Модел на којшто се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- FDR-AX43
Информации за ова преземање
Придобивки и подобрувања
ВАЖНО: Откако ќе извршите ажурирање со оваа верзија од вер. 1.01, ќе се иницијализираат General Settings (Општи поставки). Конфигурирајте повторно по ажурирањето.
- Ја подобрува стабилноста при истовремено снимање видеозаписи
Информации за датотеката
Име на датотеката
- Update_FDRAX43V102.exe
Верзија на датотеката
- 1.02
Големина на датотеката
- 148 MB (156 176 888 бајти)
Датум на издавање
- 09-03-2022
Подготовка
Како да го направите следново: Ажурирање на фирмверот на фотоапаратот од Sony
Проверете ја верзијата на системскиот софтвер
Следете ги упатствата подолу за да ја проверите верзијата на системскиот софтвер. Ако верзијата на системскиот софтвер е 1.01, потребно е ажурирање.
Забелешка: Ако се појави екранот за поставување на Date/Time (Датум/Време) кога ќе го вклучите фотоапаратот, поставете ги датумот и времето на точните вредности.
- На фотоапаратот, изберете Menu (Мени) → Setup (Поставување) → General Settings (Општи поставки) → Version (Верзија).
- Ќе се прикаже верзијата на системскиот софтвер.
Предуслови на системот
Оперативни системи
Најновата верзија на ажурирањето за системскиот софтвер е компатибилна со следните верзии на Microsoft Windows:
- Windows 11
- Windows 10
- Windows 8.1
Компјутерски хардвер
За ова ажурирање на системскиот софтвер е потребен следниот хардвер:
- Компјутери со процесор Intel или AMD (компјутерите со ARM не се поддржани)
- Простор на тврдиот диск: 600 MB или повеќе
- RAM: 600 MB или повеќе
Друг хардвер
- Извор на напојување за фотоапаратот: Користете целосно наполнета батерија на полнење NP-FV70A. Забелешка: Ажурирањето може да се изврши само ако нивото на енергија во батеријата е
(три цртички) или повеќе. Ви препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична струја.
- Користете го USB-кабелот што се испорачува со фотоапаратот. Забелешка: Функционалноста на ажурирањето не се гарантира со друг USB-кабел.
Преземање и инсталирање
Важно известување
- Откако ќе извршите ажурирање со оваа верзија од вер. 1.01, ќе се иницијализираат General Settings (Општи поставки). Конфигурирајте повторно по ажурирањето.
- Затворете ги сите апликациски софтвери пред да го ажурирате системскиот софтвер.
- Користете целосно наполнета батерија на полнење (NP-FV70A).
- За време на ажурирањето, не отстранувајте ја батеријата затоа што ненадејната загуба на напојувањето може да предизвика фотоапаратот да не работи.
- Отстранете ја мемориската картичка од фотоапаратот пред да ја започнете постапката за ажурирање.
- Ажурирањето на системскиот софтвер трае приближно 10 минути. Не дозволувајте компјутерот да премине во режимот Sleep (Мирување) во овој период. Забелешка: Ако компјутерот премине во режимот Sleep (Мирување) и ажурирањето се прекине, целата постапка на ажурирање треба да се започне одново.
- Не отворајте About This System Software Updater (За програмата за ажурирање на системскиот софтвер) во менито System Software Updater (Програма за ажурирање на системскиот софтвер) затоа што тоа може да предизвика пад на софтверот.
- Не поврзувајте го фотоапаратот со ниту еден друг уред освен со компјутерот.
- Немојте да ги поврзувате фотоапаратот и компјутерот сè додека не добиете такви инструкции.
- Проверете дали компјутерот е поврзан на интернет.
- Според упатствата во прозорецот System Software Updater (Програма за ажурирање на системскиот софтвер), на фотоапаратот изберете Menu (Мени) → Setup (Поставување) → Connection (Поврзување) → USB Connect Setting (Поставки за поврзување преку USB) и проверете дали е избрана опцијата Mass Storage (Масовно складирање). Ако е избран друг режим наместо Mass Storage (Масовно складирање), изберете Mass Storage.
Како да ја преземете програмата за ажурирање:
- Кликнете на копчето Download (Преземи) погоре.
- Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете Download (Преземи).
- Ќе започне преземањето на датотеката Update_FDRAX43V102.exe. Забелешка: Големина на датотеката: 148 MB (156 176 888 бајти)
- Зачувајте ја датотеката на работната површина од компјутерот (препорачано). Забелешка: Со стандардните поставки на Microsoft Edge, датотеката за ажурирање ќе се зачува во папката Downloads (Преземања). Кликнете ја плочката Desktop (Работна површина) на екранот Start (Почеток) и најдете ја преземената датотека во папката Downloads (Преземања) со помош на Explorer.
Чекор 1: стартувајте ја програмата за ажурирање
- Затворете ги сите програми што се извршуваат на компјутерот во моментов.
- Кликнете двапати на датотеката Update_FDRAX43V102.exe што ја преземавте. Сѐ уште не поврзувајте го фотоапаратот со компјутерот.
- System Software Updater (Програмата за ажурирање на системскиот софтвер) се вклучува.
- Вклучете го фотоапаратот и поврзете го со компјутерот преку испорачаниот USB-кабел. На LCD-екранот од фотоапаратот ќе се појави USB Mode (USB-режим).
- Кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат бројот на тековната верзија и бројот на верзијата по ажурирањето. ВАЖНО: Никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту USB-кабелот при ажурирањето.Забелешка: Ако компјутерот не може да го пронајде уредот, на компјутерскиот екран ќе се прикаже пораката Could not find the camera for this update (Не може да се најде фотоапаратот за ова ажурирање). Обидете се со следново:
- Исклучете го и повторно вклучете го USB-кабелот.
- Ако компјутерот има повеќе USB-приклучоци, обидете се со другите приклучоци.
- Откако ќе проверите дека тековната верзија на софтверот е 1.01 или постара, кликнете Next (Следно). Ако тековната верзија на системскиот софтвер е 1.02, не е потребно ажурирање. Во овој случај, исклучете го фотоапаратот од компјутерот и кликнете Finish (Заврши), исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата, повторно ставете ја батеријата и вклучете го фотоапаратот.
- Потребно е ажурирање
- Не е потребно ажурирање
- Потребно е ажурирање
- Фотоапаратот ќе се ресетира автоматски.
- Започнете со ажурирање. По автоматското ресетирање, ќе започне ажурирањето и ќе се појави лента за напредок. Ажурирањето ќе трае приближно 10 минути. ВАЖНО: Никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту USB-кабелот за време на ажурирањето.
- Кога ажурирањето ќе заврши, фотоапаратот ќе се рестартира автоматски. Кога повторно ќе се појави LCD-екранот, кликнете Finish (Заврши) и исклучете го USB-кабелот.
Забелешка: По рестартирањето може да се прикаже предупредување за обнова на податоци. Тоа е нормално. Почекајте да исчезне предупредувањето.
Чекор 2: проверете ја верзијата на системскиот софтвер на вашиот уред
- На фотоапаратот, изберете Menu (Мени) → Setup (Поставување) → General Settings (Општи поставки) → Version (Верзија).
- Ќе се прикаже верзијата на системскиот софтвер.
Прашања и одговори
Ажурирањето не завршува
Ако мониторот е црн повеќе од 10 минути, следете ги овие чекори за да го решите проблемот:
- Исклучете го USB-кабелот од компјутерот.
- Извадете ги батеријата и адаптерот за наизменична струја од фотоапаратот, оставете го неколку минути, па повторно ставете ја батеријата или поврзете го адаптерот за наизменична струја.
- Рестартирајте го компјутерот.
- Вклучете го фотоапаратот и повторно извршете ја постапката за инсталација.