начин: Sony Channel Editor (Уредувач на канали од Sony)
ВАЖНО: овој напис се однесува само на одредени производи и/или оперативни системи. Подетални информации побарајте во Опфатени производи и категории.
Алатката Sony Channel Editor (Уредувач на канали од Sony) ви овозможува да го промените редоследот на списокот со канали преку компјутерот. Оваа алатка е практична и лесна за користење. Едноставно следете го процесот од 3 чекори:
- Преземете го списокот од телевизорот на USB-меморија
- Уредете го редоследот на списокот со канали на компјутерот
- Вчитајте го во телевизорот
Алатката, достапна за преземање на страницата за моделот на вашиот телевизор, е компатибилна со сите соодветни телевизори означени во овој напис.
Откако ќе ги совладате основните функции, зошто да не ги пробате и понапредните функции [English] кои ги може оваа алатка?
Се надеваме дека ќе ви се допадне новата алатка; уредувајте колку што сакате!
*Имајте го предвид следново: Алатката е достапна само на одредени јазици. Ако не е достапна на вашиот јазик, датотеката за преземање и алатката ќе бидат на англиски јазик.