Модел на којшто се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- SRS-ZR5
Информации за ова преземање
Придобивки и подобрувања
- Ја подобрува безбедната комуникација
Претходни придобивки и подобрувања
Погледнете ги претходните придобивки и подобрувања
Информации за датотеката
Име на датотеката
- Ажурирање на фирмверот на SRS-ZR5 со верзијата 6.34
Верзија на датотеката
- 6.34
Големина на датотеката
- 162 MB (169 935 040 бајти)
Датум на издавање
- 26-04-2022
Подготовка
Проверете ја верзијата на фирмверот
Оваа услужна програма за ажурирање не е неопходна ако вашиот систем за звук веќе е ажуриран со верзијата 6.34 на фирмверот. Ако не сте сигурни, лесно може да проверите која верзија на фирмверот ја имате. Постојат два начина за проверка:
- Како да проверите преку апликацијата Sony | Music Center (SongPal).
- Поврзете го уредот на истата Wi-Fi-мрежа како и вашиот паметен телефон преку апликацијата Sony | Music Center (SongPal).
- Стартувајте ја апликацијата Sony | Music Center (SongPal) на паметниот телефон.
- На екранот Speaker & Group (Звучник и група), изберете го вашиот звучник.
- Изберете Settings (Поставки).
- На екранот Settings (Поставки), изберете Other Settings (Други поставки).
- На екранот Other Settings (Други поставки), проверете ја верзијата на фирмверот на звучникот.
- Како да проверите преку компјутер.
- Поврзете го уредот со компјутер преку LAN-кабел (не се испорачува).
Забелешка: Поврзете го звучникот директно со компјутерот преку LAN-кабелот. - Приклучете го кабелот за напојување со наизменична струја (испорачан) во адаптерот за наизменична струја (испорачан). Притиснете го копчето
(Вклучување/Режим на подготвеност) за да го вклучите напојувањето.
Забелешка: Почекајте индикаторот LINK да престане да трепка и да почне да свети во розова боја. - Прикажете го екранот за поставување мрежен уред од Sony на вашиот компјутер.
- Отворете интернет-пребарувач
- Внесете го следниот URL-линк во лентата за адреса: http://169.254.1.1
- Изберете јазик од Language Setup (Поставување јазик), ако се прикаже.
- На екранот Device Details (Податоци за уредот), ќе се прикаже Firmware Version (Верзија на фирмверот) (X.XX.X.XX).
Забелешка: Ставките Firmware Version (Верзија на фирмверот), Model Name (Име на моделот), Device Name (Име на уредот), Connection Type (Вид на поврзување), Internet Access (Пристап до интернет), SSID и Security Method (Безбедносен метод) се прикажуваат на овој екран.
Постојат 2 лесни начина за ажурирање на фирмверот на вашиот звучник:
Метод Што е потребно Зошто да го користите овој метод? Интернет / мрежа
(ПРЕПОРАЧАНО)
- кабел за етернет или безжичен рутер со кој ќе го поврзете звучникот на интернет
- Проверете дали вашиот звучник е поврзан со:
- активна интернет-врска
Го препорачуваме овој метод како најлесен и најбрз начин за ажурирање на фирмверот. USB-уред за складирање
- компјутер
- USB-уред за складирање
Ажурирајте го фирмверот на овој начин ако не може да се поврзете на интернет. Преземање и инсталирање
Интернет / мрежа
Ажурирањето на софтверот е достапно преку интернет (мрежа). Извршете ги следните чекори.
Забелешка: Не може да се изврши ажурирање со најновиот софтвер доколку уредот НЕ е поврзан на интернет (мрежа).
ВАЖНО: Уверете се дека уредот е приклучен во штекер преку USB-адаптер за наизменична струја пред да започнете со ажурирање.- Приклучување во штекер. Користете го USB-адаптерот за наизменична струја и испорачаниот микро USB-кабел за да го поврзете DC-влезот од 5 V на уредот со штекер.
Забелешка: ажурирањето на софтверот не може да се изврши кога се користи само напојувањето од батеријата. - Поврзете се на интернет (мрежа)
- Поврзување преку апликацијата Sony | Music Center (SongPal) на мобилниот уред
- Поврзување преку Wi-Fi Protected Setup (WPS)
- Поврзување преку компјутер
Забелешка: Повеќе информации побарајте во прирачникот со инструкции за производот.
- Ако звучникот е вклучен, притиснете го копчето
(Вклучување/Режим на подготвеност) за да го исклучите.
- Целосно вметнете го кабелот за напојување со наизменична струја со адаптерот за наизменична струја во штекер.
Забелешка: Ажурирањето на софтверот не може да се изврши кога уредот се напојува само преку батеријата. - Притиснете го копчето
(Вклучување/Режим на подготвеност) за да го вклучите напојувањето.
- Почекајте индикаторот LINK да престане да трепка и да почне да свети во портокалова боја. Копчето UPDATE/WPS засветува кога има ажурирање за софтверот.
- Допрете и задржете го копчето UPDATE/WPS сè додека не слушнете звучен сигнал. Кога ќе започне ажурирањето на софтверот, копчето UPDATE/WPS ќе почне да трепка.
Забелешка: Звучникот не е во функција додека се врши ажурирање. - Трепкањето (интервал и состојба) на копчето UPDATE/WPS се менува за време на постапката за ажурирање
- Копчето UPDATE/WPS ќе се исклучи и звучникот автоматски ќе се префрли во режим на подготвеност или режим на подготвеност за BLUETOOTH/Мрежа откако ќе заврши ажурирањето
- Проверете ја верзијата со следење на чекорите опишани во Проверете ја верзијата на фирмверот за да потврдите дали ажурирањето е успешно.
Прашања и одговори
Дали сите функциски LED-индикатори светат?
Ажурирањето на софтверот не успеа. Притиснете го копчето
(Вклучување/Режим на подготвеност) за да го исклучите звучникот, а потоа повторно вклучете го. Проверете дали звучникот е поврзан на интернет и дали свети копчето UPDATE/WPS, а потоа повторно започнете со ажурирање.
Копчето UPDATE продолжува да свети во портокалова боја.
Ажурирањето на софтверот не успеа. Можете да го ажурирате фирмверот на вашиот систем за звук преку USB-флеш уред.
Индикаторот
ќе трепка во црвена боја, а копчето UPDATE/WPS ќе трепка во портокалова боја.Ажурирањето на софтверот не успеа. Можете да го ажурирате фирмверот на вашиот систем за звук преку USB-флеш уред.
USB
Поддржани оперативни системи:
- Windows 10
- Windows 8.1 - користете го во режимот за работна површина.
- Mac OS X (10.6) или понова верзија
Медиуми за снимање:
USB-флеш уред: не се гарантира дека ќе работат сите USB-флеш уреди со капацитет поголем од 256 MB.
Забелешки:- Бројот на трепкања на индикаторот UPDATE се менува според напредокот на ажурирањето. Индикаторот UPDATE на почетокот трепка четири пати, па се намалува за едно трепкање и се исклучува кога ажурирањето ќе заврши.
- Звучникот треба да биде поврзан со напојувањето за време на ажурирањето.
- Не исклучувајте го кабелот за напојување со наизменична струја сè додека не заврши ажурирањето.
- Не исклучувајте го уредот за време на ажурирањето.
- Ажурирањето обично трае од 3 до 10 минути.
- Затворете ги сите други прозорци и програми што работат, освен оваа страница.
- Прочитајте ги правилата и условите на оваа страница и прифатете ги со означување на полето.
- Преземете го ажурирањето на фирмверот. Ќе започне преземањето на датотеката SRS16003.UPG, 162 MB (169 935 040 бајти).
- Зачувајте ја датотеката на работната површина во вашиот компјутер.
Забелешка: Ако користите Windows 10 или 8.1, датотеката за ажурирање може автоматски да се зачува во папката Downloads (Преземања). Кликнете на плочката Desktop (Работна површина) на екранот Start (Почеток) и најдете ја преземената датотека во папката Downloads (Преземања) со помош на Explorer. - Копирајте ги датотеките за ажурирање во USB-флеш уредот:
- Ставете го иницијализираниот (форматиран) USB-флеш уред во влезот за USB на компјутерот.
- Копирајте ја папката UPDATE во USB-флеш уредот.
Ажурирање на системот за звук преку USB:
- Поврзете го звучникот во приклучок за напојување со наизменична струја и вклучете го со притиснување на копчето за вклучување/режим на подготвеност
- Откако индикаторот POWER ќе засвети зелено, вметнете го USB-флеш уредот во влезот за USB на звучникот.
- Притиснете и задржете го копчето UPDATE/WPS, па веднаш притиснете и задржете го копчето FUNCTION. Потоа држете ги притиснати двете копчиња 4 секунди сè додека не се слушнат звучни сигнали. Кога звучникот ќе се поврзе со мрежата, индикаторот UPDATE може да свети во портокалова боја. Дури и во тој случај, продолжете со ажурирањето.
- Започнува ажурирањето преку USB, а индикаторот UPDATE трепка во портокалова боја. Не користете го звучникот додека трае оваа постапка.
- Индикаторот UPDATE (и индикаторот за напојување Power) ќе трепнат неколку пати за време на ажурирањето.
- Кога ажурирањето ќе заврши, индикаторот UPDATE ќе се исклучи, а звучникот автоматски ќе влезе во режим на подготвеност или режим на подготвеност за BLUETOOTH/Мрежа.
Забелешка: Кога првпат ќе го вклучите звучникот по ажурирањето, индикаторот UPDATE трепка во портокалова боја три пати. - Проверете ја верзијата на фирмверот.
- Поврзете го уредот со компјутер преку LAN-кабел (не се испорачува).
Ажурирање на фирмверот со верзијата 6.34
Ја подобрува безбедната комуникација