Модел на којшто се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • HT-CT790
  • HT-NT5
  • HT-XT2

Информации за ова преземање

Придобивки и подобрувања

  • Ја подобрува стабилноста на Chromecast built-in for Audio

ВАЖНО: ако не се инсталирани претходни надградби на фирмверот, оваа надградба ќе ја отстрани функцијата Photo Playback (Репродукција на фотографии).

Претходни придобивки и подобрувања

Ограничувања

  • Само за употреба со производите што се продаваат во Европа. Сите модели не се продаваат во сите земји/региони.

Информации за датотеката

Име на датотеката

  • Фирмвер за долгнавестиот звучник, верзија M34.R.2197

Име на Zip-датотеката

  • UPDATE_M34R2197.zip

Верзија на датотеката

  • M34.R.2197

Големина на датотеката

  • 215 MB (225 887 064 бајти)

Датум на издавање

  • 12-10-2021

Подготовка

Проверете ја верзијата на фирмверот

Фирмверот можеби веќе е ажуриран, особено ако имате нов долгнавест звучник. Ако бројот на верзијата e M34.R.2197 или поголем, тогаш не е потребно да вршите ажурирање.

Ако не сте сигурни, лесно може да проверите која верзија на фирмвер ја имате:

  1. Вклучете го телевизорот и проверете дали е избран влезниот приклучок во кој е приклучен долгнавестиот звучник. Ако долгнавестиот звучник е поврзан преку приклучокот HDMI2, тогаш изберете го HDMI2 како влезен сигнал.
  2. Вклучете го долгнавестиот звучник.
  3. Притиснете HOME на далечинскиот управувач и почекајте да се прикаже почетниот екран.
  4. На почетниот екран, изберете Setup (Поставување) → System Settings (Поставки на системот) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач. Потоа притиснете го копчето ENTER.
  5. Означете ја опцијата System Information (Информации за системот) на екранот и притиснете го копчето ENTER.
  6. На телевизорот, верзијата на фирмверот се прикажува како Software Version M34.R.2197 (Верзија на софтверот M34.R.2197).
    Ако бројот на верзијата е M34.R.2197 или поголем, тоа значи дека веќе ја имате најновата верзија на фирмверот.

Важно известување

  • Прочитајте ги инструкциите внимателно, инаку можно е да го оштетите долгнавестиот звучник.
  • Не исклучувајте го долгнавестиот звучник и не прекинувајте го неговото напојување сè додека трае ажурирањето.
  • Не притиснувајте други копчиња освен копчињата наведени во инструкциите.
  • Не исклучувајте го кабелот за напојување или мрежниот кабел (LAN) додека трае преземањето и ажурирањето на софтверот.
  • Не исклучувајте го кабелот за напојување сè додека не заврши ажурирањето. Тоа може да предизвика пад на системот.

Постојат 2 лесни начина за ажурирање на фирмверот на вашиот долгнавест звучник

МетодШто е потребноЗошто да го користите овој метод?
Интернет / мрежа
(ПРЕПОРАЧАНО)
  • кабел за етернет со кој ќе го поврзете долгнавестиот звучник на интернет
  • Проверете дали долгнавестиот звучник е поврзан со:
    • активна интернет-врска
    • компатибилен телевизор
Го препорачуваме овој метод како најлесен и најбрз начин за ажурирање на фирмверот.
USB-уред за складирање
  • компјутер
  • USB-уред за складирање
Ажурирајте го фирмверот на овој начин ако не може да се поврзете на интернет.

Преземање и инсталирање

Ажурирање на долгнавестиот звучник преку интернет

Го препорачуваме овој метод како наједноставен начин за ажурирање. Може да трае приближно 15-30 минути. Прво поставете ја опремата, а потоа преземете го ажурирањето од интернет во вашиот долгнавест звучник.

Што е потребно

  • кабел за етернет со кој ќе го поврзете долгнавестиот звучник на интернет
  • Проверете дали долгнавестиот звучник е поврзан со:
    • активна интернет-врска (преку кабел за етернет или безжичен рутер)
    • компатибилен телевизор

Поставете ја опремата

  1. Вклучете го телевизорот и проверете дали е избран влезниот приклучок во кој е приклучен долгнавестиот звучник. Ако долгнавестиот звучник е поврзан преку приклучокот HDMI 2, тогаш изберете го HDMI 2 како влезен сигнал.
  2. Поврзете го долгнавестиот звучник со уредот за интернет преку кабел за етернет.
  3. Вклучете го долгнавестиот звучник.
  4. Притиснете HOME на далечинскиот управувач и почекајте да се прикаже почетниот екран.

Чекор 1: инсталирајте го ажурирањето

  1. Во менито Home (Почетен екран), изберете Setup (Поставување) → Software Update (Ажурирање на софтверот) → Update via Internet (Ажурирање преку интернет) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач, а потоа притиснете Enter.
  2. На телевизорот се прикажува пораката A new software version has been found on the network. Do you want to update the software? (Пронајдена е нова верзија на софтверот преку мрежата. Дали сакате да го ажурирате софтверот?). Изберете OK (Во ред) користејќи го далечинскиот управувач и притиснете ENTER.
  3. Потребни се приближно 5 минути за да започне ажурирањето откако ќе го преземете софтверот.
  4. На телевизорот се прикажува пораката Update to a new software version. Never turn off power while performing update. Current version M34.R.xxxx New version M34.R.2197 (Ажурирајте го софтверот со нова верзија. Не исклучувајте го напојувањето додека трае ажурирањето. Тековна верзија M34.R.xxxx Нова верзија M34.R.2197). Изберете Start (Почеток) користејќи го далечинскиот управувач и притиснете ENTER.
  5. Ажурирањето ќе започне.
  6. На телевизорот ќе се прикаже пораката Update Caution (Предупредување за ажурирање). Изберете OK (Во ред) користејќи го далечинскиот управувач и притиснете ENTER.
  7. За време на ажурирањето, на предниот панел ќе се прикажува пораката UPDT.
  8. Надградбата на фирмверот ќе заврши кога на предниот панел ќе се прикаже пораката DONE (Готово). Не исклучувајте го долгнавестиот звучник и не прекинувајте го неговото напојување сè додека трае ажурирањето.
  9. Долгнавестиот звучник ќе се рестартира автоматски штом заврши надградбата.

Чекор 2: проверете дали ажурирањето завршило успешно

Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е M34.R.2197, тоа значи дека ажурирањето на фирмверот завршило успешно.

Решавање проблеми

Што треба да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот на долгнавестиот звучник преку интернет:

  • На телевизорот се прикажува пораката Update failed. Connect the USB memory containing the update files to retry. If the update fails again, please contact the customer service center (Ажурирањето не е успешно. Приклучете го USB-уредот што ги содржи датотеките за ажурирање и обидете се повторно. Ако ажурирањето повторно не заврши успешно, ве молиме обратете се во центарот за кориснички услуги).
    1. Проверете дали рутерот и сите уреди што се поврзани помеѓу долгнавестиот звучник и рутерот се вклучени.
    2. Проверете дали се користи кабел од соодветен тип (прав или вкрстен) помеѓу долгнавестиот звучник и рутерот.
    3. Проверете дали сите кабли помеѓу долгнавестиот звучник и рутерот се правилно поврзани.
    4. Започнете ја повторно постапката за ажурирање.
    Ако не можете да ја извршите функцијата Software Update (Ажурирање на софтверот), тогаш обидете се да ја извршите функцијата Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред).
  • Откако ќе започне постапката Update via Internet (Ажурирање преку интернет), пораката Download capacity: xxxxxxKB/xxxxxKB and xx% is display in TV screen (Капацитет за преземање: xxxxxxKB/xxxxxKB и xx% се прикажуваат на телевизорот) се прикажува, но лентата за напредок на екранот не се менува.
    Во зависност од мрежната врска, постапката Update via the Internet (Ажурирање преку интернет) може да трае долго (до 60 минути). Затоа се прикажува пораката Download capacity: xxxxxxKB/xxxxxKB and xx% is display in TV screen (Капацитет за преземање: xxxxxxKB/xxxxxKB и xx% се прикажуваат на телевизорот), а лентата за напредок на екранот не се менува долго време.
  • Додека трае постапката Update via the Internet (Ажурирање преку интернет), на телевизорот се прикажува пораката Connection status cannot be confirmed. Cannot communicate with the server. Please try again later. (Статусот на врската не може да се потврди. Не е можна комуникација со серверот. Обидете се подоцна.) и не може да извршите надградба на фирмверот.
    • Проверете дали е приклучен LAN-кабелот.
    • Проверете дали вашиот долгнавест звучник има сопствена IP-адреса во мрежните поставки. (Ако користите прокси сервер, внесете ја IP-адресата на прокси серверот што го користите во полето Proxy Server (Прокси сервер) наместо името на прокси серверот.)
    • Започнете го ажурирањето повторно.
  • Напојувањето се исклучило за време на ажурирањето.
    Вклучете го долгнавестиот звучник и започнете го ажурирањето повторно.
  • Ажурирањето трае повеќе од 60 минути и сè уште не е завршено.
    Ако долгнавестиот звучник е поврзан безжично во мрежата, тогаш поврзете го во мрежата со кабел и започнете ја постапката повторно.
    Доколку проблемот не се отстрани, можеби брзината на пренос на мрежата е мала. Во тој случај, обидете се да го ажурирате системот со функцијата Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред).
  • На телевизорот се прикажува пораката This device is not connected to network. Perform network diagnostics in the connection server setting (Уредот не е поврзан во мрежа. Извршете дијагностика на мрежата во поставките за поврзување на серверот).
    Проверете дали LAN-кабелот е приклучен во долгнавестиот звучник.
  • На телевизорот се прикажува пораката Already Updated (Веќе е извршено ажурирање).
    Верзијата на фирмверот што е инсталирана во долгнавестиот звучник е најновата верзија.

Извршете ажурирање преку USB-уред и вашиот компјутер

Ако е можно, ви препорачуваме да го извршите ажурирањето преку интернет. Доколку не е, тогаш може да го примените следниот метод. Преземете го ажурирањето во компјутер, префрлете го во USB-уред, а потоа префрлете го во долгнавестиот звучник.

Подготовки за ажурирање на фирмверот

Пред да го преземете фирмверот, проверете дали во компјутерот е инсталиран еден од следните оперативни системи и подгответе го USB-флеш уредот.

Оперативни системи:
  • Windows 10
  • Windows 8.1
  • macOS 10.12 - 10.15, 11
  • Mac OS X

Чекор 1: инсталирајте го ажурирањето

  1. Прочитајте ги и согласете се со правилата и условите.
  2. Преземете ја датотеката UPDATE_M34R2197.zip во вашиот компјутер, а притоа запомнете во кој директориум сте ја преземале.
  3. Најдете ја датотеката во компјутерот, кликнете со десното копче на глувчето врз неа и кликнете Properties (Својства). Проверете дали големината е 215 MB 225 887 064 бајти.
Префрлете ги датотеките за ажурирање во USB-уредот за складирање:
  1. Извлечете ја датотеката за ажурирање од датотеката UPDATE_M34R2197.zip.
    • За Mac:
      1. Одете до локацијата каде што се наоѓа преземената датотека и кликнете двапати на датотеката UPDATE_M34R2197.zip.
      2. Ќе се создаде нова папка со име UPDATE.
    • За Windows:
      1. Одете до директориумот каде што се наоѓа преземената датотека и кликнете со десното копче на глувчето врз датотеката UPDATE_M34R2197.zip, а потоа кликнете Extract All (Извлечи сè).
        ЗАБЕЛЕШКА: според зададените поставки за Internet Explorer, датотеката ќе се зачува во папката Downloads (Преземања). За да ја пронајдете папката Downloads (Преземања), кликнете на плочката Desktop (Работна површина) во Start (Почеток) и побарајте ја преземената датотека преку Windows Explorer.
      2. Во прозорецот на функцијата Extract Compressed (Zipped) Folders (Извлечи компресирани (зипувани) папки) кликнете Extract (Извлечи).
      3. Ќе се создаде нова папка со име UPDATE.
        ЗАБЕЛЕШКА: ќе се извлечат четири датотеки: MSB34-FW.BIN, MSB34-FW.ID, MSB34-FW_MB.BIN и MSB34FW_MB.ID.
  2. Приклучете компатибилен USB-уред за складирање во компјутерот.
  3. Префрлете ја папката UPDATE во USB-уредот за складирање:
    • За Mac:
      Повлечете ја и спуштете ја папката UPDATE во основната папка на USB-уредот.
    • За Windows:
      1. Одете во директориумот каде што се создала папката, а потоа кликнете со десното копче на глувчето врз папката UPDATE.
      2. Кликнете Send To... (Испрати до...) во менито, а потоа кликнете на податочната единица што го претставува USB-уредот (на пр., „Removable Disk E:“).
      3. Папката UPDATE ќе се копира во USB-уредот.
    ЗАБЕЛЕШКА: ажурирањето нема да се изврши доколку не сте ја копирале папката во основниот директориум на USB-уредот или ако сте го промениле името на папката.
  4. Откако ќе ја копирате папката UPDATE, отстранете го USB-уредот од компјутерот.
Префрлете го ажурирањето во плеерот:

Прво подгответе ја опремата, а потоа префрлете го ажурирањето во вашиот долгнавест звучник.

Подгответе ја опремата:

  1. Вклучете го телевизорот и проверете дали е избран влезниот приклучок во кој е приклучен долгнавестиот звучник. Ако долгнавестиот звучник е поврзан преку приклучокот HDMI 2, тогаш изберете го HDMI 2 како влезен сигнал.
  2. Вклучете го долгнавестиот звучник.
  3. Притиснете HOME на далечинскиот управувач и почекајте да се прикаже почетниот екран.
  4. Вметнете го USB-уредот што ги содржи 4-те датотеки.

Префрлете го ажурирањето:

  1. На почетниот екран, изберете Setup (Поставување) → Software Update (Ажурирање на софтверот) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач, а потоа притиснете го копчето ENTER.
  2. Изберете Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред) со помош на копчињата со стрелки, а потоа притиснете го копчето ENTER.
  3. На телевизорот се прикажува пораката Update files found in the USB memory. Do you want to update software? Current version M34.R.xxxx New version M34.R.2197. Do not turn off the power or remove the USB memory during the update. (Пронајдени се датотеки за ажурирање во USB-уредот. Дали сакате да го ажурирате софтверот? Тековна верзија M34.R.xxxx Нова верзија M34.R.2197. Не исклучувајте го напојувањето и не отстранувајте го USB-уредот за време на ажурирањето.). Изберете OK (Во ред) користејќи го далечинскиот управувач и притиснете ENTER.
  4. На телевизорот ќе се прикаже пораката Update Caution (Предупредување за ажурирање). Изберете OK (Во ред) користејќи го далечинскиот управувач и притиснете ENTER.
  5. Ажурирањето ќе започне.
  6. За време на ажурирањето, на предниот панел ќе се прикажува пораката UPDT.
  7. Ажурирањето на фирмверот ќе заврши кога на предниот панел ќе се прикаже пораката DONE (Готово). Долгнавестиот звучник ќе се рестартира автоматски.
    ЗАБЕЛЕШКА: не исклучувајте го кабелот за напојување за време на ажурирањето.

Чекор 2: проверете дали ажурирањето завршило успешно.

Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е M34.R.2197, тоа значи дека ажурирањето на фирмверот завршило успешно

Решавање проблеми

Што треба да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот на долгнавестиот звучник преку компјутер и USB-уред:
  • На предниот панел наизменично се прикажува текстот UPDT и ERROR.
    1. Исклучете го системот и исклучете го кабелот за напојување со наизменична струја.
    2. Вклучете го напојувањето на долгнавестиот звучник.
    3. Започнете ја постапката Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред).
  • Напојувањето се исклучило за време на ажурирањето.
    Вклучете го долгнавестиот звучник и повторете ја постапката Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред).
  • Не можам да извршам извлекување на датотеката за ажурирање UPDATE_M34R2197.zip што ја преземав од веб-сајтот за ажурирање.
    Дали успешно ја преземавте датотеката? Избришете ја датотеката и преземете ја повторно.
  • Ажурирањето трае повеќе од 30 минути и сè уште не е завршено.
    1. Исклучете го кабелот за напојување со наизменична струја од штекер, а потоа повторно приклучете го по неколку минути.
    2. Вклучете го долгнавестиот звучник.
    3. Започнете ја повторно постапката за ажурирање.