Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:
  • SRS-X9 / SRS-X88 / SRS-X99
  • MAP-S1
  • CMT-SX7 / CMT-SX7B
  • CAS-1
  • RSX-GS9
  • SRS-HG1

За ова преземање

Двигателот Sony Audio е програма за подобрување на работата на функцијата УСБ-Б.

Напомена: кога ќе сакате да го ажурирате софтверот за двигателот, треба да се деинсталира старата верзија на софтверот за двигателот за да се инсталира нова верзија.

Како да го деинсталирате софтверот за двигателот?

  1. Кликнете на Start (Старт)Setting (Поставка)Control Panel (Контролна табла)Add, remove of program (Додај, отстрани програмa)
  2. Изберете Sony Audio и притиснете Remove (Отстрани) или uninstall (деинсталирај)
  3. Пртодолжете со датотеката за уредување за да деинсталирате

Системски побарувања

Оперативни системи

Овој двигател е компатибилен со најчесто користените верзии на Microsoft Windows. На компјутерите Macintosh не им треба никаков двигател.

  • Windows Vista (СП2, 32/64-битен)
  • Windows 7 (СП1, 32/64-битен)
  • Windows 8 (32/64-битен)
  • Windows 8,1 (32/64-битен)

Уред

  • УСБ-порта (компатибилна со УСБ 2.0)

Преземи

Како да преземете двигател за Sony Audio:

  1. Ако користите оперативни системи со Windows: уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права. Ако сте корисник на Windows 7 или Windows Vista, во дијалог-рамката од контролата за корисничка сметка ќе се појави пораката „Windows needs your permission to continue“ (Windows бара Ваша дозвола за да продолжи). Кликнете Continue (Продолжи) за да продолжите и следете ги известувањата
  2. Прочитајте го одрекувањето од одговорност што се наоѓа на дното од страницата и согласете се со одредбите и условите со кликнување на полето за штиклирање. Потоа кликнете Download (Преземи)
  3. Ќе започне преземањето на датотеката Sony_Audio_USB_Driver_V1.10.zip (8,88 MБ)
  4. Зачувајте ја датотеката на работната површина на Вашиот компјутер.
    Ако користите Windows 8 или 8.1, датотеката за ажурирање може да се зачува автоматски во папката Downloads (Преземања). Кликнете на сликичката Desktop (Работна површина) од почетниот екран (Start) и најдете ја преземената датотека во папката Downloads (Преземања) користејќи го Explorer

Инсталирај

  1. Уверете се дека сте најавени на компјутерот како администратор
  2. За да обезбедите дека ниту една друга програма нема да го попречува инсталирањето, зачувајте ја целата работа и затворете ги сите други програми. Во лентата со задачи (Taskbar) не треба да има апликации пред да продолжите
  3. Одете на работната површина од компјутерот и отпакувајте ја датотеката Sony_Audio_USB_Driver_V1.10.zip
  4. Кликнете двапати на датотеката Setup.exe за да започне инсталацијата
  5. Следете ги упатствата на екранот за да го завршите инсталирањето на Sony Audio-двигателот. Престартувајте го компјутерот кога ќе се побара тоа
  6. Користејќи USB-кабел, поврзете го компјутерот со релевантниот USB приклучок според моделот што го поседувате:
    • На Map-S1, SRS-X9, SRS-X88/99, SRS-HG1 и CMT-SX7/SX7B користете го USB приклучокот на задниот панел
    • На RSX-GS9, користете го USB приклучокот (тип микро B) на предниот панел
  7. Вклучете го уредот:
    • MAP-S1
    • CMT-SX7/SX7-B: Изберете ја функцијата „USB REAR“ (USB ОДЗАДИ) со далечинскиот управувач
    • SRS-X9, SRS-X88/X99: Изберете ја функцијата „USB-B“ со допирање на копчето USB-B на уредот
    • SRS-HG1: Изберете ја функцијата „USB“ со допирање на копчето Function на уредот
    • RSX-GS9: Изберете ја функцијата „USB -DAC“ со притискање на копчето за избор на влез на предниот панел или на далечинскиот управувач
  8. Потврдете дека инсталирањето е успешно: одете на control panel (контролниот панел) и отворете го device manager (управувачот со уреди). Потврдете дека „Sony Audio“ е правилно наведен во „Контролори за звук, видео и игри“