Системски софтвер верз. 1.02 за FDR-AX53 (Windows)
Ја подобрува стабилноста на сликата при користење на поместување/завртување кога се користи статив
Модели на кои се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- FDR-AX53
За ова преземање
- Име: Ажурирање за системски софтвер верз. 1.02 за FDR-AX53 (Windows)
- Датум на издавање:06/09/2016 г.
- Предности и подобрувања
- Ја подобрува стабилноста на сликата при користење на поместување/завртување кога се користи статив
Системски побарувања
Оперативни системи
Најновата верзија на ажурирањето за системскиот софтвер е компатибилна со најчесто користените верзии на Microsoft Windows:
- Windows® 10
- Windows® 8.1
- Windows® 7 SP1
- Windows® Vista* SP2
Забелешки:
* Не е поддржана верзијата Starter.
Компјутерски хардвер
Најновата верзија на ажурирањето за системскиот софтвер е компатибилна со следниов хардвер:
- Простор на тврдиот диск: 300 МБ или повеќе
- РАМ: 512 МБ или повеќе
Забелешка: Затворете го секој друг апликациски софтвер пред ажурирање на системскиот софтвер. - Извор на енергија за фотоапаратот
Целосно наполнета батерија на полнење NP-FV70 или адаптер - УСБ-кабел доставен со фотоапаратот
Напомена: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.
Преземи
Важни забелешки:
- Кога вршите ажурирање на системскиот софтвер, користете целосно наполнет комплет со батерија на полнење NP-FV70 или AC адаптер.
- Не вадете ја батеријата за време на ажурирањето затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.
- Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.
- Ажурирањето на системскиот софтвер трае околу 20 минути, па затоа спречете го компјутерот да помине во режим на спиење. Во случај компјутерот да помине во режим на спиење и ажурирањето да се прекине, повторете го целиот процес од почеток.
Како да ја преземете програмата за ажурирање на системскиот софтвер:
- Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
- Прочитајте го одрекувањето од одговорност што се наоѓа на дното од страницата и согласете се со одредбите и условите со кликнување на полето за штиклирање. Потоа кликнете на копчето Download (Преземи).
- Ќе започне преземањето на датотеката [Update_FDR-AX53V102.exe].
- Зачувајте ја датотеката на работната површина на компјутерот (препорачано).
За корисниците на Windows 8.1 и Windows 10:
Според почетните поставки на Internet Explorer, датотеката за ажурирање ќе биде зачувана во папката [Downloads] (Преземања). Кликнете на сликичката [Desktop] (Работна површина) од почетниот екран (Start) и најдете ја преземената датотека во папката [Downloads] (Преземања) користејќи го Explorer.
Инсталирај
Откако датотеката ќе се преземе успешно, подготвени сте да го инсталирате ажурирањето за системскиот софтвер верз. 1.02 за FDR-AX53.
Чекор 1: Активирајте ја System Software Updater (Програмата за ажурирање на системскиот софтвер)
- Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
- Кликнете двапати на преземената датотека [Update_FDR-AX53V101.exe] за да ја стартувате System Software Updater (Програма за ажурирање на системскиот софтвер).

Ќе се појави прозорецот на System Software Updater (Програма за ажурирање на системскиот софтвер). - Вклучете го фото апаратот
Според упатствата во прозорецот на System Software Updater (Програмата за ажурирање на системскиот софтвер), изберете [Menu] (Мени) - [Setup] (Поставување) - [Connection] (Поврзување) - [USB Connection Setting] (Поставување на USB-врска) на фото апаратот и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовно складирање).
Ако е избран друг режим освен [Mass Storage] (Масовно складирање), изберете [Mass Storage] (Масовно складирање).
- Претходно извадете ја мемориска картичка од фото апаратот. Поврзете го фото апаратот на компјутерот со приложениот USB-кабел.
На LCD-екранот од фото апаратот се појавува „USB Mode“ (USB-режим). - Откако ќе го потврдите LCD-екранот на фото апаратот, кликнете [Next] (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето.

- По потврдување дека [Current version] (Тековната верзија) е [Ver.1.01] (Верзија 1.01) или постара, кликнете [Next] (Следно).
Ако [Current version] (Тековна верзија) е [Ver.1.10] (Верзија 1.10), не е потребно ажурирање. Според пораката, запрете ја USB-врската и кликнете Finish (Заврши). Исклучете го фото апаратот, извадете го комплетот батерии или AC адаптерот, а потоа повторно вклучете го фото апаратот.
- Ќе се појави екранот подолу.

- По автоматското ресетирање, ќе се појави екранот подолу и ажурирањето започнува. За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 20 минути).

Забелешка: никогаш не исклучувајте го фото апаратот ниту USB-кабелот за време на ажурирањето. - Кога ажурирањето е завршено, фото апаратот ќе се престартува автоматски. Проверете дали е вклучен фото апаратот и почекајте додека повторно не се појави LCD-екранот. Кликнете [Finish] (Заврши) кога ќе се појави LCD-екранот и исклучете го USB-кабелот.

Чекор 2: Потврдете дека верзијата на системскиот софтвер на вашиот фото апарат е Ver 1.02 (Верзија 1.02).
- Изберете [Menu] (Мени) - [Setup] (Поставување) - [General Settings] (Општи поставки) - [Version] (Верзија) на фото апаратот. Ако се појави Ver.1.02 (Верзија 1.02), тогаш верзијата на системскиот софтвер е Ver.1.02 (Верзија 1.02).








