Инсталирај

VAIO-модели на кои се однесува ажурирањето:
SVF11N1A4E; SVF11N1C5E; SVF11N1L2EB; SVF11N1L2EP; SVF11N1L2ES; SVF11N1L2RP; SVF11N1L2RS; SVF11N1M2ES; SVF11N1S2EB; SVF11N1S2ES; SVF11N1S2RS.

ВАЖНО ЗАБЕЛЕШКА – ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВА ПРЕД ДА ГО ПРЕЗЕМЕТЕ И ИНСТАЛИРАТЕ АЖУРИРАЊЕТО!
Доколку имате VAIO SVF11N1xx PC што е засегнат од проблемов и е поправан поради проблемот со прегревањето, препорачуваме внимателно да го прочитате известувањето за „Програма за бесплатна поправка на персоналните компјутери VAIO Fit 11A“ и да ги преземете неопходните чекори за поправка на вашиот компјутер. BIOS-ажурирањето R0250DE, R0260DE и поновите верзии ќе ја оневозможат функцијата за полнење на батеријата на комплетот батерии на засегнатиот компјутер. Имајте предвид дека, ако комплетот батерии на вашиот компјутер е поправен, неговата функција за полнење на батеријата нема да се измени по инсталирање на ажурирањето BIOS.

Што ќе направи ова ажурирање?

  • Тоа ја подобрува безбедноста за да се спречи ранливост на системот
  • Ја оневозможува функцијата за полнење на батеријата на компјутери што имаат проблеми со комплетот батерии

Упатства за инсталација на ажурирањето

  1. Уверете се дека вашиот VAIO PC е приклучен на наизменична струја (ако инсталацијата на BIOS се прекине поради прекин на напојувањето, компјутерот може да не работи правилно или воопшто да не функционира)
  2. Излезете од сите отворени програми
  3. Преземете го ова ажурирање и зачувајте го на вашиот хард диск
  4. Кога ќе заврши преземањето, лоцирајте ја преземената датотека EP0000601397.exe во локацијата што сте ја назначиле
  5. Кликнете двапати на EP0000601397.exe за да го активирате
  6. Следете ги упатствата на екранот
  7. Кога инсталацијата ќе заврши, компјутерот ќе се исклучи автоматски
  8. Откако ќе се исклучи компјутерот, почекајте 60 минути, па повторно вклучете го

Информации за датотеката

Име на датотека

  • EP0000601397.exe

Архитектура на датотека

  • 64 bit

Големина на датотека

  • 4.83 Mb

Датум на издавање

  • 16-99-2015