Модел на којшто се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • HT-CT800
  • HT-MT500

Информации за ова преземање

Придобивки и подобрувања

  • Го подобрува мрежното поврзување

Претходни придобивки и подобрувања

Информации за датотеката

Име на датотеката

  • Фирмвер за долгнавестиот звучник, верзија M39.R.0518

Верзија на датотеката

  • M39.R.0518

Големина на датотеката

  • 223 MB (234 802 932 бајти)

Датум на издавање

  • 17-02-2022

Подготовка

Проверете ја верзијата на фирмверот

Фирмверот можеби веќе е ажуриран, особено ако имате нов долгнавест звучник. Ако бројот на верзијата e M39.R.0518 или поголем, тогаш не е потребно да вршите ажурирање.

Ако не сте сигурни, лесно може да проверите која верзија на фирмвер ја имате:

  1. Вклучете го телевизорот и проверете дали е избран влезниот приклучок во кој е приклучен долгнавестиот звучник. Ако долгнавестиот звучник е поврзан преку приклучокот HDMI2, тогаш изберете го HDMI2 како влезен сигнал.
  2. Вклучете го долгнавестиот звучник.
  3. Притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач и почекајте да се прикаже функцијата HOME (Почетен екран).
  4. Во менито HOME (Почетен екран), изберете Setup (Поставување) → System Settings (Поставки на системот) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач, а потоа притиснете го копчето ENTER.
  5. Означете ја опцијата System Information (Информации за системот) на екранот и притиснете го копчето ENTER.
  6. Ако бројот на верзијата што ќе се прикаже на екранот е Software Version M39.R.0518 (Верзија на софтверот M39.R.0518) или поголем, тоа значи дека веќе ја имате најновата верзија на фирмверот.

Важно известување

  • Прочитајте ги инструкциите внимателно, инаку можно е да го оштетите долгнавестиот звучник.
  • Не исклучувајте го долгнавестиот звучник и не прекинувајте го неговото напојување сè додека трае ажурирањето.
  • Не притиснувајте други копчиња освен копчињата наведени во инструкциите.
  • Не отстранувајте го кабелот за напојување или мрежниот кабел (LAN) сè додека не заврши ажурирањето. Ако го направите тоа може да предизвикате дефект на системот.

Постојат 2 лесни начина за ажурирање на фирмверот на вашиот долгнавест звучник

МетодШто е потребноЗошто да го користите овој метод?
Интернет / мрежа
(ПРЕПОРАЧАНО)
  • кабел за етернет со кој ќе го поврзете долгнавестиот звучник на интернет
  • Проверете дали долгнавестиот звучник е поврзан со:
    • активна интернет-врска
    • компатибилен телевизор
Го препорачуваме овој метод како најлесен и најбрз начин за ажурирање на фирмверот.
USB-уред за складирање
  • компјутер
  • USB-уред за складирање
Ажурирајте го фирмверот на овој начин ако не може да се поврзете на интернет.

Преземање и инсталирање

Ажурирање на долгнавестиот звучник преку интернет

Го препорачуваме овој метод како наједноставен начин за ажурирање. Може да трае приближно 15-30 минути. Прво поставете ја опремата, а потоа преземете го ажурирањето од интернет во вашиот долгнавест звучник.

Што е потребно

  • кабел за етернет со кој ќе го поврзете долгнавестиот звучник на интернет
  • Проверете дали долгнавестиот звучник е поврзан со:
    • активна интернет-врска (преку кабел за етернет или безжичен рутер)
    • компатибилен телевизор

Поставете ја опремата

  1. Вклучете го телевизорот и проверете дали е избран влезниот приклучок во кој е приклучен долгнавестиот звучник. Ако долгнавестиот звучник е поврзан преку приклучокот HDMI 2, тогаш изберете го HDMI 2 како влезен сигнал.
  2. Поврзете го долгнавестиот звучник со уредот за интернет преку кабел за етернет.
  3. Вклучете го долгнавестиот звучник.
  4. Притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач и почекајте да се прикаже функцијата HOME (Почетен екран).

Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето

  1. Во менито Home (Почетен екран), изберете Setup (Поставување) → Software Update (Ажурирање на софтверот) → Update via Internet (Ажурирање преку интернет) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач, а потоа притиснете Enter.
  2. Ако пораката A new software version has been found on the network. Do you want to update the software? (Пронајдена е нова верзија на софтверот преку мрежата. Дали сакате да го ажурирате софтверот?) се прикаже на телевизорот, изберете OK (Во ред) со помош на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
  3. Потребни се приближно 5 минути за да започне ажурирањето откако ќе го преземете софтверот.
  4. Ако пораката Update to a new software version. Never turn off power while performing update. Current version M39.R.xxxx New version M39.R.0518 (Ажурирајте го софтверот со нова верзија. Не исклучувајте го напојувањето додека трае ажурирањето. Тековна верзија M40.R.xxxx Нова верзија M39.R.0518) се прикаже на телевизорот, изберете Start (Започни) со помош на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
  5. Ажурирањето ќе започне.
  6. Ако пораката Update Caution (Предупредување за ажурирање) се прикаже на телевизорот, изберете OK (Во ред) со помош на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
  7. За време на ажурирањето, на предниот панел ќе се прикажува пораката UPDT (Ажурирање).
  8. Надградбата на фирмверот ќе заврши кога на предниот панел ќе се прикаже пораката DONE (Готово). Не исклучувајте го долгнавестиот звучник и не прекинувајте го неговото напојување сè додека трае ажурирањето.
  9. Долгнавестиот звучник ќе се рестартира автоматски штом заврши надградбата.

Чекор 2: Проверете дали ажурирањето завршило успешно

Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е M39.R.0518, тоа значи дека ажурирањето на фирмверот завршило успешно.

Решавање проблеми

Што треба да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот на долгнавестиот звучник преку интернет:

  • Ако на телевизорот се прикаже пораката Update failed. Connect the USB memory containing the update files to retry. If the update fails again, please contact the customer service center (Ажурирањето не е успешно. Приклучете го USB-уредот што ги содржи датотеките за ажурирање и обидете се повторно. Ако ажурирањето повторно не заврши успешно, ве молиме обратете се во центарот за кориснички услуги):
    1. Проверете дали рутерот и сите уреди што се поврзани помеѓу долгнавестиот звучник и рутерот се вклучени.
    2. Проверете дали се користи кабел од соодветен тип (прав или вкрстен) помеѓу долгнавестиот звучник и рутерот.
    3. Проверете дали сите кабли помеѓу долгнавестиот звучник и рутерот се правилно поврзани.
    4. Започнете ја повторно постапката за ажурирање. Ако повторно не можете да го извршите ажурирањето, тогаш обидете се да ја извршите функцијата Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред).
  • Ако, откако ќе започне постапката Update via Internet (Ажурирање преку интернет), се прикаже пораката Download capacity: xxxxxxKB/xxxxxKB and xx% is display in TV screen (Капацитет за преземање: xxxxxxKB/xxxxxKB и xx% се прикажуваат на телевизорот), но лентата за напредок на екранот не се менува, во зависност од мрежната врска, постапката Update via the Internet (Ажурирање преку интернет) може да трае долго (до 60 минути). Затоа се прикажува пораката Download capacity: xxxxxxKB/xxxxxKB and xx% is display in TV screen (Капацитет за преземање: xxxxxxKB/xxxxxKB и xx% се прикажуваат на телевизорот), а лентата за напредок на екранот не се менува долго време.
  • Ако, додека трае постапката Update via the Internet (Ажурирање преку интернет), на телевизорот се прикаже пораката Connection status cannot be confirmed. Cannot communicate with the server. Please try again later. (Статусот на врската не може да се потврди. Не е можна комуникација со серверот. Обидете се подоцна.) и не може да го извршите ажурирањето на фирмверот:
    • Проверете дали е приклучен LAN-кабелот.
    • Проверете дали вашиот долгнавест звучник има сопствена IP-адреса во мрежните поставки. (Ако користите прокси сервер, внесете ја IP-адресата на прокси серверот што го користите, наместо името на прокси серверот, во полето Proxy Server (Прокси сервер).)
    • Започнете го ажурирањето повторно.
  • Ако напојувањето се исклучи за време на ажурирањето, тогаш вклучете го долгнавестиот звучник и обидете се повторно да го извршите ажурирањето.
  • Ако ажурирањето трае подолго од 60 минути и сè уште не е завршено, а долгнавестиот звучник е поврзан безжично во мрежата, тогаш поврзете го во мрежата со кабел и започнете ја постапката повторно. Доколку проблемот не се отстрани, можеби брзината на пренос на мрежата е мала. Во тој случај, обидете се да го ажурирате системот со функцијата Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред).
  • Ако на телевизорот се прикаже пораката This device is not connected to network. Perform network diagnostics in the connection server setting (Уредот не е поврзан во мрежа. Извршете дијагностика на мрежата во поставките за поврзување на серверот), тогаш проверете дали LAN-кабелот е приклучен во долгнавестиот звучник.
  • Ако на телевизорот се прикаже пораката Already Updated (Веќе е извршено ажурирање), тоа значи дека верзијата на фирмверот што е инсталирана во долгнавестиот звучник е најновата верзија.

Извршете ажурирање преку USB-уред и вашиот компјутер

Ако е можно, ви препорачуваме да го извршите ажурирањето преку интернет. Доколку не е, тогаш може да го примените следниот метод. Преземете го ажурирањето во компјутер, префрлете го во USB-уред, а потоа префрлете го во долгнавестиот звучник.

Подготовки за ажурирање на фирмверот

Пред да го преземете фирмверот, проверете дали во компјутерот е инсталиран еден од следните оперативни системи и подгответе USB-флеш уред.

Оперативни системи:
  • Windows 11
  • Windows 10
  • Windows 8.1
  • macOS 10.12 - 10.15, 11
  • Mac OS X

Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето

  1. Прочитајте ги и согласете се со правилата и условите.
  2. Преземете ја датотеката UPDATE_M39R0518.zip во вашиот компјутер, а притоа запомнете во кој директориум сте ја преземале.
  3. Најдете ја датотеката во компјутерот, кликнете со десното копче на глувчето врз неа и кликнете Properties (Својства). Проверете дали големината е 223 MB 234 802 932 бајти.
Префрлете ги датотеките за ажурирање во USB-уредот за складирање:
  1. Извлечете ја датотеката за ажурирање од датотеката UPDATE_M39R0518.zip.
    • За Mac:
      1. Одете до локацијата каде што се наоѓа преземената датотека и кликнете двапати на датотеката UPDATE_M39R0518.zip.
      2. Ќе се создаде нова папка со име UPDATE.
    • За Windows:
      1. Одете до директориумот каде што се наоѓа преземената датотека и кликнете со десното копче на глувчето врз датотеката UPDATE_M39R0518.zip, а потоа кликнете Extract All (Извлечи сè).
        Забелешка: Според зададените поставки за Microsoft Edge, датотеката ќе се зачува во папката Downloads (Преземања). За да ја пронајдете папката Downloads (Преземања), кликнете на плочката Desktop (Работна површина) во Start (Почеток) и побарајте ја преземената датотека преку Windows Explorer.
      2. Во прозорецот на функцијата Extract Compressed (Zipped) Folders (Извлечи компресирани (зипувани) папки) кликнете Extract (Извлечи).
      3. Ќе се создаде нова папка со име UPDATE.
        Забелешка: Ќе се извлечат четири датотеки: MSB39-FW.BIN, MSB39-FW.ID, MSB39-FW_MB.BIN, and MSB39FW_MB.ID.
  2. Приклучете компатибилен USB-уред за складирање во компјутерот.
  3. Префрлете ја папката UPDATE во USB-уредот за складирање:
    • За Mac: Повлечете ја и спуштете ја папката UPDATE во основната папка на USB-уредот.
    • За Windows:
      1. Одете во директориумот каде што се создала папката, а потоа кликнете со десното копче на глувчето врз папката UPDATE.
      2. Кликнете Send To... (Испрати до...) во менито, а потоа кликнете на податочната единица што го претставува USB-уредот (на пр., „Removable Disk E:“).
      3. Папката UPDATE ќе се копира во USB-уредот.
    Забелешка: Ажурирањето нема да се изврши доколку не сте ја копирале папката во основниот директориум на USB-уредот или ако сте го промениле името на папката.
  4. Откако ќе ја копирате папката UPDATE, отстранете го USB-уредот од компјутерот.
Префрлете го ажурирањето во плеерот:
  1. Подгответе ја опремата:
    1. Вклучете го телевизорот и проверете дали е избран влезниот приклучок во кој е приклучен долгнавестиот звучник. Ако долгнавестиот звучник е поврзан преку приклучокот HDMI 2, тогаш изберете го HDMI 2 како влезен сигнал.
    2. Вклучете го долгнавестиот звучник.
    3. Притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач и почекајте да се прикаже функцијата HOME (Почетен екран).
    4. Вметнете го USB-уредот што ги содржи 4-те датотеки.
  2. Префрлете го ажурирањето:
    1. Во менито HOME (Почетен екран), изберете Setup (Поставување) → Software Update (Ажурирање на софтверот) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач, а потоа притиснете го копчето ENTER.
    2. Изберете Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред) со помош на копчињата со стрелки, а потоа притиснете го копчето ENTER.
    3. Ако на телевизорот се прикаже пораката Update files found in the USB memory. Do you want to update software? Current version M39.R.xxxx New version M39.R.0518. Do not turn off the power or remove the USB memory during the update. (Пронајдени се датотеки за ажурирање во USB-уредот. Дали сакате да го ажурирате софтверот? Тековна верзија M40.R.xxxx Нова верзија M39.R.0518. Не исклучувајте го напојувањето и не отстранувајте го USB-уредот за време на ажурирањето.), изберете OK со помош на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
    4. Ако пораката Update Caution (Предупредување за ажурирање) се прикаже на телевизорот, изберете OK (Во ред) со помош на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
    5. Ажурирањето ќе започне.
    6. За време на ажурирањето, на предниот панел ќе се прикажува пораката UPDT (Ажурирање).
    7. Ажурирањето на фирмверот ќе заврши кога на предниот панел ќе се прикаже пораката DONE (Завршено), а долгнавестиот звучник ќе се рестартира автоматски.
      Забелешка: Не исклучувајте го кабелот за напојување за време на ажурирањето.

Чекор 2: проверете дали ажурирањето завршило успешно.

Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е M39.R.0518, тоа значи дека ажурирањето на фирмверот завршило успешно

Решавање проблеми

Што треба да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот на долгнавестиот звучник преку компјутер и USB-уред:
  • На предниот панел наизменично се прикажува текстот UPDT и ERROR:
    1. Исклучете го системот и исклучете го кабелот за напојување со наизменична струја.
    2. Вклучете го напојувањето на долгнавестиот звучник.
    3. Започнете ја постапката Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред).
  • Ако напојувањето се исклучи за време на ажурирањето, тогаш вклучете го долгнавестиот звучник и повторно извршете ја постапката Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред).
  • Ако датотеката за ажурирање UPDATE_M39R0518.zip што сте ја преземале од веб-сајтот не може да се извлече, тогаш избришете ја и преземете ја повторно.
  • Ако ажурирањето трае повеќе од 30 минути и сè уште не е завршено:
    1. Исклучете го кабелот за напојување со наизменична струја, почекајте неколку минути и потоа повторно поврзете го.
    2. Вклучете го долгнавестиот звучник.
    3. Започнете ја повторно постапката за ажурирање.