Прескокни до содржина

Слушајте музика или проследувајте звук од Вашата XperiaTM со One-touch (Еден допир).

Дознајте како да репродуцирате музика и да пренесувате аудиосодржина од паметниот телефон или табла-уредот XperiaTM на безжични звучници или слушалки со помош на One-touch.

Со функцијата One-touch можете да се поврзете со звучници или слушалки користејќи NFC Bluetooth и да слушате аудиосодржина, било да е од репродуктор Walkman, апликација на YouTube или апликации за интернет-радио, како што е TuneIn Radio или апликации за аудиокниги.

Компатибилни уреди

  • Безжичен систем на звучници: SRS-BTM8, SRS-BTV5
  • Персонален аудиосистем: SRS-BTX500, SRS-BTX300, ZS-BTY55, ZS-BTY52, ZS-BTY50
  • Безжични стереослушалки: MDR-1RBT
  • Систем за домашно кино на Sony со функција за слушање One-touch (NFC)
  • Уреди XperiaTM со вградена функција NFC и оперативен систем Android 2.3.3 или понов, освен 3.x

Брзи врски

Како да се користи One-touch

За да ја користите функцијата One-touch, прво ќе треба да го поврзете телефонот или табла-уредот XperiaTM со звучниците или слушалките. Во овој процес се користат NFC и Bluetooth за спарување на уредите. Ако не можете да користите NFC, сѐ уште можете да се поврзете ако ја инсталирате апликацијата NFC Easy Connect од продавницата на Google Play.

Како да поврзете уред XperiaTM со уред компатибилен со функцијата One-touch на Sony

  1. На телефонот или табла-уредот вклучете NFC. Видете како да вклучите NFC за вашиот уред
  2. На уред XperiaTM со активен екран, значи екранот не е заклучен со опцијата за заклучување на телефонот, допрете го уредот XperiaTM на звучникот за препознавање со опцијата NFC. Се открива со (N-mark)
  3. Звучникот или слушалките ќе се вклучат и ќе се спарат со телефонот преку Bluetooth-врска.

Како да ја вклучите NFC за вашиот уред XperiaTM

Android 4.0 и 4.1

  1. Допрете на Иконата од апликацијата на екранот и изберете Settings (Поставки)
  2. Изберете More (Повеќе) и штиклирајте NFC Allow data (Дозволете размена на податоци).

Android 2.3

  1. Допрете на Иконата од апликацијата на екранот
  2. Изберете Settings (Поставки) > Wireless & networks (Безжични мрежи) > NFC.

Поврзете го уредот XperiaTM со звучник SRS-BTV5

За да дознаете како да го поврзете уредот XperiaTM на звучникот, одберете го оперативниот систем:

Android 4.0 и 4.1

  1. На звучникот вклучете ја NFC со поместување на прекинувачот во центарот - не морате да го вклучувате звучникот за да го направите тоа.
  2. На уредот XperiaTM, допрете ја Иконата за апликацијата на екранот и изберете Settings (Поставки)
  3. На уредот XperiaTM изберете More (Повеќе) и штиклирајте NFC Allow data (NFC Дозволете размена на податоци
  4. Допрете го уредот XperiaTM на областа за откривање NFC на звучникот - тоа е прикажано со (N-mark). Кога уредите ќе се поврзат, показателот за Bluetooth ќе запре да трепка и ќе остане запален додека не се поврзат двата уреда.

Android 2.3

  1. На звучникот вклучете ја NFC со поместување на прекинувачот во центарот - не морате да го вклучувате звучникот за да го направите тоа.
  2. На уредот XperiaTM, допрете ја Иконата за апликацијата на екранот и изберете Settings (Поставки) > Wireless & networks (Безжични мрежи) > NFC
  3. На уредот XperiaTM штиклирајте го полето за штиклирање NFC.
  4. Допрете го уредот XperiaTM на областа за откривање NFC на звучникот - тоа е прикажано со (N-mark). Кога уредите ќе се поврзат, показателот за Bluetooth ќе запре да трепка и ќе остане запален додека не се поврзат двата уреда.

Решавање проблеми за слушањето со One-touch

Доколку телефонот или табла-уредот XperiaTM не се поврзе со другиот уред:

  • Проверете дали е вклучена функцијата NFC за вашиот уред XperiaTM:
    • Допрете на Иконата од апликацијата на екранот
    • Изберете Settings (Поставки) > Wireless & networks (Безжични мрежи) > NFC
    • Штиклирајте го полето за штиклирање NFC.
  • Проверете дали екранот на уредот XperiaTM е отклучен
  • Извадете го полначот ако го полните уредот XperiaTM
  • Проверете дали е исклучен фотоапаратот на вашиот уред XperiaTM
  • Извадете го полначот ако ги полните звучниците или слушалките со кои што сакате да се поврзете
  • Ако уредот XperiaTM не вибрира, исклучете ја и повторно вклучете ја функцијата NFC. Поместете го уредот XperiaTM поблиску до (N-mark) на излезниот уред за да се поврзете повторно
  • Во зависност од уредот XperiaTM што го користите, чувствителноста на NFC можеби не е доволно силна за да се поврзе со уредот со само еден допир. Продолжете со допирање на звучникот или слушалките со уредот XperiaTM сѐ додека уредот XperiaTM не почне да вибрира.
Доколку уредот XperiaTM се наоѓа во заштитна кутија и не реагира на допирањето:
  • Ако уредот XperiaTM не вибрира, исклучете ја и повторно вклучете ја функцијата NFC. Поместете го уредот XperiaTM поблиску до (N-mark) на излезниот уред за да се поврзете повторно.