Модел на којшто се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- SRS-HG1
Информации за ова преземање
Придобивки и подобрувања
- Ја подобрува безбедната комуникација
ВАЖНО: Ова ажурирање на фирмверот мора да се изврши за да се продолжи со користење на услугата Chromecast built-in за дистрибуција на музика. Ако не го инсталирате ажурирањето рачно, тоа ќе се инсталира автоматски кога ќе биде достапно активно мрежно поврзување и кога звучникот нема да се користи.
Претходни придобивки и подобрувања
Погледнете ги претходните придобивки и подобрувања
Информации за датотеката
Име на датотеката
- Ажурирање на фирмверот 6.34
Верзија на датотеката
- 6.34
Големина на датотеката
- 158 MB (166 473 920 бајти)
Датум на издавање
- 26-04-2022
Подготовка
Проверете ја верзијата на фирмверот
Ако се прикажува верзијата 6.05 или постара, ви препорачуваме да го ажурирате фирмверот.
Ако не сте сигурни, лесно може да проверите која верзија на фирмверот ја имате:
Забелешка: На сликата подолу е прикажан екранот на SRS-HG10.
- Поврзете го уредот на истата Wi-Fi-мрежа како и вашиот паметен телефон преку апликацијата Sony | Music Center (SongPal).
- Стартувајте ја апликацијата Sony | Music Center (SongPal) на паметниот телефон.
- Изберете го звучникот.
- Изберете Settings (Поставки).
- Изберете Other Settings (Други поставки).
- Потврдете ја верзијата на фирмверот на вашиот звучник.
Преземање и инсталирање
Ажурирањето на софтверот е достапно преку интернет (мрежа). Извршете ги следните чекори.
ВАЖНО:
- Ако индикаторот за напојување на уредот продолжи да трепка со зелена боја, дури и откако ќе го притиснете копчето за напојување, тогаш притиснете го копчето RESET што се наоѓа на долниот дел од уредот.
- Уверете се дека уредот е вклучен во штекер преку USB AC адаптер пред да започнете со ажурирање.
Забелешка: Не може да се изврши ажурирање со најновиот софтвер доколку уредот НЕ е поврзан на интернет (мрежа).
- Приклучување во штекер.
- Користете го USB-адаптерот за наизменична струја и испорачаниот микро USB-кабел за да го поврзете DC-влезот од 5 V на уредот со штекер.
Забелешка: ажурирањето на софтверот не може да се изврши кога се користи само напојувањето од батеријата. - Поврзете се на интернет (мрежа)
- Поврзување преку апликацијата Sony | Music Center (SongPal) на мобилниот уред
- Поврзување преку Wi-Fi Protected Setup (WPS)
- Поврзување преку компјутер
Забелешка: Повеќе информации побарајте во прирачникот со инструкции за уредот. - Ако звучникот е вклучен, притиснете го копчето
(вклучување/режим на подготвеност) за да го исклучите.
- Целосно вметнете го кабелот за напојување со наизменична струја со адаптерот за наизменична струја во штекер. Забелешка: Ажурирањето на софтверот не може да се изврши кога уредот се напојува само преку батеријата.
- Притиснете го копчето
(вклучување/режим на подготвеност) за да го вклучите напојувањето.
- Почекајте индикаторот LINK да престане да трепка и да почне да свети во портокалова боја. Копчето WPS/UPDATE засветува кога има ажурирање за софтверот.
- Допрете и задржете го копчето WPS/UPDATE сè додека не слушнете звучен сигнал. Кога ќе започне ажурирањето на софтверот, копчето WPS/UPDATE ќе почне да трепка. Забелешка: Звучникот не е во функција додека се врши ажурирање.
- Трепкањето (интервал и состојба) на копчето WPS/UPDATE се менува при процесот на ажурирање.
- Копчето WPS/UPDATE ќе се исклучи и звучникот автоматски ќе се префрли во режим на подготвеност или режим на подготвеност за BLUETOOTH/Мрежа откако ќе заврши ажурирањето.
- Проверете ја верзијата со следење на чекорите опишани во Проверете ја верзијата на фирмверот за да потврдите дали ажурирањето е успешно.
Прашања и одговори
Сите функциски LED-индикатори светат
Ажурирањето на софтверот не успеа. Притиснете го копчето (вклучување/режим на подготвеност) за да го исклучите звучникот, а потоа повторно вклучете го. Проверете дали звучникот е поврзан на интернет и дали свети копчето WPS/UPDATE, а потоа повторно започнете со ажурирање.
Ажурирање на фирмверот со верзијата 6.34
Ја подобрува безбедната комуникација