Ажурирање на фирмверот на v9.965
Модели на кои се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- KDL-40RE453
- KDL-32RE403
- KDL-40RE455
- KDL-32RE405
- KDL-40RE450
- KDL-32RE400
- KDL-32W6103
- KDL-32W6105
- KDL-32W6100
За ова преземање
Предности и подобрувања
- Го поправа проблемот со црн екран предизвикан од дешифрирање на форматот High Efficiency Video Coding (HEVC) преку ТВ-приемникот
- Подобрен кориснички интерфејс
- Ажурирано подредување на каналите (важи само за Хрватска)
Претходни придобивки и подобрувања
Во ова ажурирање се вклучени и следниве придобивки и подобрувања.
- Поддржува подобрувач на аудиодијалози Dolby AC-4
- Ги решава проблемите со испрекинат звук со кабелскиот оператор Dom.ru (само во Русија)
- Го решава проблемот со стерео звук
- Подобрен кориснички интерфејс за сателитски (DVB-S2) и антенски (DVB-T2) приемници
- Подобрена општа стабилност
Ограничувања
- Само за употреба со телевизори што се продаваат во Европа. Сите модели не се продаваат во сите држави.
Подготовка
Проверете ја верзијата на софтверот
Можно е веќе да го имате најновиот софтвер. Ако не сте сигурни, лесно е да проверите која верзија на софтверот ја имате – следете ги овие упатства:
- Вклучете го телевизорот и притиснете го копчето [HOME] (Почеток) на далечинскиот управувач за да се прикаже менито Home (Почеток).
- Одете до [Settings] (Поставување) и притиснете [Enter].
- Одете до [Customer Support] (Корисничка поддршка) и притиснете [Enter].
- Моделот и верзијата на софтверот треба да се прикажат во горниот десен агол од екранот: „v9.965“ – Ако бројот на верзијата е „v9.965“ или поголем, веќе го имате најновиот фирмвер.
Системски побарувања
Што ви треба
- компјутер со пристап на интернет
- USB-уред за складирање
Информации за датотеката
Име на датотека
- Ажурирање на фирмверот на v9.965 за телевизори
Име на датотека Zip
- sony_tvupdate_2017_9965_euf_auth.zip
Верзија на датотека
- 9.965
Големина на датотека
- 88 592 220 бајти
Датум на издавање
- 16-12-2020
Преземи
Важно известување
- Прочитајте ги упатствата внимателно или во спротивно може да предизвикате телевизорот да не реагира или да му треба поправка.
- Не исклучувајте го телевизорот – или не исклучувајте го од струја – додека се врши ажурирање.
- Не притискајте ниедно копче, освен копчињата споменати во упатствата.
- Прекинете со снимање пред да започнете со ажурирање на фирмверот. (само за моделите со HDD-снимање преку USB)
Како да ја преземете апликацијата за ажурирање
Пред да го инсталирате ажурирањето, ќе треба да го преземете од интернет и да го зачувате на USB-уред за складирање.
- Преземете ја датотеката за ажурирање на компјутерот.
- Кликнете на копчето [Download] (Преземање) во горниот дел од оваа страница, па прочитајте ги одредбите и условите.
- Кликнете на копчето [Download] (Преземање) во долниот дел од оваа страница за да ја преземете датотеката за ажурирање на компјутерот.
- Проверете ги името и големината на преземената датотека.
- Одете до директориумот во кој се наоѓа преземената датотека.
- Проверете дали големината на датотеката „sony_tvupdate_2017_9965_euf_auth.zip“ е „88 592 220“ бајти.
БЕЛЕШКА: За компјутер со Windows, проверете „Size“ (Големина) наместо „Size on disk“ (Големина на дискот) на екранот Properties (Својства).
- Извлечете ја преземената датотека.
Откако ќе ја извлечете преземената датотека, ќе ја најдете папката „sony_dtv02B40B0BB4BB_00000100“. - Ставете го USB-уредот за складирање во компјутерот.
- Копирајте ја или преснимете ја со повлекување папката „sony_dtv02B40B0BB4BB_00000100“ во коренскиот директориум на USB-уредот.
БЕЛЕШКА: „Коренскиот директориум“ е првиот или највисокиот директориум на уредот што ги содржи сите други папки. - Отстранете го USB-уредот за складирање од компјутерот и продолжете на следниот дел.
Инсталирај
Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето
Откако ќе ја преземете датотеката за ажурирање и ќе го подготвите USB-уредот, може да ја инсталирате на телевизорот. Процесот може да трае и до 15-30 минути, а за време на инсталацијата телевизорот ќе се исклучи пред повторно да се вклучи самостојно. Следете ги едноставните чекори подолу:
- Вклучете го телевизорот.
- Уверете се дека на телевизорот не е приклучен ниту еден USB-уред.
- Ставете го USB-уредот за складирање со папката „sony_dtv02B40B0BB4BB_00000100“ во USB-приклучокот на телевизорот.
БЕЛЕШКА: Ако телевизорот има повеќе USB-приклучоци, може да се користи кој било приклучок за USB. - Притиснете [HOME] (Почеток) на далечинскиот управувач за да го отворите менито HOME (Почеток).
- Одете до категоријата [Settings] (Поставување) и притиснете [Enter] за да ја изберете.
- Одете до [Customer Support] (Корисничка поддршка) и изберете ја.
- Одете до [Software Update] (Ажурирање на софтвер), па изберете [USB].
- На телевизискиот екран ќе се појават серија различни пораки - следете ги упатствата на екранот.
- Ажурирањето ќе започне и портокалова лед-сијаличка ќе почне да трепка на предниот панел од телевизорот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во текот на процесот на инсталација на софтверот:- Не отстранувајте го USB-уредот
- Не исклучувајте го телевизорот
- Не исклучувајте го телевизорот од извор на напојување
- Кога пораката „Firmware update complete“ (Ажурирањето на фирмверот заврши) ќе се прикаже на телевизорот, телевизорот ќе се исклучи и повторно ќе се вклучи за да го заврши ажурирањето. – Не отстранувајте го USB-уредот или не исклучувајте го телевизорот.
- Откако телевизорот повторно ќе се вклучи, отстранете го USB-уредот за складирање од приклучокот за USB.
Чекор 2: Проверете дали ажурирањето е успешно
Проверете ја тековната верзија на софтверот за да потврдите дека ажурирањето е инсталирано успешно.- Ако бројот на верзијата е „v9.965“ или поголем, ажурирањето на софтверот било успешно.
- Ако бројот на верзијата не е „v9.965“ или поголем, повторно преземете го и инсталирајте го ажурирањето.
Прашања и одговори
Можен проблем во текот на ажурирањето
Ви требаат повеќе информации? Видете ги нашите најчести прашања за ажурирање на софтверот преку интернет:
- Дали по ажурирањето ќе бидат избришани моите лични поставки?
Не, ќе бидат зачувани сите лични поставки. - Дали може да инсталирам постара верзија на софтверот?
Не. За да бидете сигурни дека телевизорот ги има оптималните перформанси, не е можно да се инсталира постара верзија на софтверот: најновата верзија на софтверот ги содржи сите придобивки и подобрувања од претходните верзии. - Дали е нормално телевизорот да се исклучи за време на процесот на ажурирање?
Нормално е телевизорот да се престартува за време на процесот на ажурирање. На телевизорот ќе му треба повеќе време за да се престартува кога се инсталира нов софтвер.
Што да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот за телевизорот преку интернет
Ако на екранот од телевизорот се појави некоја од пораките „An error occurred during the software update“ или (Се појави грешка за време на ажурирањето на софтверот) или „Software cannot be updated using this USB device“ (Софтверот не може да се ажурира со овој USB-уред), следете ги следниве постапки за можно решение:
- Проверете дали USB-уредот за складирање работи правилно. Ако работи правилно, обидете се повторно да ја преземете датотеката за ажурирање.
- Исклучете го телевизорот со притискање на копчето за напојување [POWER] на телевизорот.
- Повторно притиснете го копчето за напојување [POWER] и повторно започнете со процесот на инсталирање.
Ако на предниот панел од екранот од телевизорот се прикаже пораката „No newer version of the TV software was found“ (Не е пронајдена понова верзија на софтверот за телевизорот), на телевизорот веќе е инсталирана најновата верзија на софтверот и не треба да го ажурирате.
За најчестите прашања околу решавањето проблеми, видете во „Questions and Answers“ (Прашања и одговори) на веб-локацијата за поддршка на Sony.