Ажурирање на фирмвер „M 13 / S 35“ за DSX-A410BT
Додава функција за поставување на говорен излез без користење на раце
Модели на кои се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- DSX-A410BT
ВАЖНО: Оваа датотека треба да се користи само со наведените модели. Сите модели не се продаваат во сите држави.
За ова преземање
Придобивки и подобрувања со најновото ажурирање
- Додава функција за поставување на говорен излез без користење на раце
- Го подобрува поврзувањето преку Bluetooth
Претходни придобивки и подобрувања
- Го поправа проблемот со изобличување на звукот кога филтерот со висока пропустливост HPF (High Pass Filter) е поставен на ON (вклучено)
- Го решава проблемот кога нема излез на звукот во тек на повик од звучник на главниот уред кога поставувањето за RINGTONE (Тон за ѕвонење) на поставувањето за Bluetooth е поставено на 1
Системски побарувања
Што ви треба
- компјутер со пристап на интернет
- USB-уред за складирање
- Не е поддржана USB-меморија со exFAT-формат.
- Не е поддржана USB-меморија со капацитет над 32 GB.
Информации за датотеката
Име на датотека
- DSX-A410BT_M13S35.zip
Верзија на датотека
- M 13 / S 35
Големина на датотека
- 1,54 MB (1.618.710 бајти)
Датум на издавање
- 27-02-2019
Подготовка
- Соодветни верзии на фирмверот:
- Ако верзијата на фирмверот на уредот е „M 13 / S 35“ или понова, не треба да го извршите ажурирањето
Како да ја потврдите верзијата на фирмверот на главниот уред
- Поставете го главниот уред на „ON“ (ВКЛУЧЕНО)
- Притиснете го и задржете го копчето „SRC“ („ИЗВОР“) 1 секунда на главниот уред за да го исклучите изворот и да се прикаже часовникот
- Притиснете го копчето „MENU“ („МЕНИ“)
- Свртете го контролното копче за да се прикаже „GENERAL“ („ОПШТО“) и притиснете го контролното копче
- Свртете го контролното копче за да се прикаже „SET FIRMWARE“ („ПОСТАВИ ФИРМВЕР“) и притиснете го контролното копче
- Свртете го контролното копче за да се прикаже „FW VERSION“ („ВЕРЗИЈА НА ФИРМВЕР“) и притиснете го контролното копче. Тогаш ќе се прикаже тековната верзија на фирмверот.
Преземање и инсталирање
1. Подготовка: како да подготвите USB-уред за складирање за ажурирање на фирмверот
- Поврзете го USB-уредот со вашиот компјутер и не заборавајте да го форматирате, избирајќи ги датотечните системи FAT16 или FAT32
- Уверете се дека вашиот компјутер е поврзан на Интернет
- Преземете ја датотеката за ажурирање на компјутерот
- Име на датотека: DSX-A410BT_M13S35.zip
- Големина на датотеката: 1,54 MB (1.618.710 бајти)
- Отпакувајте ја преземената zip датотека
- Копирајте ја датотеката DSX-A410BT_M13S35.U88 и датотеката DSX-A410BT_DSP_M13S35.up6 во коренската папка на USB-уредот што е поврзан со компјутерот
Белешка: ажурирањето нема да се изврши ако датотеката не се копира во коренската папка на USB-уредот или ако се промени нејзиното име - Исклучете го USB-уредот од вашиот компјутер
2. Ажурирање: како да го ажурирате фирмверот на главниот уред користејќи USB-уред за складирање
Забелешки:
- За завршување на постапката за ова ажурирање (во автомобилот или бродот) ќе бидат потребни приближно 3 минути
- Осигурете се дека ќе ги следите сите чекори што се наведени подолу
- За да спречите напонот на батеријата да падне многу ниско во текот на процесот на ажурирање, се препорачува да го извршите ова ажурирање додека моторот на автомобилот (или бродот) работи. Пред да започнете со процесот на ажурирање додека моторот на автомобилот (или бродот) работи, паркирајте го возилото на безбедно место и оставете го моторот да работи додека ажурирањето не заврши.
- Поставете го главниот уред на „ON“ (ВКЛУЧЕНО)
- Притиснете го и задржете го копчето „SRC“ („ИЗВОР“) 1 секунда на главниот уред за да го исклучите изворот и да се прикаже часовникот
- Притиснете го копчето „MENU“ („МЕНИ“)
- Свртете го контролното копче за да се прикаже „GENERAL“ („ОПШТО“) и притиснете го контролното копче
- Свртете го контролното копче за да се прикаже „SET FIRMWARE“ („ПОСТАВИ ФИРМВЕР“) и притиснете го контролното копче
- Свртете го контролното копче за да се прикаже „FW UPDATE“ („АЖУРИРАЊЕ НА ФИРМВЕР“) и притиснете го контролното копче
- Свртете го контролното копче за да се прикаже „FW UPDATE-YES“ („АЖУРИРАЊЕ НА ФИРМВЕР-ДА“) и притиснете го контролното копче
- Кога ќе се прикаже пораката „INSERT USB“ („СТАВЕТЕ USB“), поврзете го USB-уредот за складирање во USB-приклучокот на предниот панел од главниот уред
- Ажурирањето ќе заврши за приближно 3 минути и кога ќе заврши успешно, уредот ќе се престартува автоматски
- Потврдете дека верзијата на фирмвер е ажурирана на верзијата M 13 / S 35