Ажурирање на фирмверот за RSX-GS9 верзија 13
Sony | Апликација Music Center компатибилна со функција за DAC-излез преку USB
Модели на кои се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- RSX-GS9
За ова преземање
Придобивки и подобрувања од претходното ажурирање
- Репродукција на native DSD 11,2 MHz/1 бит (*) со паметен телефон Android на USB DAC
Репродукција на native DSD 5,6 MHz/1 бит(*) со телефон на USB DAC
од Sony | Music Center.
(*)За репродукција на native DSD, потребен е паметен телефон. - Sony | Апликација Music Center компатибилна со функција за DAC-излез преку USB
Претходни придобивки и подобрувања
- Прикажување на насловот на песната преку USB 1 и USB 2
- Се прикажува името на повикувачот кога се користи повикување без користење на раце преку Bluetooth
- Одете до Settings (Параметри) > Sony App (Апликација Sony) за да го поставите активирањето на апликацијата Music Center на AUTO (Автоматски) или OFF (Исклучено)
- Поставување на осветленоста
- Репродукција на native DSD 11,2 MHz/1 бит со Walkman(*) преку USB DAC
(*)За репродукција на native DSD 11,2 MHz/1 бит, потребен е компатибилен Walkman.
Можно е да не е достапен компатибилен Walkman во вашата земја или регион. - Компатибилно со апликацијата Sony | Music Center
- Содржината DSD5.6MHz/1bit сега може да се репродуцира на приклучоците USB1 и USB2
- Поправања на грешки за филтерот со висок проток и филтерот со низок проток
- Исто така ја поправа и грешката кога екранот за порамнување на времето не се задржува кога палењето е вклучено
Информации за датотеката
Име на датотека
- RSXGS9_v13.zip
Верзија на датотека
- 13
Големина на датотека
- 72.1 МБ (75.699.787 бајти)
Датум на издавање
- 09/11/2017
Подготовка
- Соодветни верзии на фирмверот:
- Доколку фирмверот на вашата единица е верзија „13“ или поголема, не треба да го извршите ажурирањето
Како да ја потврдите верзијата на фирмверот на главниот уред
Забелешка: Проверете дали го имате далечинскиот управувач при рака
- Поставете го главниот уред на „ON“ („ВКЛУЧЕНО“)
- Притиснете го и задржете го копчето „SRC“ („ИЗВОР“) 1 секунда на главниот уред за да го исклучите изворот и да се прикаже часовникот
- Притиснете го копчето „MENU“ („МЕНИ“) на далечинскиот управувач повеќе од 2 секунди
- Притискајте ги копчињата „↑“ или „↓“ на далечинскиот управувач за да прикажете „GENERAL“ („ОПШТО“), и притиснете го копчето „ENTER“ („ВНЕСИ“) на далечинскиот управувач
- Притискајте ги копчињата „↑“ или „↓“ на далечинскиот управувач за да прикажете „Firmware“ („Фирмвер“), и притиснете го копчето „ENTER“ („ВНЕСИ“) на далечинскиот управувач
- Притискајте ги копчињата „↑“ или „↓“ на далечинскиот управувач за да прикажете „Version“ („Верзија“), и притиснете го копчето „ENTER“ („ВНЕСИ“) на далечинскиот управувач
- Тогаш ќе се прикаже тековната верзија на фирмверот. Ако прикажаната верзија е „13“ или поголема, не треба да го извршите ажурирањето
Инсталирај
1. Подготовка: како да подготвите USB-уред за складирање за ажурирање на фирмверот
- Поврзете го USB-уредот со вашиот компјутер и не заборавајте да го форматирате, избирајќи ги датотечните системи FAT16, FAT32 или ex-FAT
- Уверете се дека вашиот компјутер е поврзан на Интернет
- Преземете ја датотеката за ажурирање на компјутерот
- Име на датотека: RSXGS9_v13.zip
- Големина на датотека: 72.1 МБ (75.699.787 бајти)
- Отпакувајте ја преземената zip датотека
- Копирајте ја папката „UPDATE“ („АЖУРИРАЈ“) во коренскиот именик на USB-уредот кој е поврзан со вашиот компјутер
- Исклучете го USB-уредот од вашиот компјутер
2. Ажурирање: како да го ажурирате фирмверот на главниот уред користејќи USB-уред за складирање
Забелешки:
- Ажурирањето преку USB може да се изведе само со користење на USB1 приклучокот на предниот панел
- Осигурете се дека ќе ги следите сите чекори што се наведени подолу
- За постапката за ажурирање во вашето возило ќе биде потребно приближно 5 минути
- Паркирајте го автомобилот на безбедно место и запалете го моторот за да избегнете пад на напонот на енергијата кон единицата
- Немојте да го исклучувате напојувањето на батеријата или напојувањето на палењето (напојување на галантеријата) за време на ажурирањето, бидејќи тоа може да предизвика дефект
- Поставете го главниот уред на „ON“ („ВКЛУЧЕНО“) и почекајте 30 секунди единицата целосно да се врати од режим на подготвеност.
- Притиснете го и задржете го копчето „SRC“ („ИЗВОР“) 1 секунда на главниот уред за да го исклучите изворот и да се прикаже часовникот
- Притиснете го копчето „MENU“ („МЕНИ“) на далечинскиот управувач повеќе од 2 секунди
- Притискајте ги копчињата „↑“ или „↓“ на далечинскиот управувач за да прикажете „GENERAL“ („ОПШТО“), и притиснете го копчето „ENTER“ („ВНЕСИ“) на далечинскиот управувач
- Притискајте ги копчињата „↑“ или „↓“ на далечинскиот управувач за да прикажете „Firmware“ („Фирмвер“), и притиснете го копчето „ENTER“ („ВНЕСИ“) на далечинскиот управувач
- Притискајте ги копчињата „↑“ или „↓“ на далечинскиот управувач за да прикажете „Update“ („Ажурирај“), и притиснете го копчето „ENTER“ („ВНЕСИ“) на далечинскиот управувач
- Притискајте ги копчињата „↑“ или „↓“ на далечинскиот управувач за да прикажете „YES“ („ДА“), и притиснете го копчето „ENTER“ („ВНЕСИ“) на далечинскиот управувач
- Кога екранот покажува „Insert USB“ („Вметнете USB“), вметнете го USB-уредот за складирање којшто го содржи ажурирањето на фирмверот во приклучокот USB1
- Ажурирањето треба да заврши за околу 5 минути, а кога успешно ќе заврши, единицата автоматски ќе се рестартира од состојба на ИСКЛУЧЕН извор (каде се прикажува часовникот)
- Потврдете дали верзијата на фирмверот е ажурирана следејќи ја погоре наведената постапка „Како да ја потврдите верзијата на фирмверот на главниот уред“. Ако прикажаниот број на верзијата е „13“, ажурирањето на фирмверот е завршено