Модел на којшто се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • SDM-U27M90 / INZONE M9

Информации за ова преземање

Придобивки и подобрувања

  • Го коригира управувањето со YUV-сигналот во одредени услови
  • Ја подобрува стабилноста на поврзувањето преку USB-размножувач
  • Ги подобрува општите перформанси на мониторот

Претходни придобивки и подобрувања

Во ова ажурирање се вклучени и следните придобивки и подобрувања.

  • Ја зголемува брзината за автоматско избирање влезен сигнал
  • Го поправа проблемот кога мониторот не ја користи правилната стапка на освежување откако ќе ја ИСКЛУЧИТЕ функцијата VRR
  • Го поправа проблемот кога мониторот не се активира од режим на подготвеност во одредени ситуации
  • Ги подобрува општите перформанси на мониторот

Подготовка

Можете да го ажурирате софтверот на мониторот преку компјутер со Windows. Софтверот не може да се ажурира ако користите други оперативни системи.
Забелешка: За да го извршите ажурирањето на софтверот правилно, поврзете ги само мониторот и компјутерот на следниот начин:

  1. Преземете и инсталирајте ја апликацијата INZONE Hub.
  2. Користете ги следните кабли за да го поврзете компјутерот со мониторот:
    • HDMI-кабел (или друг кабел) за пренос на видео
    • USB-кабел за пренос на податоци за ажурирањето
    Пример на метод за поврзување: Користете го приклучокот HDMI 1 (A) за поврзување преку влезот за видео и приклучокот USB Type-C (B) за поврзување преку USB.
    Каблите се поврзани од компјутер во приклучоците A и B на мониторот.
    Поставки за примерот на метод за поврзување: Во софтверот INZONE Hub или во менито на мониторот, во USB Hub (USB-размножувач), поставете го KVM SWITCH 1 (KVM-ПРЕНАСОЧУВАЧ 1) на HDMI 1 Sync (Синхронизација преку HDMI 1).

Совет: За сите начини и поставки за поврзување достапни во менито на мониторот или во софтверот INZONE Hub, погледнете го следново:

Преземање и инсталирање

Следете ги овие чекори за да го ажурирате софтверот на мониторот:

  1. Рестартирајте ги мониторот и компјутерот.
  2. Стартувајте го софтверот INZONE Hub.
  3. Изберете Device Settings (Поставки за уредот).
  4. Изберете го копчето Update (Ажурирај).
    Забелешка: Кога е достапно ново ажурирање, ќе се прикаже известување во делот System Software Information (Информации за системскиот софтвер).
  5. Прочитајте ги информациите на екранот, а потоа изберете го копчето Update Now (Ажурирај сега).
    Забелешка: Уверете се дека во компјутерот не се приклучени други монитори.

Како да ја проверите верзијата на софтверот на мониторот INZONE

Преку екранот на мониторот

  1. Притиснете ја палката на задниот дел од мониторот за да се прикаже менито.
  2. Движете ја палката надесно за да изберете Others (Друго)-DDC/CI.
  3. Движете ја палката надолу и изберете Software version (Верзија на софтверот).
  4. Верзијата на софтверот се прикажува на мониторскиот екран.
    • Главна: Mxxx
    • Споредна: xxx

Преку софтверот INZONE Hub

  1. Изберете ја картичката Device Settings (Поставки за уредот) во INZONE Hub.
  2. Верзијата на софтверот се прикажува во System Software Information (Информации за системскиот софтвер).
    • ВЕРЗИЈА (ГЛАВНА): xxxx
    • ВЕРЗИЈА (СПОРЕДНА): xxx

Забелешка: Ако немате компјутер со Windows, погледнете го делот Контактирајте со службата за поддршка во овој напис.