Модел на којшто се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- SRS-RA3000
- SRS-RA5000
Информации за ова преземање
Придобивки и подобрувања
- Ги поправа слабостите на софтверот
Претходни придобивки и подобрувања
Погледнете ги претходните придобивки и подобрувањаПредуслови на системот
- Оперативен систем (OS):
- Android: вер. 5.0 или понова
- iOS: вер. 11.0 или понова
- Активна интернет-врска
- Мора да биде инсталирана најновата верзија на апликацијата Sony | Music Center.
- Безжичниот звучник мора да биде поврзан со вашиот паметен телефон со Android или со iPhone/iPad.
Информации за датотеката
- Име: Ажурирање на фирмверот со верзијата 1.70
- Верзија: 1.70
- Големина за SRS-RA3000: 202 MB (212 005 088 бајти)
- Големина за SRS-RA5000: 248 MB (260 845 792 бајти)
- Датум на издавање: 30-05-2024
Подготовка
Проверете ја верзијата на фирмверот
Ако верзијата што се прикажува е пониска од 1.70, ви препорачуваме да го ажурирате фирмверот. Ако не сте сигурни, следете ги чекорите подолу за да проверите која верзија на фирмверот ја имате:
- Вклучете го безжичниот звучник.
- Отворете ја апликацијата Sony | Music Center.
- Поврзете го безжичниот звучник со апликацијата Sony | Music Center.
- Изберете Settings (Поставки).
- Изберете System (Систем).
- Потврдете ја верзијата на фирмверот (броевите во црвеното поле).
Преземање и инсталирање
Софтверот автоматски ќе се ажурира со најновата верзија кога сте поврзани на интернет преку Wi-Fi-мрежа. Ако добиете порака за ажурирање кога ќе се поврзете со апликацијата Sony | Music Center, следете ги упатствата за да го извршите ажурирањето.
Забелешка: Одвреме-навреме ќе се испраќаат ажурирања на софтверот кога ќе биде достапна нова функција или кога е потребно ажурирање за стабилно користење.
Важно известување
- Не можете да го оневозможите автоматското ажурирање на софтверот.
- Не може да се вратат претходните верзии на софтверот.
- Немојте да го исклучувате и немојте да ракувате со безжичниот звучник додека софтверот се ажурира.
- Мора да се согласите со Договорот за лиценца со крајниот корисник (EULA) на Sony за да го инсталирате ажурирањето на софтверот.
- Софтверот за овој производ повремено се ажурира автоматски и не може да го изберете или да го одбиете преземањето.
- За време на ажурирањето, индикаторот за напојување (зелен) на безжичниот звучник ќе трепка брзо. Додека се преземаат податоците за ажурирањето ќе трепка и индикаторот LINK (килибарен).