Модел на којшто се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • INZONE Hub
  • KBD-G900 / INZONE KBD-H75
  • KBD-G900DE / INZONE KBD-H75
  • KBD-G900FR / INZONE KBD-H75
  • KBD-G900NO / INZONE KBD-H75
  • KBD-G900UK / INZONE KBD-H75
  • MSE-G500 / INZONE Mouse-A
  • IER-G900 / INZONE E9
  • INZONE H3 / MDR-G300
  • INZONE H7 / WH-G700
  • INZONE H9 / WH-G900N
  • WF-G700N / INZONE Buds

Информации за ова преземање

INZONE Hub е софтверска апликација за компјутери што ви овозможува да прилагодите различни поставки за звук и да ги зачувате тие поставки за секоја игра.

Придобивки и подобрувања

  • Додава поддршка за распореди на тастатурата INZONE KBD-H75 (KBD-G900) за следните јазици:
    • Англиски (Обединето Кралство)
    • Германски
    • Француски
    • Норвешки
  • Ги подобрува општите функции

Претходни придобивки и подобрувања

Предуслови на системот

Оперативни системи

  • Windows 11 Home/Pro

Процесор

  • Процесор Intel Core i5 или понов (8-ма генерација или понова)
  • AMD Ryzen 5 или понов

HDD/SSD

  • Слободен простор: 400 MB или повеќе

Забелешки

  • Следните системи не се поддржани:
    • Лично направени компјутери или оперативни системи
    • Надградени оперативни системи
    • Повеќе оперативни системи
  • Компјутерот треба да ги исполнува горенаведените системски предуслови како минимални. Sony не гарантира функционирање кај сите компјутери дури и ако ги исполнуваат овие системски предуслови.
  • Исто така, потребно е да се исполнат предусловите за секој оперативен систем и апликација за игра.
  • Ве молиме користете ги најновите достапни драјвери.
  • Ако користите лаптоп, поврзете го со адаптер за наизменична струја бидејќи ажурирањето може да не работи правилно поради функцијата за заштеда на енергија.

Информации за датотеката

  • Име: INZONEHub_Setup_1.0.18.2.exe
  • Верзија: 1.0.18.2
  • Големина: 138 MB (144 723 496 бајти)
  • Датум на издавање: 25-02-2026

Подготовка

  • Кога ја инсталирате оваа датотека треба да бидете најавени како Administrator (Администратор) или како корисник со администраторски права.
  • За да бидете сигурни дека ниту една друга програма нема да ја попречува инсталацијата, зачувајте ја целата работа и затворете ги сите други програми.

Забелешки:

  • Оваа апликација е за корисници на поддржани уреди произведени од Sony.
  • Во зависност од тоа како се поврзувате на интернет, договорот со вашиот оператор за интернет-услуги итн., можно е да се наплатат надоместоци кога ќе ја преземете апликацијата.
  • Sony не сноси одговорност под ниедни околности за директна или индиректна загуба која би се јавила поради употребата на оваа апликација.
  • Апликацијата е заштитена со авторски права. Не смеете да ја копирате или редистрибуирате апликацијата, или да ја користите за други цели освен тие што се дефинирани од Sony.

Преземање и инсталирање

Пред да започнете со преземањето, не заборавајте да се најавите на вашиот компјутер како Administrator (Администратор).

  1. Преземете ја датотеката на компјутерот.
  2. Исклучете ги сите активни софтвери на компјутерот.
  3. Кликнете двапати на зачуваната датотека и следете ги упатствата на екранот.
  4. Кога на компјутерскиот екран ќе се појави пораката дека надградбата е завршена, кликнете Close (Затвори).

Кога ќе заврши инсталацијата, отворете го софтверот INZONE Hub од почетното мени или преку кратенка на компјутерот, а потоа поврзете го вашиот уред INZONE.
Забелешка: Ако отидете во Settings (Поставки) и изберете LAUNCH INZONE HUB AT PC STARTUP (СТАРТУВАЈ ГО INZONE HUB ПРИ ВКЛУЧУВАЊЕ НА КОМПЈУТЕРОТ), софтверот INZONE Hub ќе стартува автоматски при следното вклучување.