За ова преземање


Забелешки: Ова ажурирање на системскиот софтвер на објективот е достапно во куќиштето со E-приклучок.

  • Некои модели не може да се искористат за ова ажурирање. (листа на модели)
  • Ако ја користите камерата PXW-FS7M2, тогаш следете ја постапката во прирачникот со инструкции на PXW-FS7M2.

Важно

  • Ова ажурирање на системскиот софтверможе да се врши само кога објективот е прикачен на фотоапарат на кој ја има функцијата "Fast Hybrid AF".- Не можете да вршите ажурирање на системскиот софтвер со друг фотоапарат.
  • Прицврстете го објективот на фотоапаратот пред да вршите ажурирање на системскиот софтвер.- Исклучете го фотоапаратот пред да го прицврстите објективот на него.


  • Датум на издавање: 30/08/2013
  • Модели на кои се однесува и име на дтотеката за преземање:
    МоделИме на датотека
    SEL30M35Update_SEL30M35_V2.exe
  • Предности и подобрувања:
    • Ја овозможува функцијата "Fast Hybrid AF".- Со ова ажурирање на објективот, фотоапаратот ќе ја користи функцијата за откривање нормален контраст, дури и ако е избрана опцијата Fast Hybrid AF.
      Напомена: Фирмверот за фотоапаратот NEX-5R или NEX-6, исто така, треба да се ажурира како дополнение на ова ажурирање на системскиот софтвер.

Системски побарувања

Оперативни системи

Најновата верзија на ажурирањето на системскиот софтвер на објективот е компатибилна со најчесто користените верзии на Microsoft Windows:

  • Windows® 10
  • Windows® 8.1
  • Windows® 7 SP1
  • Windows® Vista* SP2
    Забелешка:
    *Не е поддржана верзијата Starter.

Компјутерски хардвер

  • Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
  • РАМ: 512 МБ или повеќе
    Напомена: Затворете ги сите други софтверски апликации пред ажурирањето на системскиот софтвер.
  • Извор на енергија за фотоапаратот: Целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50 или адаптер AC-PW20 (се продава посебно) - Ажурирањето може да се изврши само ако нивото на наполнетот на батеријата покажува три или повеќе цртички. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична струја AC-PW20 (се продава посебно).
  • Доставен е УСБ-кабел со фотоапаратот- Не се гарантира функционалноста на ажурирањето со друг УСБ-кабел.

Инсталирај

Важни забелешки:
  • Кога вршите ажурирање на системскиот софтвер, користете целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50 или адаптер AC-PW20 (се продава посебно).
  • Не вадете ја батеријата или адаптерот за време на ажурирањето затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.
  • Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.
  • Прицврстете го објективот на фотоапаратот пред да вршите ажурирање на системскиот софтвер.- Исклучете го фотоапаратот пред да го прицврстите објективот на него.

Следете ги упатствата подолу за да ја проверите верзијата на системскиот софтвер.

  1. Изберете [Menu (Мени)] -> [Setup (Поставување)] -> [Version (Верзија)] на фотоапаратот.
  2. Ќе се прикаже верзијата на системскиот софтвер.- Ако верзијата на системскиот софтвер на објективот е верзија 02 или понова, не е потребно ажурирање.

1. Преземете ја датотеката за ажурирање

  1. Зачувајте ја преземената датотека на работната површина од компјутерот (препорачано).

  2. Напомена за корисниците на Windows 8:

    Според почетните поставки на Internet Explorer, датотеката за ажурирање ќе биде зачувана во папката [Downloads] (Преземања). Кликнете на сликичката [Desktop] (Работна површина) од почетниот екран (Start) и најдете ја преземената датотека во папката [Downloads] (Преземања) користејќи го Explorer.

2. Стартувајте ја програмата за ажурирање на системскиот софтвер

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на преземената датотека за да ја стартувате програмата за ажурирање на системскиот софтвер.

3. Проверете го режимот за УСБ-поврзување на фотоапаратот

  1. Вклучете го фотоапаратот. - Доколку фотоапаратот веќе е вклучен, исклучете го и повторно вклучете го.
  2. Според упатствата на програмата за ажурирање на системскиот софтвер), изберете [Menu (Мени)] -> [Setup (Поставување)] -> [USB Connection (УСБ-врска)] на фотоапаратот и проверете дали е избрано [Mass Storage (Масовно чување)].
    Ако е избран друг режим различен од [Mass Storage (Масовно чување)], изберете [Mass Storage (Масовно чување)].

4. Поврзете го фотоапаратот со компјутерот.

Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.

  1. Откако ќе се уверите дека ЛЦД-екранот на фотоапаратот не е исклучен, поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.
    Во зависност од поставките за "Power Saving Start Time" (Штедење енергија за почетно стартување), фотоапаратот преминува во режим на штедење енергија. Доколку фотоапаратот влегува во режим на штедење енергија и ЛЦД-екранот од фотоапаратот е исклучен, притиснете го дополу копчето за фотографирање за да излезете од режимот на штедење енергија и поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.

    Доколку се појави грешка на екранот од компјутерот, обидете се со следниве методи:
    • Исклучете го УСБ-кабелот од камерата и повторно вклучете го.
    • Ако има друг УСБ-приклучок на компјутерот, поврзете го УСБ-кабелот на друг УСБ-приклучок.
  2. На прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот се прикажува Confirm . - Ако не се појавува на прозорецот за задачи, продолжете на следниот чекор.
  3. Откако ќе го потврдите горенаведеното, кликнете Next (Следно) на програмата за ажурирање на системскиот софтвер. На програмата за ажурирање на системскиот софтвер се појавува Слика 4, а на ЛЦД-екранот од фотоапаратот се појавува Слика 5. - Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го фотоапаратот додека не заврши постапката за ажурирање на системскиот софтвер.

    Слика 4


    Слика 5

    • Кога на екранот ќе се појави пораката "The update is not available for your model." (Ажурирањето не е достапно за Вашиот модел), проверете дали програмата за ажурирање на системскиот софтвер е точната датотека за објективот прикачен на фотоапаратот.
    • Кога ќе се појави горната порака иако работи исправната програма за ажурирање на системскиот софтвер, затворете ја програмата за ажурирање на системскиот софтвер, исклучете го УСБ-кабелот, исклучете го фотоапаратот и одете на чекор 2 "Start up System software Updater" (Стартување на програмата за ажурирање на системскиот софтвер).
    • Кога на екранот ќе се појави пораката "Could not find the camera with the lens for this update mounted." (Не може да се пронајде прикачен фотоапарат со овој објектив за ова ажурирање), проверете дали фотоапаратот има функција "Fast Hybrid AF" и дека фотоапаратот е поврзан со компјутерот преку УСБ-кабел.

5. Проверете дали е потребно ажурирање

  1. Откако ќе ги потврдите екраните за Слика 4 и Слика 5, кликнете [Next (Следно)]. На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. (Слика 6).
  2. Откако ќе го потврдите екранот на Слика 6, кликнете [Next (Следно)] (Current version (Тековна верзија)] е [верзија 01]).- Ако се појави екранот за Слика 7, не е потребно ажурирање. Според пораката, запрете ја УСБ-врската и кликнете [Finish] (Заврши). Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата или адаптерот и повторно вклучете го фотоапаратот.


    Слика 6: Потребно е ажурирање


    Слика 7: Не е потребно ажурирање

6. Стартувајте го ажурирањето

  1. Кликнете [Run] за да го започнете ажурирањето.- Се прикажува лентата за напредок додека се пренесуваат податоците (приближно 5 секунди).

    Напомена: Никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту УСБ-кабелот за време на ажурирањето
  2. Кога ќе заврши преносот на податоци ќе се појави следниов екран. Кликнете [Finish (Заврши)].
  3. Почнува процесот на ажурирање и на екранот од фотоапаратот се прикажува лентата за напредок (приближно 30 секунди).

7. Завршување на ажурирањето

  1. Процесот на ажурирање ќе заврши кога на екранот од фотоапаратот ќе се појави пораката "Lens update complete." (Ажурирањето на објективот е завршено).
  2. Кликнете на прозорецот со задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот за да ја сопрете УСБ-врската.- Ако не се прикажува на прозорецот со задачи, продолжете на следниот чекор
  3. Исклучете го УСБ-кабелот. - Откако ќе заврши ажурирањето, исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата или адаптерот и вклучете го фотоапаратот повторно.

8. Проверете ја верзијата на системскиот софтвер уште еднаш и потврдете дека верзијата на системскиот софтвер е верзија 02