Модел на којшто се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • HT-A8000 / BRAVIA Theatre Bar 8
  • HT-A9000 / BRAVIA Theatre Bar 9

Информации за ова преземање

Придобивки и подобрувања

  • Додава поддршка за поврзување за изборниот сабвуфер BRAVIA Theatre Sub 7
  • Додава поддршка за поврзување за изборниот заден звучник BRAVIA Theatre Rear 8
  • Ја преименува функцијата Standby Through (Пропуштање сигнали во режим на подготвеност) во Signal Pass Through (Проследување сигнал)
  • Подобрува други функции

Предуслови на системот

  • Уред со Android (Android 8.0 или понов) или iPhone (iOS 15.0 или понов).
  • Активна интернет-врска.
  • Мора да ја инсталирате најновата верзија на апликацијата Sony | BRAVIA Connect (вер. 3.1.0 или понова).
  • Контролната кутија мора да биде поврзана со вашиот iPhone или уред со Android.
  • Секој звучник мора да биде поврзан со контролната кутија.

Информации за датотеката

  • Име: Ажурирање на фирмверот 1.341
  • Верзија: 1.341
  • Големина: 329 MB (345 759 722 бајти)
  • Датум на издавање: 08-04-2025

Подготовка

Проверете ја верзијата на фирмверот

Ако верзијата на фирмверот е 1.341, НЕ треба да го извршите ажурирањето.
За да проверите која верзија на фирмверот ја имате, следете ги чекорите подолу:

  1. Вклучете ја контролната кутија.
  2. Стартувајте ја апликацијата Sony | BRAVIA Connect.
  3. Поврзете ја контролната кутија со апликацијата Sony | BRAVIA Connect.
  4. Поврзете го секој звучник со контролната кутија.
  5. Изберете Settings (Поставки) во менито за далечинскиот управувач.
  6. Во менито Settings (Поставки), изберете System Settings (Поставки на системот).
    Опцијата System Settings (Поставки на системот) се наоѓа во петтиот ред од врвот.
  7. Во менито System Settings (Поставки на системот), изберете System Information (Информации за системот).
    Опцијата System Information (Информации за системот) се наоѓа во вториот ред од крајот.
  8. Потврдете ја верзијата на фирмверот. (Игнорирајте го 00 пред бројот на верзијата.)
    Верзијата на софтверот се прикажува на екранот System Information (Информации за системот).

Важно известување

  • НЕ исклучувајте го долгнавестиот звучник и не допирајте го (копче за вклучување) во менито за далечинскиот управувач при ажурирање на фирмверот.
  • Не вршете ажурирање на локација каде што сигналот на Wi-Fi прекинува или е преоптоварен.
    Забелешка: Растојанието за комуникација помеѓу системот на звучници и безжичниот LAN-рутер може да се скрати во зависност од опкружувањето во кое го користите уредот (вклучувајќи го и материјалот на ѕидот), условите за прием на радиобранови или препреките помеѓу двата уреда. Поместете ги системот за звучници и безжичниот LAN-рутер поблиску еден до друг.

Пред да извршите надградба

  • Кога ќе се ажурира фирмверот, нема да можете да ја вратите претходната верзија.
  • Постапката за ажурирање ќе трае приближно 30 минути.
  • Постапката за ажурирање може да трае подолго во зависност од вашиот уред и радиобрановите.

Преземање и инсталирање

Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето

  1. Вклучете ја контролната кутија.
  2. Стартувајте ја апликацијата Sony | BRAVIA Connect.
  3. Поврзете ја контролната кутија со апликацијата Sony | BRAVIA Connect.
  4. Поврзете го секој звучник со контролната кутија.
  5. Изберете Settings (Поставки) во менито за далечинскиот управувач.

    Забелешка: Ако има ажурирање, ќе се прикаже пораката You can update to the latest software. (Можете да извршите ажурирање со најновиот софтвер). Притиснете Confirm (Потврди) за да започне постапката за ажурирање.
    Пораката ќе се прикаже најдолу на екранот, а [Confirm] (Потврди) ќе се прикаже на крајот од десната страна.
  6. Во менито Settings (Поставки), изберете Software update (Ажурирање на софтверот).
    Опцијата Software update (Ажурирање на софтверот) се наоѓа во 8-от ред од врвот.
  7. Потврдете ги информациите за ажурирање на софтверот, а потоа притиснете Update (Ажурирај).
    На долниот дел од екранот, копчињата [Update] (Ажурирај) и [Close] (Затвори) се наоѓаат едно над друго. Копчето [Update] (Ажурирај) се наоѓа на врвот.
  8. Ќе се прикаже текот на ажурирањето.
  9. Потврдете дека ажурирањето на софтверот е завршено.
    На екранот ќе се прикаже [Update completed] (Ажурирањето заврши), а копчињата [Start over again] (Започни одново) и [Later] (Подоцна) ќе се прикажат вертикално на долниот дел.

Чекор 2: проверете дали ажурирањето е успешно

Кога ќе заврши ажурирањето на софтверот, потврдете дека новата верзија е успешно инсталирана со извршување на чекорите во делот Check the Firmware Version (Проверете ја верзијата на фирмверот). Ако прикажаната верзија на фирмверот е 1.341, тогаш ажурирањето на фирмверот е успешно.