Прескокни до содржина

Важни информации поврзани со неодамнешното ажурирање до Windows 8.1

Достапност за ажурирање на двигател за Windows 8.1 за VAIO

За да овозможите оптимално искуство со Windows 8.1 на компјутерот VAIO, некои двигатели и услужни програми ќе треба да се ажурираат по ажурирањето до Windows 8.1.

Нашите инженери моментално ги тестираат овие двигатели за да овозможат непречено користење на VAIO. Важно е да се провери дали се достапни компатибилни двигатели за Windows 8.1. Ние препорачуваме да проверите во нашиот дел DOWNLOAD (ПРЕЗЕМАЊЕ) или да извршите ажурирање со VAIO за да овозможите најдобра можна функционалност. Проверете за ограничувањата откриени по ажурирањето до Windows 8.1.

Периферни уреди што не се полнат преку УСБ на компјутер со Windows 8.1

Неодамна беше откриено дека некои производи не се полнат правилно кога се прикачени на УСБ-порта на компјутер што работи со оперативен систем Windows 8.1. Windows 8.1 е нова верзија на оперативен систем пуштена во употреба од страна на Microsoft® Corporation на 18 октомври 2013 година.

Засегнати производи на Sony(погледни податоци за модели)

  • Фотоапарати Cyber-shot®
  • Камери Handycam®
  • Action Cam (вклучувајќи далечинска контрола со Live-view)
  • Слушалки
  • Дисплеј за поставување на глава
  • Пренослив засилувач за слушалки
  • Пренослива батерија

Причина за проблемот

Изгледа дека овој проблем се јавува поради промена на спецификациите на УСБ-интерфејсот во оепративниот систем Windows 8.1. Тоа не се случува со компјутери што работат во Windows 8 или постари верзии на оперативниот систем Windows.

Решение

Microsoft издаде ажурирање на двигател преку услугата Windows Update за да го реши ова прашање. Ако вашиот компјутер е наместен да се ажурира автоматски со помош на Windows Update, не се потребни дополнителни чекори. Меѓутоа, доколку компјутерот не ја инсталира Windows Updates автоматски, или доколку сè уште постои овој проблем, можете рачно да го инсталирате ажурирањето за двигателот.