Модел на којшто се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- HT-A5000
Информации за ова преземање
Придобивки и подобрувања
- Додава поддршка за поврзување за изборниот сабвуфер BRAVIA Theatre Sub 7
- Додава поддршка за поврзување за изборниот заден звучник BRAVIA Theatre Rear 8
- Подобрува други функции
Претходни придобивки и подобрувања
Погледнете ги претходните придобивки и подобрувањаИнформации за датотеката
- Име: Ажурирање на фирмверот со верзијата 1.789 за HT-A5000
- Верзија: 1.789
- Големина: 551 MB (578 215 532 бајти)
- Датум на издавање: 08-04-2025
Подготовка
Проверете ја верзијата на фирмверот
Фирмверот можеби веќе е ажуриран, особено ако имате нов долгнавест звучник. Ако бројот на верзијата e 1.789 или поголем, тогаш не е потребно да вршите ажурирање.
Ако не сте сигурни, лесно може да проверите која верзија на фирмвер ја имате:
- Вклучете го телевизорот и проверете дали е избран влезниот приклучок во кој е приклучен долгнавестиот звучник, односно ако долгнавестиот звучник е поврзан преку приклучокот HDMI2, тогаш изберете го HDMI2 како влезен сигнал.
- Вклучете го долгнавестиот звучник.
- Притиснете HOME на далечинскиот управувач и почекајте да се прикаже функцијата HOME (Почетен екран).
- На почетниот екран, изберете Setup (Поставување) → Advanced Settings (Напредни поставки) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
- Изберете System Settings (Поставки на системот) → System Information (Информации за системот) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
- Ако бројот на верзијата што ќе се прикаже на екранот е 001.789 или поголем (игнорирајте ги 1-та и 2-та нула од бројот на верзијата на софтверот), тоа значи дека веќе ја имате најновата верзија на фирмверот.
Важно известување
- Прочитајте ги инструкциите внимателно, инаку можно е да го оштетите HT-A5000.
- Не исклучувајте го HT-A5000 и не прекинувајте го неговото напојување додека трае ажурирањето.
- Не притиснувајте други копчиња освен копчињата наведени во инструкциите.
- Не исклучувајте го кабелот за напојување додека трае преземањето и ажурирањето на софтверот. Тоа може да предизвика паѓање на системот.
Преземање и инсталирање
Постојат два начини за ажурирање на фирмверот:
- Ажурирање преку интернет (препорачано)
- Извршете ажурирање преку USB-уред и вашиот компјутер
Ажурирање преку интернет
Го препорачуваме овој метод како наједноставен начин за ажурирање. Може да трае приближно 15-30 минути. Прво поставете ја опремата, а потоа преземете го ажурирањето од интернет.
Што е потребно:
- активна интернет-врска (преку безжичен рутер)
- компатибилен телевизор
Поставете ја опремата:
- Вклучете го телевизорот и проверете дали е избран влезниот приклучок во кој е приклучен долгнавестиот звучник (ако долгнавестиот звучник е поврзан преку приклучокот HDMI2, тогаш изберете го HDMI2 како влезен сигнал).
- Поврзете го долгнавестиот звучник со уредот за интернет преку безжичен рутер.
- Вклучете го долгнавестиот звучник.
- Притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач и почекајте да се прикаже функцијата HOME (Почетен екран).
Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето
- Во менито HOME (Почетен екран), изберете Setup (Поставување) → Advanced Settings (Напредни поставки) → Software Update (Ажурирање на софтверот) → Network update (Ажурирање преку мрежа) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
- Кога на телевизорот ќе се прикаже пораката Update to a new software version. Never turn off the power while performing the update. Current version 00x.xxx New version 001.789 (Ажурирајте го софтверот со нова верзија. Не исклучувајте го напојувањето додека трае ажурирањето. Тековна верзија 00x.xxx Нова верзија 001.789, изберете OK (Во ред) користејќи го далечинскиот управувач и притиснете ENTER.
- На телевизорот ќе се прикаже пораката Update Caution (Предупредување за ажурирање). Изберете OK (Во ред) користејќи го далечинскиот управувач и притиснете ENTER.
- Звучникот ги презема податоците од фирмверот од интернет.
- Откако ќе заврши со преземањето, долгнавестиот звучник ќе се рестартира и ќе започне ажурирањето на главниот уред. За време на ажурирањето на главниот уред, на предниот панел се прикажува статусот на напредокот на ажурирањето XX%.
- Откако главниот уред ќе се ажурира, долгнавестиот звучник повторно ќе се рестартира автоматски. Потоа, доколку е потребно, ќе започне ажурирањето на сабвуферот или на задните звучници.
- Ажурирањето ќе заврши кога на телевизорот ќе се појави порака за завршено ажурирање.
Чекор 2: проверете дали ажурирањето е успешно
Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е 1.789, тоа значи дека ажурирањето на фирмверот завршило успешно.
Решавање проблеми
Што треба да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот на долгнавестиот звучник преку интернет.
- На телевизорот се прикажува пораката The device is not connected to network. To update, your Sound Bar needs to be connected to the Internet. (Уредот не е поврзан во мрежа. За да го извршите ажурирањето, вашиот долгнавест звучник треба да биде поврзан на интернет). Ако не можете да ја извршите функцијата Update via Internet (Ажурирање преку интернет), тогаш обидете се да ја извршите функцијата Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред).
- Проверете дали рутерот и сите уреди што се поврзани помеѓу долгнавестиот звучник и рутерот се вклучени.
- Проверете дали сите кабли помеѓу долгнавестиот звучник и рутерот се правилно поврзани.
- Започнете ја повторно постапката за ажурирање.
- Откако ќе започне постапката Update via Internet (Ажурирање преку интернет), пораката Download capacity: xxxxxxKB/xxxxxKB and xx% is display in TV screen (Капацитет за преземање: xxxxxxKB/xxxxxKB и xx% се прикажуваат на телевизорот) се прикажува, но лентата за напредок на екранот не се менува.
Во зависност од мрежната врска, постапката Update via Internet (Ажурирање преку интернет) може да трае долго (до 60 минути). Затоа се прикажува пораката Download capacity: xxxxxxKB/xxxxxKB and xx% is display in TV screen (Капацитет за преземање: xxxxxxKB/xxxxxKB и xx% се прикажуваат на телевизорот), а лентата за напредок на екранот не се менува долго време. - Додека трае постапката Update via Internet (Ажурирање преку интернет), на телевизорот се прикажува пораката Connection status cannot be confirmed. Cannot communicate with the server. Please try again later. (Статусот на врската не може да се потврди. Не е можна комуникација со серверот. Обидете се подоцна.) и не може да извршите надградба на фирмверот.
- Проверете дали безжичната мрежа е поврзана.
- Проверете дали долгнавестиот звучник има сопствена IP-адреса во мрежните поставки (ако користите прокси сервер, внесете ја IP-адресата на прокси серверот што го користите во полето Proxy Server (Прокси сервер) наместо името на прокси серверот).
- Започнете го ажурирањето повторно.
- Напојувањето се исклучило за време на ажурирањето.
Вклучете го долгнавестиот звучник и започнете го ажурирањето повторно. - Ажурирањето трае повеќе од 60 минути и сè уште не е завршено.
Доколку проблемот не се отстрани, можеби брзината на пренос на мрежата е мала. Во тој случај, ажурирајте го системот со постапката Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред). - На телевизорот се прикажува пораката Already Updated (Веќе е извршено ажурирање).
Верзијата на фирмверот што е инсталирана во долгнавестиот звучник е најновата верзија.
Извршете ажурирање преку USB-уред и вашиот компјутер
Ако е можно, ви препорачуваме да го извршите ажурирањето преку интернет. Доколку не е, тогаш може да го примените следниот метод. Преземете го ажурирањето во компјутер, префрлете го во USB-уред, а потоа префрлете го во HT-A5000.
Подготовки за ажурирање на фирмверот
Пред да го преземете фирмверот, проверете дали во компјутерот е инсталиран еден од следните оперативни системи и подгответе го USB-флеш уредот.
Оперативни системи
- Windows 11
- Windows 10
- Mac OS X
Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето
- Прочитајте ги и согласете се со правилата и условите.
- Преземете ја датотеката A5HT-1_789.zip во вашиот компјутер, а притоа запомнете во кој директориум ќе ја ставите.
- Најдете ја датотеката во компјутерот, кликнете со десното копче на глувчето врз неа и кликнете Properties (Својства). Проверете дали големината е 551 MB (578 215 532 бајти).
Префрлете ги датотеките во USB-уредот за складирање:
- Извлечете ја датотеката за ажурирање од датотеката A5HT-1_789.zip.
- Кај оперативниот систем Mac OS X:
- Одете до локацијата каде што се наоѓа преземената датотека и кликнете двапати на датотеката A5HT-1_789.zip.
- Ќе се создаде нова датотека со име F_A5HT2.UPG.
- За оперативниот систем Microsoft Windows:
- Одете до директориумот каде што се наоѓа преземената датотека и кликнете со десното копче на глувчето врз датотеката A5HT-1_789.zip, а потоа кликнете Extract All (Извлечи сè).
Забелешка: За Windows, според зададените поставки за Microsoft Edge, датотеката ќе се зачува во папката Downloads (Преземања). За да ја пронајдете папката Downloads (Преземања), кликнете на плочката Desktop (Работна површина) во Start (Почеток) и побарајте ја преземената датотека преку Windows Explorer. - Во прозорецот на функцијата Extract Compressed (Zipped) Folders (Извлечи компресирани (зипувани) папки) кликнете Extract (Извлечи).
- Ќе се создаде нова датотека со име F_A5HT2.UPG.
- Одете до директориумот каде што се наоѓа преземената датотека и кликнете со десното копче на глувчето врз датотеката A5HT-1_789.zip, а потоа кликнете Extract All (Извлечи сè).
- Кај оперативниот систем Mac OS X:
- Приклучете компатибилен USB-уред за складирање во компјутерот.
- Префрлете ја датотеката F_A5HT2.UPG во USB-уредот за складирање:
- Кај оперативните системи Mac OS X: Повлечете ја и спуштете ја датотеката F_A5HT2.UPG во основната папка на USB-уредот.
- Кај оперативните системи Windows:
- Одете во директориумот каде што се создала папката, а потоа кликнете со десното копче на глувчето врз датотеката F_A5HT2.UPG.
- Кликнете Send To... (Испрати до...) во менито, а потоа кликнете на податочната единица што го претставува USB-уредот (на пр., „Removable Disk E:“).
- Датотеката F_A5HT2.UPG ќе се копира во USB-уредот.
- Откако ќе ја копирате датотеката F_A5HT2.UPG, отстранете го USB-уредот од компјутерот.
Префрлете го ажурирањето во HT-A5000
Прво подгответе ја опремата, а потоа префрлете го ажурирањето во вашиот HT-A5000.
Подгответе ја опремата:
- Вклучете го телевизорот и проверете дали е избран влезниот приклучок во кој е приклучен долгнавестиот звучник. (Ако долгнавестиот звучник е поврзан преку приклучокот HDMI2, тогаш изберете го HDMI2 како влезен сигнал).
- Вклучете го долгнавестиот звучник.
- Притиснете HOME на далечинскиот управувач и почекајте да се прикаже функцијата HOME (Почетен екран).
- Вметнете го USB-уредот што ја содржи датотеката F_A5HT2.UPG.
Префрлете го ажурирањето:
- Во менито HOME (Почетен екран), изберете Setup (Поставување) → Advanced Settings (Напредни поставки) → Software Update (Ажурирање на софтверот) → USB update (Ажурирање преку USB) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
- Кога на телевизорот ќе се прикаже пораката Update to a new software version. Never turn off power while performing update. Current version xxx.xxx New version 001.789 (Ажурирајте го софтверот со нова верзија. Не исклучувајте го напојувањето додека трае ажурирањето. Тековна верзија xxx.xxx Нова верзија 001.789, изберете OK (Во ред) користејќи го далечинскиот управувач и притиснете ENTER.
- Кога пораката Update Caution (Предупредување за ажурирање) ќе се прикаже на телевизорот, изберете OK (Во ред) користејќи го далечинскиот управувач и притиснете ENTER.
- Долгнавестиот звучник ќе ги преземе податоците за фирмверот од USB-уредот.
- Откако ќе заврши со преземањето, долгнавестиот звучник ќе се рестартира и ќе започне ажурирањето на главниот уред. За време на ажурирањето на главниот уред, на предниот панел се прикажува статусот на напредокот на ажурирањето XX%.
- Откако главниот уред ќе се ажурира, долгнавестиот звучник повторно ќе се рестартира автоматски. Потоа, доколку е потребно, ќе започне ажурирањето на сабвуферот или на задните звучници.
- Ажурирањето ќе заврши кога на телевизорот ќе се појави порака за завршено ажурирање.
Чекор 2: проверете дали ажурирањето е успешно
Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е 1.789, тоа значи дека ажурирањето на фирмверот завршило успешно.
Решавање проблеми
Што треба да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот на долгнавестиот звучник преку компјутер и USB-уред.
- На предниот панел наизменично се прикажува текстот UPDT и ERROR.
- Исклучете го системот и исклучете го кабелот за напојување со наизменична струја.
- Вклучете го напојувањето на долгнавестиот звучник.
- Започнете ја повторно постапката Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред).
- Напојувањето се исклучило за време на ажурирањето.
Вклучете го долгнавестиот звучник и повторете ја постапката Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред). - Не можам да извршам извлекување на датотеката за ажурирање A5HT-1_789.zip што ја преземав од веб-сајтот.
Дали успешно ја преземавте датотеката? Избришете ја датотеката и преземете ја повторно. - Ажурирањето трае повеќе од 60 минути и сè уште не е завршено.
- Исклучете го кабелот за напојување со наизменична струја од штекер, а потоа повторно приклучете го по неколку минути.
- Вклучете го долгнавестиот звучник.
- Започнете ја повторно постапката за ажурирање.