Програма за безбедносно ажурирање на SonicStage CP
За ова преземање
Оваа програма за безбедносно ажурирање го поправа потенцијалното преполнување на меѓумеморијата (buffer overflow) кога се внесуваат одредени злонамерни листи за репродукција (m3u) што можат да предизвикаат затворање на долунаведените верзии на SonicStage® и да активираат арбитрарен код:
- 4.0 / 4.1 /4.2 /4.3
Инсталирај
Пред да ја преземете програмата за безбедносно ажурирање
Проверете дали верзијата на SonicStage инсталирана на вашиот компјутер е една од следниве: 4.0 / 4.1 / 4.2 или 4.3.
- Активирајте го SonicStage
- Во главниот екран на програмата, на менито кликнете на опцијата "Help" (Помош), а потоа на "About SonicStage" (За SonicStage).
- Во прозорецот "About SonicStage" (За SonicStage), проверете дали бројот на верзијата започнува со 4.0 / 4.1 / 4.2 или 4.3.
Забелешка: ако имате различна верзија на SonicStage, тогаш ова ажурирање не е применливо.
Преземање
- За да обезбедите дека ниту една друга програма нема да го попречува инсталирањето, зачувајте ја целата работа и затворете ги сите други програми. Во лентата со задачи (Taskbar) не треба да има апликации пред да продолжите.
- Преземете ја датотеката SonicStageSecurityUpdateProgram-1.0.00.11020.exe во привремена папка или во папка за преземања (Ве молиме видете која е папката).
Инсталирање
- Одете во папката во којашто се наоѓа преземената датотека и двапати кликнете на датотеката SonicStageSecurityUpdateProgram-1.0.00.11020.exe за да започне инсталирањето.
- Ве молиме внимателно следете ги насоките што се прикажуваат на екранот за да го завршите инсталирањето.
Потврдување на инсталирањето
- Активирајте ја програмата SonicStage.
- Во главниот екран на програмата, на менито кликнете на опцијата "Help" (Помош), а потоа на "About SonicStage" (За SonicStage).
- Во прозорецот "About SonicStage" (За SonicStage), во "Module Version" (Верзија на модулот) потврдете дека стои "SonicStage® Security Update Program 1.0.00.11020".
Информации за датотеката
Име на датотека
- SonicStageSecurityUpdateProgram-1.0.00.11020.exe
Големина на датотека
- 3.11 Mb