Модел на којшто се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • HT-A7100 / BRAVIA Theatre Bar 7

Информации за ова преземање

Придобивки и подобрувања

  • Додава поддршка за поврзување за изборниот сабвуфер BRAVIA Theatre Sub 8 / BRAVIA Theatre Sub 9
  • Додава поддршка за поврзување за изборниот заден звучник BRAVIA Theatre Rear 9
  • Додава поддршка за поврзување до два изборни сабвуфери од истиот модел (BRAVIA Theatre Sub 7, BRAVIA Theatre Sub 8, BRAVIA Theatre Sub 9)

Забелешка: Некои модели може да бидат недостапни во одредени земји или региони.

Предуслови на системот

  • Уред со Android (Android 8.0 или понов) или iPhone (iOS 15.0 или понов).
  • Активна интернет-врска.
  • Мора да ја инсталирате најновата верзија на апликацијата Sony | BRAVIA Connect (вер. 3.1.0 или понова).
  • Контролната кутија мора да биде поврзана со уредот со Android или iPhone.
  • Секој звучник мора да биде поврзан со контролната кутија.

Информации за датотеката

  • Име: Ажурирање на фирмверот 001.400
  • Верзија: 001.400
  • Големина: 233 MB (244 371 949 бајти)
  • Датум на издавање: 31-03-2026

Подготовка

Проверете ја верзијата на фирмверот

Ако верзијата на фирмверот е 001.400 , НЕ треба да го извршите ажурирањето.
За да проверите која верзија на фирмверот ја имате:

  1. Вклучете ја контролната кутија.
  2. Стартувајте ја апликацијата Sony | BRAVIA Connect.
  3. Поврзете ја контролната кутија со апликацијата Sony | BRAVIA Connect.
  4. Поврзете го секој звучник со контролната кутија.
  5. Во менито за далечинскиот управувач, изберете Settings (Поставки).
    [Settings] (Поставки) се прикажува малку под вертикалниот центар на екранот.
  6. Во менито Settings (Поставки), изберете System Settings (Поставки на системот).
    [System Settings] (Поставки на системот) се наоѓа во петтиот ред од врвот.
  7. Во менито System Settings (Поставки на системот), изберете System Information (Информации за системот).
    [System Information] (Информации за системот) се наоѓа во вториот ред од крајот.
  8. Потврдете ја верзијата на фирмверот на контролната кутија и звучниците во Software Version (Верзија на софтверот). (Игнорирајте го 00 пред бројот на верзијата.)
    [Software Version] (Верзија на софтверот) се прикажува на екранот [System Information] (Информации за системот).

Важно известување

  • НЕ исклучувајте го долгнавестиот звучник и не допирајте го (копче за вклучување) во менито за далечинскиот управувач при ажурирање на фирмверот.
  • НЕ вршете ажурирање на локација каде што Wi-Fi-сигналот прекинува или е преоптоварен.
    Забелешка: Растојанието за комуникација помеѓу системот на звучници и безжичниот LAN-рутер може да се скрати во зависност од опкружувањето во кое го користите уредот (вклучувајќи го и материјалот на ѕидот), условите за прием на радиобранови или препреките помеѓу двата уреда. Приближете ги системот на звучници и безжичниот LAN-рутер еден до друг за да го подобрите сигналот.

Пред да извршите надградба

  • Кога ќе се ажурира фирмверот, нема да можете да ја вратите претходната верзија.
  • Постапката за ажурирање ќе трае приближно 30 минути.
  • Постапката за ажурирање може да трае подолго во зависност од вашиот уред и радиобрановите.

Преземање и инсталирање

Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето

  1. Вклучете ја контролната кутија.
  2. Стартувајте ја апликацијата Sony | BRAVIA Connect.
  3. Поврзете ја контролната кутија со апликацијата Sony | BRAVIA Connect.
  4. Поврзете го секој звучник со контролната кутија.
  5. Во менито за далечинскиот управувач, изберете Settings (Поставки).
    [Settings] (Поставки) се прикажува малку под вертикалниот центар на екранот.
    Забелешка: Ако има ажурирање, ќе се прикаже пораката “You can update to the latest software.” (Можете да извршите ажурирање со најновиот софтвер). Притиснете Confirm (Потврди) за да започне постапката за ажурирање.
    Пораката ќе се прикаже најдолу на екранот, а [Confirm] (Потврди) ќе се прикаже на крајот од десната страна.
  6. Во менито Settings (Поставки), изберете Software update (Ажурирање на софтверот).
    [Software update] (Ажурирање на софтверот) се наоѓа во 8-от ред од врвот.
  7. Потврдете ги информациите за ажурирање на софтверот, а потоа притиснете Update (Ажурирај).
    На долниот дел од екранот, копчињата [Update] (Ажурирај) и [Close] (Затвори) се наоѓаат едно над друго. Копчето [Update] (Ажурирај) се наоѓа на врвот.
  8. Ќе се појави лента за текот на ажурирањето. Екранот ќе се промени кога ќе заврши ажурирањето.
  9. Потврдете дека ажурирањето на софтверот е завршено.
    На екранот ќе се прикаже [Update completed] (Ажурирањето заврши), а копчињата [Start over again] (Започни одново) и [Later] (Подоцна) ќе се прикажат вертикално на долниот дел.

Чекор 2: проверете дали ажурирањето е успешно

Кога ќе заврши ажурирањето на софтверот, проверете дали новата верзија е успешно инсталирана со следење на чекорите во делот Проверете ја верзијата на фирмверот на оваа страница. Ако прикажаната верзија на фирмверот е 001.400 , ажурирањето е успешно.