Модел на којшто се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • KD-43X7052
  • KD-43X7053
  • KD-43X7055
  • KD-43X7056
  • KD-49X7052
  • KD-49X7053
  • KD-49X7055
  • KD-49X7056
  • KD-55X7052
  • KD-55X7053
  • KD-55X7055
  • KD-55X7056

Информации за ова преземање

Придобивки и подобрувања

  • Решава проблем при кој немаше звук на специфичен телевизиски канал по избирање одреден звук (само Франција)

Претходни придобивки и подобрувања

Ограничувања

  • Само за употреба со производите што се продаваат во Европа. Сите модели не се продаваат во сите земји/региони.

Подготовка

Проверете ја верзијата на софтверот

Софтверот можеби веќе е ажуриран. Ако не сте сигурни, лесно може да проверите која верзија на софтверот ја имате со помош на следните упатства:

  1. Вклучете го телевизорот и притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач за да се прикаже почетното мени.
  2. Одете до Settings (Поставки) и притиснете Enter.
  3. Одете до Customer Support (Корисничка поддршка) и притиснете Enter.
  4. Моделот и верзијата на софтверот треба да се прикажат во горниот десен агол од екранот: вер. 8.933 - ако бројот на верзијата е 8.933 или поголем, тоа значи дека веќе го имате најновиот фирмвер.

Постојат 2 начина за ажурирање на фирмверот на телевизорот BRAVIA:

  • Користење на функцијата Automatic Software Download (Автоматско преземање софтвер) (лесно)
  • Користење USB-уред за складирање

Користење на функцијата Automatic Software Download (Автоматско преземање софтвер) (лесно):

Sony нуди ажурирања на софтверот за да ги подобри функциите и да им обезбеди на корисниците најново доживување на телевизорот. Најлесен начин за преземање ажурирања на софтверот е да се користи функцијата Automatic Software Download (Автоматско преземање софтвер). Оваа поставка е овозможена според зададените вредности.
Ако сте ја овозможиле функцијата Automatic Software Download (Автоматско преземање софтвер) подолу, автоматски ќе добиете известување за да го ажурирате телевизорот.

  1. Притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач.
  2. Изберете Settings (Поставки) и притиснете Enter.
  3. Изберете Customer Support (Корисничка поддршка) и притиснете Enter.
  4. Изберете Automatic Software Download (Автоматско преземање софтвер).
  5. Изберете On (Вклучено) за автоматско преземање на софтверот. Изберете Off (Исклучено) за да го оневозможите.

Новото ажурирање на фирмверот постепено ќе се доставува до сите телевизори што се поврзани на интернет во седмиците по неговото објавување.

ВАЖНО: Деловите „System Requirements“ (Предуслови на системот), „File Info“ (Информации за датотеката) и „Download & Install“ (Преземање и инсталирање) се однесуваат на постапката за ажурирање преку USB-уред за складирање. Можете да ги игнорирате ако сте го извршиле ажурирањето преку функцијата „Automatic software download“ (Автоматско преземање софтвер).

Други најчести прашања за решавањето проблеми може да најдете во делот Прашања и одговори на веб-сајтот за поддршка на Sony.

Користење USB-уред за складирање:

Софтверот можете да го ажурирате и со користење USB-уред за складирање. Ако на телевизорот не е поставено интернет-поврзување или ако не сакате да чекате за ажурирањето преку функцијата Automatic Software Download (Автоматско преземање софтвер), обидете се да го преземете и да ажурирате со користење USB-уред за складирање според упатствата подолу.

Предуслови на системот

Што е потребно

  • компјутер со пристап до интернет
  • USB-уред за складирање

Информации за датотеката

Име на датотеката

  • Ажурирање на фирмверот со вер. 8.933 за телевизорот

Име на Zip-датотеката

  • sony_tvupdate_2017_8933_eff_auth.zip

Верзија на датотеката

  • 8.933

Големина на датотеката

  • 289 402 286 бајти

Датум на издавање

  • 17-07-2024

Преземање и инсталирање

Важно известување

  • Прочитајте ги упатствата внимателно, во спротивно може да предизвикате телевизорот да не реагира или да му треба поправка.
  • Не исклучувајте го телевизорот и не исклучувајте го напојувањето додека се ажурира.
  • Не притиснувајте други копчиња освен копчињата наведени во инструкциите.
  • Запрете го снимањето пред да започнете со ажурирање на фирмверот. (Само за моделите со снимање на USB HDD)

како да ја преземете програмата за ажурирање

Пред да го инсталирате ажурирањето, ќе треба да го преземете од интернет и да го зачувате на USB-уред за складирање.

  1. Преземете ја датотеката за ажурирање на компјутерот.
    1. Кликнете на копчето Download (Преземи) во горниот дел од оваа страница, па прочитајте и прифатете ги правилата и условите.
    2. Кликнете на копчето Download (Преземи) во долниот дел од страницата за да ја преземете датотеката за ажурирање на компјутерот.
  2. Проверете ги името и големината на преземената датотека (погледнете во делот File Info (Информации за датотеката)).
  3. Извлечете ја преземената датотека.
    Откако ќе ја извлечете преземената датотека, ќе ја добиете папката (sony_dtvxxxxxx_xxxxxxx).
  4. Ставете го USB-уредот за складирање во компјутерот.
  5. Копирајте ја или повлечете и спуштете ја датотеката (sony_dtvxxxxxx_xxxxxxx) во основниот директориум на USB-уредот.
    Забелешка: Основниот директориум е првиот или најгорниот директориум на уредот што ги содржи сите други папки.
  6. Отстранете го USB-уредот за складирање од компјутерот и продолжете на следниот дел.

Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето

Откако ќе ја преземете датотеката за ажурирање и ќе го подготвите USB-уредот, можете да ја инсталирате на телевизорот. Постапката може да трае и до 15-30 минути, а за време на инсталацијата телевизорот ќе се исклучи и повторно ќе се вклучи. Следете ги едноставните чекори подолу:

  1. Вклучете го телевизорот.
  2. Уверете се дека на телевизорот не е приклучен ниту еден USB-уред.
  3. Ставете го USB-уредот за складирање со папката (sony_dtvxxxxxx_xxxxxxx) во USB-приклучокот на телевизорот.
    Забелешка: Ако телевизорот има повеќе USB-приклучоци, може да се користи кој било приклучок за USB.
  4. Притиснете HOME на далечинскиот управувач за да го отворите почетното мени.
  5. Одете до категоријата Settings (Поставки) и притиснете Enter за да ја изберете.
  6. Одете до опцијата Customer Support (Корисничка поддршка) и изберете ја.
  7. Одете до Software Update (Ажурирање на софтверот), па изберете USB.
  8. На телевизорот ќе се појават серија различни пораки - следете ги упатствата на екранот.
  9. Ажурирањето ќе започне и портокалова LED-светилка ќе почне да трепка на предниот панел од телевизорот.
    ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Во текот на постапката за инсталација на софтверот:
    • Не отстранувајте го USB-уредот
    • Не исклучувајте го телевизорот
    • Не исклучувајте го телевизорот од напојувањето
  10. Кога на телевизорот ќе се прикаже пораката Firmware update complete (Ажурирањето на фирмверот заврши), телевизорот ќе се исклучи и повторно ќе се вклучи за да го заврши ажурирањето. - Не отстранувајте го USB-уредот и не исклучувајте го телевизорот.
  11. Откако телевизорот повторно ќе се вклучи, отстранете го USB-уредот за складирање од USB-приклучокот.

Чекор 2: Проверете дали ажурирањето е успешно

Проверете ја тековната верзија на софтверот за да потврдите дека ажурирањето е инсталирано успешно.

  • Ако бројот на верзијата е 8.933 или поголем, ажурирањето на софтверот е успешно.
  • Ако бројот на верзијата не е 8.933 или поголем, повторно преземете го и инсталирајте го ажурирањето.

Прашања и одговори

Можен проблем во текот на ажурирањето

Ви требаат повеќе информации? Погледнете ги нашите најчести прашања за ажурирање на софтверот преку интернет:

  • Дали по ажурирањето ќе се избришат моите лични поставки?
    Не, ќе се зачуваат сите лични поставки.
  • Дали може да инсталирам постара верзија на софтверот?
    Не. За да се обезбедат оптимални перформанси на телевизорот, не е можно да се инсталира постара верзија на софтверот: најновата верзија на софтверот ги содржи сите придобивки и подобрувања од претходните верзии.
  • Дали е нормално телевизорот да се исклучи за време на постапката за ажурирање?
    Нормално е телевизорот да се рестартира за време на постапката за ажурирање. Рестартирањето на телевизорот ќе трае подолго кога се инсталира нов софтвер.

Што треба да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот на телевизорот преку интернет

Ако на екранот од телевизорот се појави некоја од пораките An error occurred during the software update (Се појави грешка при ажурирањето на софтверот) или Software cannot be updated using this USB device (Софтверот не може да се ажурира со овој USB-уред), следете ги следните постапки за можно решение:

  1. Проверете дали USB-уредот за складирање работи правилно. Ако работи правилно, обидете се повторно да ја преземете датотеката за ажурирање.
  2. Исклучете го телевизорот со притиснување на копчето за напојување POWER на телевизорот.
  3. Повторно притиснете го копчето за напојување POWER и повторно започнете ја постапката за инсталирање.

Ако на предниот панел од екранот на телевизорот се прикаже пораката No newer version of the TV software was found (Не е пронајдена понова верзија на софтверот за телевизорот), на телевизорот веќе е инсталирана најновата верзија на софтверот и не треба да го ажурирате.

Други најчести прашања за решавањето проблеми може да најдете во делот Прашања и одговори на веб-сајтот за поддршка на Sony.