Модел на којшто се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- SDM-F27M30 / INZONE M3
Информации за ова преземање
Придобивки и подобрувања
- Ја зголемува брзината за автоматско избирање влезен сигнал
- Ги подобрува општите перформанси на мониторот
Подготовка
Можете да го ажурирате софтверот на мониторот преку компјутер со Windows. Софтверот не може да се ажурира ако користите други оперативни системи.
Забелешка: За да го извршите ажурирањето на софтверот правилно, поврзете ги само мониторот и компјутерот на следниот начин:
- Преземете и инсталирајте ја апликацијата INZONE Hub.
- Користете ги следните кабли за да го поврзете компјутерот со мониторот:
- HDMI-кабел (или друг кабел) за пренос на видео
- USB-кабел за пренос на податоци за ажурирањето
Поставки за примерот на метод за поврзување: Во софтверот INZONE Hub или во менито на мониторот, во USB Hub (USB-размножувач), поставете го KVM SWITCH 1 (KVM-ПРЕНАСОЧУВАЧ 1) на HDMI 1 Sync (Синхронизација преку HDMI 1).
Совет: За сите начини и поставки за поврзување достапни во менито на мониторот или во софтверот INZONE Hub, погледнете го следново:
Поставката за USB Hub (USB-размножувач) според приклучоците за поврзување на мониторотПреземање и инсталирање
Следете ги овие чекори за да го ажурирате софтверот на мониторот:
- Рестартирајте ги мониторот и компјутерот.
- Стартувајте го софтверот INZONE Hub.
- Изберете Device Settings (Поставки за уредот).
- Изберете го копчето Update (Ажурирај).
Забелешка: Кога е достапно ново ажурирање, ќе се прикаже известување во делот System Software Information (Информации за системскиот софтвер).
- Прочитајте ги информациите на екранот, а потоа изберете го копчето Update Now (Ажурирај сега).
Забелешка: Уверете се дека во компјутерот не се приклучени други монитори.
Како да ја проверите верзијата на софтверот на мониторот INZONE
Преку екранот на мониторот
- Притиснете ја палката на задниот дел од мониторот за да се прикаже менито.
- Движете ја палката надесно за да изберете Others (Друго)-DDC/CI.
- Движете ја палката надолу и изберете Software version (Верзија на софтверот).
- Верзијата на софтверот се прикажува на мониторскиот екран.
- Главна: Mxxx
- Споредна: xxx
Преку софтверот INZONE Hub
- Изберете ја картичката Device Settings (Поставки за уредот) во INZONE Hub.
- Верзијата на софтверот се прикажува во System Software Information (Информации за системскиот софтвер).
- ВЕРЗИЈА (ГЛАВНА): xxxx
- ВЕРЗИЈА (СПОРЕДНА): xxx
Забелешка: Ако немате компјутер со Windows, погледнете го делот Контактирајте со службата за поддршка во овој напис.