Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:
  • FDR-AX1E

За ова преземање

  • Име: Ажурирање на фирмверот на верзија 4.00 за FDR-AX1E
  • Датум на издавање:14/10/2015
  • Предности и подобрувања
    • Пренеси клипови на надворешни медиуми за складирање USB
    • Пренеси клипови на PlayMemories Home
    • Прикажи кодови на податоци кога се репродуцираат клипови со AVCHD формат
    • Забелешки:
      - Оваа видео камера не може да ги пренесува снимените податоци на мемориска картичка/СД-картичка со директно поврзување со компјутер или Mac-компјутер преку USB-кабел. Наместо тоа, користете читач за надворешни мемориски картички (изборен додаток)
      - Може да се користи Vegas Pro 12 Edit (бесплатен софтвер) за уредување на снимените клипови AVCHD

      Погледнете во Водичот за работа за да дознаете повеќе за новите функции.

  • Проверете дали фотоапаратот треба да се ажурира

    Проверете ја верзијата на системскиот софтвер според подолу опишаната постапка. Доколку верзијата на системскиот софтвер веќе е верзија 4.00 [Ver.4.00], не треба да ажурирате.

    1. Вклучете го фотоапаратот.


      Зголеми ја сликата
    2. Одете во менито со притискање на копчето "MENU" (Мени).


      Зголеми ја сликата
    3. Одете во "Version" (Верзија) во менито од "System" (Системот).


      Зголеми ја сликата
    4. Ќе се прикаже верзијата на системскиот софтвер.
      Ако верзијата е 4.00, не е потребно ажурирање.


      Зголеми ја сликата
    5. Притиснете го копчето "MENU" (Мени) за да излезете од менито откако ќе ја проверите верзијата на системскиот софтвер.

Системски побарувања

Компјутерски хардвер

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниов хардвер:
  • Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
  • РАМ: 512 МБ или повеќе
    Напомена: Затворете ги сите други софтверски апликации пред ажурирањето на фирмверот.
  • Извор на енергија за фотоапаратот
    • Адаптер (AC-NB12A) доставен со фотоапаратот.
  • Отвор/интерфејс за СД (SD) или СДХЦ (SDHC) мемориска картичка
  • SDHC-картичка (класа на брзина: од 4 до 10, капацитет од 2 до 32 Гб, не може да се користи UHS-картичка) или SD (СД) (FAT16, со капацитет до 2 Гб) форматирана во фотоапаратот.

Преземи

Важни забелешки:

  • Кога вршите ажурирање на фирмверот, користете го приложениот адаптер AC-NB12A
  • Не вадете го адаптерот за време на ажурирањето затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.

1. Преземете го софтверот за ажурирање на фирмверот:

  1. Прочитајте го одрекувањето од одговорност што се наоѓа на дното од страницата и согласете се со одредбите и условите со кликнување на полето за штиклирање. Потоа кликнете на копчето Download (Преземи).
  2. Ќе започне преземањето на датотеката [FDRAX1V400_firmware.zip].
  3. Зачувајте ја датотеката на работната површина на компјутерот (препорачано).

    За корисници на Windows 8:

    Според почетните поставки на Internet Explorer, датотеката за ажурирање ќе биде зачувана во папката [Downloads] (Преземања). Кликнете на сликичката [Desktop] (Работна површина) од почетниот екран (Start) и најдете ја преземената датотека во папката [Downloads] (Преземања) користејќи го Explorer.

2. Отпакувајте ја преземената датотека

Откако датотеката ќе се преземе успешно, подготвени сте да ја отпакувате системската датотека за ажурирањето на фирмверот верзија 4.00 за FDR-AX1E.

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Отпакувајте ја преземената датотека и извлечете ја датотеката ".bin".

  3. Забелешки:
    • Во зависност од оперативниот систем на компјутерот, можеби преземената датотека е веќе отпакувана.
    • Во зависност од поставките на компјутерот, можно е да не се гледа наставката ".bin".
    • Ова датотека ".bin" е системски софтвер за фотоапаратот и не треба да се кликнува двапати на неа за да се отвори датотеката.

Откако успешно ќе се извлече датотеката, можете да ја префрлите датотеката на мемориска картичка SD/SDHC.

3. Форматирајте ја мемориската картичка SD/SDHC:

  • Ставете ја мемориската картичка SD/SDHC во отворот за "UTILITY SD" на фотоапаратот и вклучете го.


    Зголеми ја сликата
  • Одете на "MENU" (Мени) со помош на копчето за мени и изберете "SD Card" (СД-картичка) во менито "FORMAT MEDIA" (Форматирај медиуми). Притиснете "Execute" (Изврши) и форматирајте ја мемориската картичка.


    Зголеми ја сликата
  • Откако ќе заврши форматирањето, притиснете "MENU" (Мени) за да го затворите менито.

4. Копирајте ја извлечената датотека на мемориска картичка SD/SDHC.

  • Отстранете ја мемориската картичка SD/SDHC од фотоапаратот по форматирањето и ставете ја во отворот/интерфејсот на компјутерот.
  • Копирајте ја датотеката ".bin" за ажурирање на системскиот софтвер во коренската папка на мемориската картичка SD/SDHC.

Инсталирај

1. Извршете го ажурирањето на фирмверот

Забелешки:
  • Ажурирањето може да не започне доколку мемориската картичка SD/SDHC не е правилно форматирана
  • Користете го адаптерот (AC-NB12A) за време на ажурирањето на системскиот софтвер. Доколку се исклучи фотоапаратот за време на ажурирањето на системскиот софтвер, фотоапаратот може да не работи правилно. Проверете дали не е исклучен кабелот на адапторот.
  • Доколку медиумската картичка се исфрли за време на ажурирањето на системскиот софтвер, фотоапаратот може да не работи правилно. Не вадете ја медиумската картичка за време на ажурирањето на системскиот софтвер.
  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Ставете ја мемориската картичка SD/SDHC во отворот за "UTILITY SD" на фотоапаратот и вклучете го.
  3. Притиснете го копчето MENU (Мени) и одете на "System" (Систем) и "Version Up" (Верзија погоре).


    Зголеми ја сликата
  4. Изберете "Execute" (Изврши). На екранот ќе се појави порака "Please use the AC adapter Upgrade Version? (Користете ја верзијата за надградба на адаптерот).
  5. Изберете "Execute" (Изврши). На екранот ќе се појави порака "Version Upgrade Vx.xx - V4.00" (Надградба на верзијата Vx.xx - V4.00).


    Зголеми ја сликата

    Доколку не се пронајдени податоци за системскиот софтвер, на екранот ќе се појави пораката "Version Upgrade No File" (Нема датотека за надградба на верзијата). Подолу се наведени можните причини.
    • Датотеката за ажурирање на системскиот софтвер не е зачувана на коренската папка на мемориската картичка SD/SDHC.
    • Зачувана е датотека за ажурирање на системски софтвер од друг модел на фотоапарат.
    • Не може правилно да се декодира датотека за ажурирање на системски софтвер.

    Одете назад на постапката "Format the SD/SDHC Memory Card" (Форматирај ја мемориската картичка SD/SDHC) и обидете се повторно.

  6. Изберете "Execute" (Изврши). Ажурирањето ќе започне.

    Ажурирањето ќе се изврши во две фази: фаза 1 (3 мин.) и фаза 2 (9 мин.).

    Кога ќе започне ажурирањето, ќе започне да трепка ламбичката REC (Снимање) и на екранот ќе се појави "Version Upgrade Elapsed Time XX:YY:ZZ Executing... XX%" (Преостанато време за надградба на верзијата ЧЧ:ММ:СС Се извршува... ХХ%). (Преостанато време ЧЧ:ММ:СС: XX%: краен процент)


    Зголеми ја сликата

    Внимание:помеѓу ажурирањето во фаза1 и фаза2, фотоапаратот ќе се престартува и пораката на екранот ќе ја снема.
    Иако пораката не се појавува на екранот, ажурирањето сѐ уште се извршува. Не исклучувајте го фотоапаратот.

  7. Откако ќе заврши ажурирањето, ламбичката REC ќе престане да трепка и на екранот ќе се појави пораката "Version Upgrade OK Turn Power Off" (Верзијата е надградена, исклучете ја енергијата).

  8. Забелешки:
    • Доколку се јави грешка за време на ажурирањето, на екранот ќе се појави пораката "Version Upgrade NG: Cannot Read. Power Off" (Надградбата на верзијата не е во ред: не може да чита. Се исклучува). Престартувајте го фотоапаратот и повторете го целиот процес од почеток.
    • Кога ажурирањето нема да успее, на екранот ќе се појави порака "Version Upgrade Error!!" (Грешка при надградбата на верзијата). Повторете го целиот процес од почеток. Доколку грешката и понатаму се јавува, можеби треба да се поправи апаратот, а во тој случај јавете се во локалниот сервисен центар на Sony.

  9. Исклучете го фотоапаратот, извадете го адаптерот, повторно ставете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.

2. Потврдете дека верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат е верзија 4.00

  1. Вклучете го фотоапаратот.
  2. Одете во менито со притискање на копчето "MENU" (Мени).
  3. Одете во "Version" (Верзија) во менито од "System" (Системот).
  4. Ќе се прикаже верзијата на системскиот софтвер.
    Ако се појави V4.00 (верзија 4.00), ажурирањето на фирмверот е успешно.


    Зголеми ја сликата

    Доколку верзијата на системскиот софтвер не се ажурира, проверете ја постапката и повторете го ажурирањето.