Модел на којшто се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • SRS-X77

Информации за ова преземање

Придобивки и подобрувања

  • Ја подобрува безбедната комуникација.

ВАЖНО: Ова ажурирање на фирмверот мора да се изврши за да се продолжи со користење на услугата Chromecast built-in за дистрибуција на музика.

Претходни придобивки и подобрувања

Информации за датотеката

Име на датотеката

  • Ажурирање на фирмверот на SRS-X77 со верзијата 1.60.3351

Верзија на датотеката

  • 1.60.3351

Големина на датотеката

  • 165 MB (173 711 325 бајти)

Датум на издавање

  • 02-11-2021

Подготовка

Проверете ја верзијата на фирмверот

Оваа услужна програма за ажурирање не е неопходна ако вашиот систем за звук веќе е ажуриран со верзијата 1.60.3351 на фирмверот. Ако не сте сигурни, лесно може да проверите која верзија на фирмверот ја имате. Постојат два начина за проверка:

  • Како да проверите преку апликацијата Sony | Music Center (SongPal).
    1. Поврзете го уредот на истата Wi-Fi-мрежа како и вашиот паметен телефон преку апликацијата Sony | Music Center (SongPal).
    2. Стартувајте ја апликацијата Sony | Music Center (SongPal) на паметниот телефон.
    3. На екранот Speaker & Group (Звучник и група), изберете го вашиот звучник.
    4. Изберете Settings (Поставки).
    5. На екранот Settings (Поставки), изберете Other Settings (Други поставки).
    6. На екранот Other Settings (Други поставки), проверете ја верзијата на фирмверот на звучникот.
  • Како да проверите преку компјутер.
    1. Поврзете го уредот со компјутер преку LAN-кабел (не се испорачува).

      Забелешка: Проверете дали преклопникот NETWORK OFF/ON на задниот дел од уредот е поставен на ON.
    2. Приклучете го кабелот за напојување со наизменична струја (испорачан) во адаптерот за наизменична струја (испорачан). Притиснете го копчето (Вклучување/Режим на подготвеност) за да го вклучите напојувањето.

      Забелешка: Почекајте индикаторот LINK да престане да трепка и да почне да свети во розова боја.
    3. Прикажете го екранот за поставување мрежен уред од Sony на вашиот компјутер.
      1. Отворете интернет-пребарувач
      2. Внесете го следниот URL-линк во лентата за адреса: http://169.254.1.1
    4. Изберете јазик од Language Setup (Поставување јазик), ако се прикаже.
    5. На екранот Device Details (Податоци за уредот), ќе се прикаже Firmware Version (Верзија на фирмверот) (X.XX.X.XX).

      Забелешка: Ставките Firmware Version (Верзија на фирмверот), Model Name (Име на моделот), Device Name (Име на уредот), Connection Type (Вид на поврзување), Internet Access (Пристап до интернет), SSID и Security Method (Безбедносен метод) се прикажуваат на овој екран.

Постојат 2 едноставни начини за ажурирање на фирмверот на вашиот систем за звук:

МетодШто е потребноЗошто да го користите овој метод?

Интернет / мрежа
(ПРЕПОРАЧАНО)

  • Кабел за етернет или безжичен рутер со кој ќе го поврзете вашиот систем за звук на интернет
  • Проверете дали вашиот систем за звук е поврзан со:
    • активна интернет-врска
Го препорачуваме овој метод како најлесен и најбрз начин за ажурирање на фирмверот.
USB-уред за складирање
  • компјутер
  • USB-уред за складирање
Ажурирајте го фирмверот на овој начин ако не може да се поврзете на интернет.

Инсталирање

Интернет / мрежа

Го препорачуваме овој метод како наједноставен начин за ажурирање. Може да трае приближно 3-10 минути.

Забелешка: Не може да се изврши ажурирање со најновиот софтвер доколку уредот НЕ е поврзан на интернет (мрежа).

  1. Поврзете се на интернет (мрежа)
    Забелешка: Кога звучникот е поврзан со компјутер директно преку LAN-кабел за проверка на верзијата, исклучете го LAN-кабелот и повторно приклучете го во пристапна точка.
  2. Ако звучникот е вклучен, притиснете го копчето (Вклучување/Режим на подготвеност) за да го исклучите.
  3. Притиснете го копчето (Вклучување/Режим на подготвеност) за да го вклучите напојувањето.
  4. Почекајте индикаторот LINK да престане да трепка и да почне да свети во портокалова или розова боја. Копчето UPDATE засветува кога има ажурирање за софтверот.
    Забелешка: Копчето UPDATE не засветува кога софтверот е ажуриран.
  5. Допрете и задржете го копчето UPDATE сè додека не слушнете звучен сигнал. Кога ќе започне ажурирањето на софтверот, копчето UPDATE ќе почне да трепка.
    Забелешка: Звучникот не е во функција додека се врши ажурирање.
  6. Трепкањето (интервал и состојба) на копчето UPDATE се менува во текот на ажурирањето
  7. Копчето UPDATE ќе се исклучи и звучникот автоматски ќе се префрли во режим на подготвеност или режим на подготвеност за BLUETOOTH/Мрежа откако ќе заврши ажурирањето
  8. Проверете ја верзијата со следење на чекорите опишани во Проверете ја верзијата на фирмверот за да потврдите дали ажурирањето е успешно.

Прашања и одговори

Индикаторот трепка во црвена боја, а копчето UPDATE трепка во портокалова боја во текот на ажурирањето.

Ажурирањето на софтверот не успеа. Во тој случај, нема да можете да го користите уредот ниту да ги користите неговите функции, освен копчето за напојување. Проверете ја состојбата на звучникот следејќи ги овие чекори и извршете го ажурирањето на софтверот преку USB-флеш уред.

  1. Допрете и задржете го копчето  (Вклучување/Режим на подготвеност) за да го исклучите звучникот.
  2. Допрете го копчето  (Вклучување/Режим на подготвеност) за да го вклучите звучникот.
  3. Почекајте приближно 3 минути (или додека не се воспостави мрежната врска), па проверете го статусот на копчето UPDATE на звучникот.

Копчето UPDATE продолжува да свети во портокалова боја.

Ажурирањето на софтверот не успеа. Можете да го ажурирате фирмверот на системот за звук преку USB-флеш уред.

Индикаторот Копче ON/Standby (Вклучување/Режим на подготвеност) трепка во црвена боја, а копчето UPDATE трепка во портокалова боја.

Ажурирањето на софтверот не успеа. Можете да го ажурирате фирмверот на системот за звук преку USB-флеш уред.

Забелешки:

  • Звучникот треба да биде поврзан со напојувањето и мрежата за време на ажурирањето
  • НЕ исклучувајте го адаптерот за наизменична струја сè додека не заврши ажурирањето
  • НЕ исклучувајте го уредот за време на ажурирањето
  • Ажурирањето обично трае од 3 до 10 минути. Може да трае и повеќе во зависност од мрежните услови

USB

Ако е можно, ви препорачуваме да го извршите ажурирањето преку интернет. Доколку не е, тогаш може да го примените следниот метод. Преземете го ажурирањето во компјутер, префрлете го во USB-уред, а потоа префрлете го во системот за звук.

Подготовки за ажурирање на фирмверот:

Пред да го преземете фирмверот, проверете дали во компјутерот е инсталиран еден од следните оперативни системи и дали ги исполнувате соодветните предуслови за USB-флеш уредот:

Поддржани оперативни системи:

  • Windows 10
  • Windows 8.1
  • Mac OS X (10.4) или понова верзија

Забелешка: Ако користите Windows 8.1, користете го во режимот за работна површина. Не се гарантира дека ќе работи на сите компјутери на кои е инсталиран компатибилен оперативен систем.

Медиуми за снимање:

USB-флеш уред: не се гарантира дека ќе работат сите USB-флеш уреди со капацитет поголем од 256 MB.

Ажурирање на фирмверот на системот за звук преку USB-флеш уред - Постапка A

Забелешка: Невозможно е да се вратите на претходната верзија на софтверот откако ќе го извршите ова ажурирање на софтверот.

Како да го преземете фирмверот:
  1. Затворете ги сите други прозорци и програми што работат, освен оваа страница.
  2. Прочитајте ги правилата и условите на оваа страница и прифатете ги со означување на полето.
  3. Преземете го ажурирањето на фирмверот. Ќе започне преземањето на датотеката SRSX77V1603351.UPG, 165 MB (173 711 325 бајти).
  4. Зачувајте ја датотеката на работната површина од компјутерот.
    Забелешки:
    • Ако користите Windows 10 или 8.1, датотеката за ажурирање може автоматски да се зачува во папката Downloads (Преземања). Кликнете ја плочката Desktop (Работна површина) на екранот Start (Почеток) и најдете ја преземената датотека во папката Downloads (Преземања) со помош на Explorer.
    • Ова е наменска датотека за ажурирање само на SRS-X77. Не можете да ја користите оваа датотека на друг систем за звук.
Како да ја подготвите преземената датотека:
  • Ако користите Windows
    1. Кликнете со десното копче на глувчето врз преземената датотека SRSX77V1603351.zip.
    2. Кликнете Extract All (Извлечи сè)
    3. Во прозорецот на функцијата Extract Compressed (Zipped) Folders (Извлечи компресирани (зипувани) папки), кликнете Extract (Извлечи).
    4. Папката SRSX77V1603351 ќе се отвори на работната површина
    5. Во папката UPDATE ќе најдете 4 датотеки: LUTE03-FW.BIN, LUTE03-FW.ID, LUTE03-FW_MB.BIN and LUTE03-FW_MB.ID
  • Ако користите Mac OS
    1. Кликнете двапати на зачуваната датотека SRSX77V1603351.zip.
    2. На вашата работна површина ќе се создаде папката SRSX77V1603351

Забелешка: Во зависност од вашиот оперативен систем, датотеката може автоматски да се отпакува по преземањето. Исто така, во зависност од оперативниот систем што го користите, можеби нема да можете да ја отпакувате датотеката со користење на постапките опишани погоре. Во тој случај, користете алатка за декомпресија.

Копирајте ги датотеките за ажурирање во USB-флеш уредот:
  1. Ставете го иницијализираниот (форматиран) USB-флеш уред во влезот за USB на компјутерот.
  2. Копирајте ја папката UPDATE во USB-флеш уредот.
Ажурирање на системот за звук преку USB:
  1. Приклучете го адаптерот за наизменична струја (испорачан) во приклучокот DC IN 18 V на звучникот.
  2. Целосно вметнете го кабелот за напојување со наизменична струја со адаптерот за наизменична струја во штекер. Поставете го преклопникот NETWORK OFF/ON на задниот дел од уредот на ON.
  3. Притиснете го копчето (Вклучување/Режим на подготвеност) за да го вклучите напојувањето
  4. Почекајте приближно 4 минути за да индикаторот LINK престане да трепка.
  5. Притиснете и задржете го копчето AUDIO IN и копчето за намалување на јачината на звукот.
  6. Копчето UPDATE почнува да свети откако ќе слушнете звучен сигнал.
    Забелешка: Ако сте поврзани во мрежата, тогаш можеби веќе ќе видите како копчето UPDATE свети во портокалова боја. Дури и во тој случај, ве молиме следете ја постапката објаснета на оваа страница и почекајте го звучниот сигнал.
  7. Додека свети копчето UPDATE, ставете го USB-флеш уредот во приклучокот DC-OUT ONLY (USB) на задната страна од звучникот.
  8. Кога ќе започне ажурирањето на софтверот, копчето UPDATE почнува да трепка
    Забелешка: Звучникот не е во функција додека се врши ажурирање.
  9. Трепкањето (интервал и состојба) на копчето UPDATE се менува во текот на ажурирањето
  10. Копчето UPDATE ќе се исклучи и звучникот автоматски ќе се префрли во режим на подготвеност или режим на подготвеност за BLUETOOTH/Мрежа откако ќе заврши ажурирањето
  11. Проверете ја верзијата на фирмверот.

Забелешки:

  • Звучникот треба да биде поврзан со напојувањето за време на ажурирањето
  • НЕ исклучувајте го адаптерот за наизменична струја сè додека не заврши ажурирањето
  • НЕ исклучувајте го уредот за време на ажурирањето
  • Ажурирањето обично трае приближно 10 минути.

Ажурирање на фирмверот на системот за звук преку USB-флеш уред - Постапка Б

Ако индикаторот (Вклучување/Режим на подготвеност) трепка во црвена боја, а копчето за ажурирање во портокалова, тогаш ажурирањето на софтверот е неуспешно.
Ќе треба да го преземете ажурирањето на фирмверот во вашиот компјутер, да го зачувате во USB-флеш уред и потоа да го префрлите во звучникот.
Следете ги долунаведените чекори за да го направите тоа:

Забелешка: Невозможно е да се вратите на претходната верзија на софтверот откако ќе го ажурирате софтверот.

Како да го преземете фирмверот:
  1. Затворете ги сите други прозорци и програми што работат, освен оваа страница.
  2. Прочитајте ги правилата и условите на оваа страница и прифатете ги со означување на полето.
  3. Преземете го ажурирањето на фирмверот. Ќе започне преземањето на датотеката SRSX77V1603351.UPG, 165 MB (173 711 325 бајти).
  4. Зачувајте ја датотеката на работната површина од компјутерот.
    Забелешки:
    • Ако користите Windows 10 или 8.1, датотеката за ажурирање може автоматски да се зачува во папката Downloads (Преземања). Кликнете ја плочката Desktop (Работна површина) на екранот Start (Почеток) и најдете ја преземената датотека во папката Downloads (Преземања) со помош на Explorer.
    • Ова е наменска датотека за ажурирање само на SRS-X77. Не можете да ја користите оваа датотека на друг систем за звук.
Како да ја подготвите преземената датотека:
  • Ако користите Windows
    1. Кликнете со десното копче на глувчето врз преземената датотека SRSX77V1603351.zip.
    2. Кликнете Extract All (Извлечи сè).
    3. Во прозорецот на функцијата Extract Compressed (Zipped) Folders (Извлечи компресирани (зипувани) папки), кликнете Extract (Извлечи).
    4. Папката SRSX77V1603351 ќе се отвори на работната површина.
    5. Во папката UPDATE ќе најдете 4 датотеки: LUTE03-FW.BIN, LUTE03-FW.ID, LUTE03-FW_MB.BIN and LUTE03-FW_MB.ID
  • Ако користите Mac OS
    1. Кликнете двапати на зачуваната датотека SRSX77V1603351.zip.
    2. На вашата работна површина ќе се појави папката UPDATE , која ќе ги содржи следните датотеки: LUTE03-FW.BIN, LUTE03-FW.ID, LUTE03-FW_MB.BIN and LUTE03-FW_MB.ID

Забелешка: Преземената датотека може да се отпакува автоматски ако ги користите горенаведените оперативни системи, но ако не може да ги отпакувате датотеките со помош на овие чекори, можеби ќе треба да користите посебен софтвер за декомпресија.

Копирајте ги датотеките за ажурирање во USB-флеш уредот:
  1. Ставете го флеш уредот во еден од USB-приклучоците на компјутерот
  2. Повлечете ја папката Update од работната површина во флеш уредот
Ажурирање на системот за звук преку USB:
  1. Поврзете го звучникот во штекер со помош на испорачаниот адаптер за наизменична струја
  2. Поместете го преклопникот за мрежа на задниот дел од звучникот во положбата „on“ (вклучување)
  3. Ако индикаторот (Вклучување/Режим на подготвеност) трепка во црвена боја, а копчето за ажурирање во портокалова, тогаш исклучете го звучникот.
  4. Ставете го флеш уредот со датотеките за ажурирање во приклучокот DC-OUT ONLY (USB) на звучникот
  5. Повторно вклучете го звучникот
    Забелешка: Извршете ги чекорите од 3 до 5 во рок од 3 минути.
  6. Ажурирањето на фирмверот ќе започне да се презема во звучникот откако копчето за ажурирање ќе почне да трепка.
    Забелешка: Звучникот не може да се користи за време на преземањето.
  7. Како што напредува преземањето, трепкањето ќе забави и ќе запре кога ќе заврши ажурирањето
  8. Звучникот автоматски ќе се префрли во режим на подготвеност или во режим на подготвеност за BLUETOOTH/Мрежа кога ќе заврши ажурирањето.
  9. Проверете дали завршило ажурирањето со Software Version Check (Проверка на верзијата на софтверот) за безжичниот звучник SRS-X77.