Модел на којшто се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • SRS-LS1 / LinkBuds Speaker

Напомена пред ажурирањето

Прочитајте го овој дел пред да започнете со ажурирање.

Ова ажурирање ја користи апликацијата Sony | Sound Connect. За информации во врска со преземањето или ажурирањето на апликацијата, погледнете ја страницата за апликацијата Sony | Sound Connect, а за постапката за ажурирање, погледнете ја оваа страница.

Информации за ова преземање

Придобивки и подобрувања

  • Ја подобрува безбедната комуникација

Предуслови на системот

  • Уред со Android (вер. 9.0 или понова) или iPhone/iPad (iOS вер. 16.0 или понова)
  • Активна интернет-врска
  • Мора да ја инсталирате најновата верзија на апликацијата Sony | Sound Connect (вер. 11.0.0 или понова)
  • Звучникот мора да биде поврзан со уредот со Android или iPhone/iPad

Информации за датотеката

  • Име: Ажурирање на фирмверот на SRS-LS1 со верзијата 2190
  • Верзија: 2190
  • Големина: 1.40 MB (1 475 760 бајти)
  • Датум на издавање: 08-01-2026

Подготовка

Проверете ја верзијата на фирмверот

Верзијата на фирмверот може да ја проверите на следниот начин:

  1. Стартувајте ја апликацијата Sony | Sound Connect.
  2. Поврзете го звучникот со апликацијата Sony | Sound Connect.
  3. Допрете ги трите точки (копче Menu (Мени)) во горниот десен агол на апликацијата.
    Забелешка: LinkBuds Speaker ќе се прикаже на екранот Menu (Мени) кога ќе се поврзе.
  4. Изберете ја верзијата на звучникот што се прикажува на екранот Menu (Мени).
  5. Потврдете ја верзијата на фирмверот.

Важно известување

  • Немојте да го исклучувате звучникот додека преземате ажурирања, пренесувате податоци или додека го ажурирате фирмверот. Во спротивно, звучникот може да престане да функционира.
  • Немојте да го извршувате ажурирањето на локација каде што Wi-Fi-сигналот прекинува како, на пример, во воз, на место каде што Wi-Fi-сигналите се преоптоварени или во близина на микробранова печка, безжичен телефон или други уреди што користат радиобранови во фреквентниот опсег од 2,4 GHz.
  • Проверете дали двата уреда (уредот со Android или iPhone/iPad и звучникот) се целосно наполнети.
  • Во апликацијата Sony | Sound Connect, поставете ја функцијата Automatic Power Off (Автоматско исклучување) (функција за исклучување кога не се користи производот) на Do not turn off (Не исклучувај).
    Забелешка: Оваа поставка може да ја вратите на првичната опција по завршување на ажурирањето.
  • Пред да започнете со ажурирање, прекинете ја врската на сите други Bluetooth-уреди, како што се уреди за носење или паметни часовници, со уредот со Android или iPhone/iPad.

Пред да извршите надградба

  • По ажурирањето, фирмверот не може да се врати на претходна верзија.
  • За уреди со Android, постапката за ажурирање ќе трае приближно 11 минути.
  • За iPhone/iPad, постапката за ажурирање ќе трае приближно 15 минути.
  • Во зависност од радиобрановите и вашиот уред со Android или iPhone/iPad, ажурирањето може да трае подолго.

Преземање и инсталирање

За да го ажурирате звучникот, следете ја постапката наведена подолу:

  1. Преземете ги податоците од серверот во уредот со Android или iPhone/iPad.
  2. Пренесете ги податоците од уредот со Android или iPhone/iPad во звучникот.
  3. Завршете го ажурирањето со помош на звучникот.

Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето

  1. Стартувајте ја апликацијата Sony | Sound Connect.
  2. Поврзете го звучникот со апликацијата Sony | Sound Connect.
    • Ако претходно не сте се поврзале со апликацијата, следете ги инструкциите на екранот за да го поврзете звучникот со вашиот уред со Android или iPhone/iPad.
    • Ако претходно сте се поврзале со апликацијата, изберете го вашиот звучник во Menu (Мени).
  3. Следниот екран ќе се прикаже кога поврзувањето е успешно.
  4. Ако има ажурирање, ќе се прикаже пораката “The latest audio device software is available.” (Достапен е најнов софтвер за аудиоуредот). Притиснете на MORE INFO (ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ) за да продолжите.
    На долниот дел од екранот ќе се прикажат пораката и копчето [MORE INFO] (ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ).
  5. Проверете дали се прикажува верзијата 2190, а потоа притиснете START (ЗАПОЧНИ) за да започне ажурирањето.
    Копчето Start (Започни) се наоѓа во долниот десен дел од екранот.
  6. Следниот екран се прикажува автоматски кога ќе заврши преземањето.
    Забелешка: Кога ќе се прикаже пораката “Bluetooth Pairing Request” (Барање за впарување преку Bluetooth), притиснете Pair (Впари). Ажурирањето ќе продолжи. (Само за iPhone/iPad).
  7. Преносот започнува. Следниот екран се прикажува автоматски кога ќе заврши преносот.
  8. Кога ќе се прикаже пораката “Update the audio device software.” (Ажурирајте го софтверот на аудиоуредот), притиснете START (ЗАПОЧНИ).
    Копчето Start (Започни) се наоѓа во долниот десен дел од екранот.
    Забелешка: Немојте да го исклучувате звучникот за време на ажурирањето. Во спротивно, звучникот може да престане да функционира. Ако се прикаже порака за прекинување на врската, почекајте приближно три минути за звучникот повторно да се поврзе автоматски.
  9. Кога ќе заврши ажурирањето на софтверот, притиснете OK (Во ред).
    Забелешка: Ако екранот не се прикаже, продолжете на следниот чекор за да проверите дали ажурирањето е успешно.
    Копчето OK (Во ред) се прикажува во средината на екранот.

Чекор 2: Проверете дали ажурирањето е успешно

По ажурирањето, потврдете дали новата верзија е успешно инсталирана со следење на чекорите во делот Check the Firmware Version (Проверете ја верзијата на фирмверот) на оваа страница. Ако прикажаната верзија на фирмверот е 2190, надградбата е успешна.

Прашања и одговори

Се појавува порака за грешка при ажурирањето

Следете ги овие чекори:

  1. Притиснете OK (Во ред).
  2. Рестартирајте го звучникот (исклучете го и повторно вклучете го).
  3. Рестартирајте ја апликацијата Sony | Sound Connect, па обидете се повторно да го извршите ажурирањето.

Дури и ако се прикаже порака за грешка, потврдете ја верзијата на фирмверот во апликацијата Sony | Sound Connect. Подетални информации побарајте во делот Check the Firmware Version (Проверете ја верзијата на фирмверот). Ако прикажаната верзија е 2190, тогаш ажурирањето на фирмверот е успешно. Во спротивно, обидете се повторно да го извршите ажурирањето.