Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • KD-65XE7005
  • KD-55XE7005
  • KD-49XE7005
  • KD-43XE7005
  • KD-55XE7003
  • KD-49XE7003
  • KD-43XE7003
  • KD-55XE7000
  • KD-49XE7000
  • KD-43XE7000
  • KD-55XE7077
  • KD-49XE7077
  • KD-43XE7077
  • KD-65XE7096
  • KD-55XE7096
  • KD-49XE7096
  • KD-43XE7096
  • KD-65XE7004
  • KD-55XE7004
  • KD-49XE7004
  • KD-43XE7004
  • KD-65XE7003
  • KD-55XE7073
  • KD-49XE7073
  • KD-43XE7073
  • KD-65XE7093
  • KD-55XE7093
  • KD-49XE7093
  • KD-43XE7093
  • KD-65XE7002
  • KD-55XE7002
  • KD-49XE7002
  • KD-43XE7002

За ова преземање

Придобивки и подобрувања со најновото ажурирање

  • Го поправа проблемот кога телевизорот не може да се поврзе на интернет преку Wi-Fi
  • Го поправа проблемот кога USB-приклучокот не работи
  • Го поправа проблемот кога апликациите не работат или апликациите не се прикажуваат на телевизорот
  • Го поправа проблемот кога телевизорот не може да репродуцира видеа во апликацијата за видеа на Amazon и се прикажува следнава порака: „Insufficient bandwidth“ (Недоволен пропусен опсег)
  • Го поправа проблемот кога телевизорот се вклучува повторно откако бил исклучен од апликацијата за видеа на Amazon

Претходни придобивки и подобрувања

Во ова ажурирање се вклучени и следниве придобивки и подобрувања.

  • Воведува EPG за Freeview Play (само за Обединетото Кралство)
  • Го подобрува доцнењето на влезот во „Game Mode“ (Режим на играње) откако телевизорот ќе се вклучи од режим на мирување
  • Го решава проблемот кога телевизорот не може да се поврзе со пристапната точка со Wi-Fi од режим на мирување
  • Го решава проблемот кога јазикот на интерфејсот на YouTube не се совпаѓа со јазикот што е избран на телевизорот
  • Го решава проблемот (за корисниците на Kabel Deutschland) кога телевизијата и радиото се измешани во EPG откако телевизорот ќе се вклучи и исклучи (само во Германија)
  • Го решава проблемот кога телевизорот постојано се престартува кога се гледа сателитскиот канал PMC
  • Ги решава проблемите со репродуцирање на Netflix по гледањето на апликацијата All4
  • Ги решава проблемите со Lip Sync кога се гледа кабелска телевизија
  • Го решава проблемот кога се појавува хоризонтална линија кога се гледаат медиумски содржини со 4K од USB
  • Го поправа проблемот кога телевизорот не може да прикажува фотографии при пренос на фотографии од фотоапаратот ILCE-6300 на Sony преку Wi-Fi Direct
  • Го поправа проблемот кога се појавува пораката за политиката за приватност при активирање услуги преку интернет
  • Го поправа проблемот кога видеата од YouTube не може да се вчитаат
  • Го поправа проблемот кога далечинскиот управувач престанува да работи по вклучување/исклучување на функцијата Wi-Fi
  • Го поправа проблемот кога телевизорот замрзнува по поврзување на USB-уред што го користи Протоколот за пренос на медиуми (MTP)
  • Го поправа проблемот кога јазикот на интерфејсот на YouTube не се совпаѓа со јазикот што е избран на телевизорот
  • Ги подобрува перформансите и стабилноста на карактеристиките на Action Menu (Мени за дејства)
  • Ги подобрува општите перформанси на телевизорот
  • Го поправа проблемот кога бојата не се прикажува правилно за слики 4K по промена на каналите
  • Ги подобрува перформансите и стабилноста на целокупното користење на корисничкиот интерфејс

Ограничувања

Само за употреба со телевизори што се продаваат во Европа. Сите модели не се продаваат во сите држави.

Подготовка

Проверете ја верзијата на софтверот

Можно е веќе да го имате најновиот софтвер. Ако не сте сигурни, лесно може да проверите која верзија на софтверот ја имате – следете ги следниве упатства:

  1. Вклучете го телевизорот и притиснете го копчето [HOME] (Почеток) на далечинскиот управувач за да се прикаже менито Home (Почеток).
  2. Одете до [Settings] (Поставување) и притиснете [Enter].
  3. Одете до [Customer Support] (Корисничка поддршка) и притиснете [Enter].
  4. Моделот и верзијата на софтверот треба да се прикажат во горниот десен агол од екранот: „v8.535“ - ако бројот на верзијата е „v8.535“ или поголем, тогаш веќе го имате најновиот фирмвер.
    ВАЖНО: Купувачите кои веќе ја инсталирале верзијата v8.533 нема да можат да го инсталираат ова ажурирање кое не додава дополнителни придобивки.

Постојат 2 начина за ажурирање на фирмверот на BRAVIA телевизорот:

  • Користење на функцијата „Automatic Software download“ (Автоматско преземање софтвер) (препорачано)
  • Користење USB-уред за складирање
Користење на функцијата „Automatic Software download“ (Автоматско преземање софтвер) (препорачано):
Sony обезбедува ажурирања на софтверот за да ги подобри функционалностите и да им обезбеди на корисниците најнови доживувања на телевизорот. Најлесниот начин за добивање ажурирања на софтверот е со преземање директно од телевизорот преку интернет.
БЕЛЕШКА: Уверете се дека функцијата „Automatic Software download“ (Автоматско преземање софтвер) е овозможена. (Стандардно, ова поставување е овозможено.)

  1. Притиснете го копчето [HOME] (Почеток) на далечинскиот управувач.
  2. Изберете [Settings] (Поставување) и притиснете [Enter].
  3. Изберете [Customer Support] (Корисничка поддршка) и притиснете [Enter].
  4. Изберете [Automatic Software download] (Автоматско преземање софтвер).
  5. Изберете [On] (Вклучено) за да го преземете софтверот автоматски. Изберете [Off] (Исклучено) за да го оневозможите.

ВАЖНО: Следниве делови „System Requirements“ (Системски барања), „File Info“ (Информации за датотеката), „Download“ (Преземање) и „Install“ (Инсталирање) се однесуваат на постапката за ажурирање со USB-уред за складирање. Може да ги игнорирате ако го завршите ажурирањето преку карактеристиката „Automatic Software download“ (Автоматско преземање софтвер).

За најчестите прашања околу решавањето проблеми, видете во „Questions and Answers“ (Прашања и одговори) на веб-локацијата за поддршка на Sony.


Користење USB-уред за складирање:

Може да го ажурирате софтверот и со користење USB-уред за складирање. Ако не сте поврзани на интернет или ако функцијата „Automatic Software download“ (Автоматско преземање софтвер) не успее да го преземе софтверот, обидете се да го преземете и да ажурирате со користење USB-уред за складирање според упатствата подолу.

Системски побарувања

Што ви треба

  • компјутер со пристап на интернет
  • USB-уред за складирање

Информации за датотеката

Име на датотека

  • Ажурирање на фирмверот на v8.535 за телевизори

Име на датотека Zip

  • sony_tvupdate_2017_8535_eff_auth.zip

Верзија на датотека

  • 8.535

Големина на датотека

  • 220 065 723 бајти

Датум на издавање

  • 19-02-2018

Преземи

Важно известување

  • Прочитајте ги упатствата внимателно или во спротивно може да предизвикате телевизорот да не реагира или да му треба поправка.
  • Не исклучувајте го телевизорот – или не исклучувајте го од струја – додека се врши ажурирање.
  • Не притискајте ниедно копче, освен копчињата споменати во упатствата.
  • Прекинете со снимање пред да започнете со ажурирање на фирмверот. (само за моделите со HDD-снимање преку USB)

Како да ја преземете апликацијата за ажурирање

Пред да го инсталирате ажурирањето, ќе треба да го преземете од интернет и да го зачувате на USB-уред за складирање.

  1. Преземете ја датотеката за ажурирање на компјутерот.
    1. Кликнете на копчето [Download] (Преземање) во горниот дел од оваа страница, па прочитајте ги одредбите и условите.
    2. Кликнете на копчето [Download] (Преземање) во долниот дел од оваа страница за да ја преземете датотеката за ажурирање на компјутерот.
  2. Проверете ги името и големината на преземената датотека.
    1. Одете до директориумот во кој се наоѓа преземената датотека.
    2. Проверете дали големината на датотеката „sony_tvupdate_2017_8535_eff_auth.zip“ е „220 065 723“ бајти.
      БЕЛЕШКА: За компјутер со Windows, проверете „Size“ (Големина) наместо „Size on disk“ (Големина на дискот) на екранот Properties (Својства).
  3. Извлечете ја преземената датотека.
    Откако ќе ја извлечете преземената датотека, ќе ја најдете папката „sony_dtv02B40B09B4B9_00200100“.
  4. Ставете го USB-уредот за складирање во компјутерот.
  5. Копирајте ја или преснимете ја со повлекување папката „sony_dtv02B40B09B4B9_00200100“ во коренскиот директориум на USB-уредот.
    БЕЛЕШКА: „Коренскиот директориум“ е првиот или највисокиот директориум на уредот што ги содржи сите други папки.
  6. Отстранете го USB-уредот за складирање од компјутерот и продолжете на следниот дел.

Инсталирај

Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето

Откако ќе ја преземете датотеката за ажурирање и ќе го подготвите USB-уредот, може да ја инсталирате на телевизорот. Процесот може да трае и до 15-30 минути, а за време на инсталацијата телевизорот ќе се исклучи пред повторно да се вклучи самостојно. Следете ги едноставните чекори подолу:

  1. Вклучете го телевизорот.
  2. Уверете се дека на телевизорот не е приклучен ниту еден USB-уред.
  3. Ставете го USB-уредот за складирање со папката „sony_dtv02B40B09B4B9_00200100“ во USB-приклучокот на телевизорот.
    БЕЛЕШКА: Ако телевизорот има повеќе USB-приклучоци, може да се користи кој било приклучок за USB.
  4. Притиснете [HOME] (Почеток) на далечинскиот управувач за да го отворите менито HOME (Почеток).
  5. Одете до категоријата [Settings] (Поставување) и притиснете [Enter] за да ја изберете.
  6. Одете до [Customer Support] (Корисничка поддршка) и изберете ја.
  7. Одете до [Software Update] (Ажурирање на софтвер), па изберете [USB].
  8. На телевизискиот екран ќе се појават серија различни пораки - следете ги упатствата на екранот.
  9. Ажурирањето ќе започне и портокалова лед-сијаличка ќе почне да трепка на предниот панел од телевизорот.
    ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во текот на процесот на инсталација на софтверот:
    • Не отстранувајте го USB-уредот
    • Не исклучувајте го телевизорот
    • Не исклучувајте го телевизорот од извор на напојување
  10. Кога пораката „Firmware update complete“ (Ажурирањето на фирмверот заврши) ќе се прикаже на телевизорот, телевизорот ќе се исклучи и повторно ќе се вклучи за да го заврши ажурирањето. – Не отстранувајте го USB-уредот или не исклучувајте го телевизорот.
  11. Откако телевизорот повторно ќе се вклучи, отстранете го USB-уредот за складирање од приклучокот за USB.

Чекор 2: Проверете дали ажурирањето е успешно

Проверете ја тековната верзија на софтверот за да потврдите дека ажурирањето е инсталирано успешно.

  • Ако бројот на верзијата е „v8.535“ или поголем, ажурирањето на софтверот било успешно.
  • Ако бројот на верзијата не е „v8.535“ или поголем, повторно преземете го и инсталирајте го ажурирањето.

Прашања и одговори

Можен проблем во текот на ажурирањето

Ви требаат повеќе информации? Видете ги нашите најчести прашања за ажурирање на софтверот преку интернет:

  • Дали по ажурирањето ќе бидат избришани моите лични поставки?
    Не, ќе бидат зачувани сите лични поставки.

  • Дали може да инсталирам постара верзија на софтверот?
    Не. За да бидете сигурни дека телевизорот ги има оптималните перформанси, не е можно да се инсталира постара верзија на софтверот: најновата верзија на софтверот ги содржи сите придобивки и подобрувања од претходните верзии.

  • Дали е нормално телевизорот да се исклучи за време на процесот на ажурирање?
    Нормално е телевизорот да се престартува за време на процесот на ажурирање. На телевизорот ќе му треба повеќе време за да се престартува кога се инсталира нов софтвер.

Што да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот за телевизорот преку интернет

Ако на екранот од телевизорот се појави некоја од пораките „An error occurred during the software update“ или (Се појави грешка за време на ажурирањето на софтверот) или „Software cannot be updated using this USB device“ (Софтверот не може да се ажурира со овој USB-уред), следете ги следниве постапки за можно решение:

  1. Проверете дали USB-уредот за складирање работи правилно. Ако работи правилно, обидете се повторно да ја преземете датотеката за ажурирање.
  2. Исклучете го телевизорот со притискање на копчето за напојување [POWER] на телевизорот.
  3. Повторно притиснете го копчето за напојување [POWER] и повторно започнете со процесот на инсталирање.

Ако на предниот панел од екранот од телевизорот се прикаже пораката „No newer version of the TV software was found“ (Не е пронајдена понова верзија на софтверот за телевизорот), на телевизорот веќе е инсталирана најновата верзија на софтверот и не треба да го ажурирате.

За најчестите прашања околу решавањето проблеми, видете во „Questions and Answers“ (Прашања и одговори) на веб-локацијата за поддршка на Sony.