Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели на телевизор:

  • KD-65X9005A / X8505A
  • KD-55X9005A / X8505A
  • KDL-65W855A
  • KDL-55W802A / W805A / W807A / W808A / W809A / W905A
  • KDL-50W656A / W685A
  • KDL-47W802A / W805A / W807A / W808A / W809A
  • KDL-46W905A
  • KDL-42W650A / W651A / W653A / W654A / W655A / W656A / W802A / W805A / W807A / W808A / W809A /
  • KDL-40W905A
  • KDL-32W600A / W603A / W605A / W650A / W651A / W653A / W654A / W655A / W656A / W503A
  • KDL-24W605A

За ова преземање

  • Име: PKG4.600EUA
  • Датум на издавање: 11/10/2016 г.
  • Дали треба да извршам ажурирање?: Вашиот фирмвер може веќе да е ажуриран, особено ако имате најнов модел на телевизор Bravia. Ако не сте сигурни, лесно можете да проверите која верзија на фирмвер ја имате следејќи ги овие инструкции за проверка.
  • Предности и подобрувања:
    • Обезбедува важни безбедносни ажурирања за телевизорот
    • Ја подобрува стабилноста на телевизорот
  • Ограничувања: само за употреба со телевизори што се продаваат во Европа. Сите модели не се продаваат во сите држави.

Инсталирај

Следете ги едноставните чекори подолу за да го ажурирате фирмверот на телевизорот: Откако ќе извршите ажурирање, сите Ваши лични поставки на телевизорот ќе останат исти.

Што Ви треба

  • компјутер со пристап на интерет
  • УСБ-меморија
  • компатибилен телевизор

Како да се уверите дека ажурирањето оди беспрекорно

Ажурирањето обично е многу едноставно. Еве како можете да се уверите дека работи правилно првиот пат:

  • Прочитајте ги упатствата внимателно или во спротивно можете да предизивикате телевизорот да не реагира или да му треба поправка.
  • Не исклучувајте го телевизорот или не исклучувајте го од струја додека се врши ажурирање.
  • Не притискајте ниедно копче, освен копчињата споменати во упатствата.
  • Прекинете со снимање пред да започнете со ажурирање на фирмверот.

Преземете го ажурирањето

Пред да го инсталирате ажурирањето, ќе треба да го преземете од интернет и да го зачувате на УСБ-меморија

  1. Прочитајте ги и прифатете ги одредбите и условите подолу и кликнетепреземи датотека.
  2. Кога ќе се побара, зачувајте ја датотеката на Работната површина. Кога ќе заврши преземањето на ажурирањето, проверете дали големината на датотеката е 184,136,576 бајти. За да го направите тоа, кликнете со десното копче на датотеката, изберете properties (својства)и проверете ја големината во картичката General (Општо).
  3. Отворете Windows Explorer, најдете ја преземената датотека sony_tvupdate_2013_4600_eua_auth.zip , и отпакувајте ја. На локалната податочна единица ќе се креира папка под името sony_dtv0FA30A05A0A5_00002100 .
  4. Копирајте ја папката на УСБ-уредот.

Инсталирајте го ажурирањето

Откако сте ја презеле ажурираната датотека, можете да ја инсталирате на телевизорот. Само следете ги едноставните чекори подолу.

Процесот може да трае и до 5 минути, а за време на инсталацијата телевизорот ќе се исклучи пред повторно самиот да се вклучи.

  1. Вклучете го телевизорот.
  2. Ставете го УСБ-уредот којшто ја содржи датотеката sony_dtv0FA30A05A0A5_00002100 во УСБ-приклучокот на телевизорот.
  3. Следете ги упатствата прикажани на екранот
  4. Кога ќе завршите со копирање на датотеката за ажурирање од УСБ-меморија, показателот POWER ќе трепка при ажурирање. (Бела боја)
  5. По неколку минути, телевизорот ќе се исклучи и повторно ќе се вклучи за да се доврши ажурирањето.- Не вадете го УСБ-уредот и не исклучувајте го телевизорот.
  6. Кога ќе заврши ажурирањето на фирмверот, на телевизорот ќе се прикаже порака.
  7. Отстранете го УСБ-уредот од приклучокот.
  8. Проверете дали ажурирањето е успешно со следење на чекорите во Дали треба да извршам ажурирање? - Ако бројот на верзијата е PKG4.600, тогаш телевизорот е правилно ажуриран.

Проверете дали ажурирањето е успешно:

  1. Вклучете го телевизорот и притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач за да се прикаже почетното мени
  2. Одете до категоријата Product Support (Поддршка за производи)и притиснете OK. за да ја изберете
  3. Одете доSystem Information (Информации за системот)и притиснете OK.
  4. На телевизискиот екран, верзијата на фирмверот треба да изгледа вака: SOFTWARE VERSION PKG4.600- ако бројот на верзијата е PKG4.600 или повисок, веќе ја имате најновата верзија на фирмверот

Прашања и одговори

Ви требаат повеќе информации? Погледнете во ЧПП за ажурирање на фимверот преку интернет

Често поставувани прашања и решавање проблеми

Дали по ажурирањето ќе бидат избришани моите лични параметри?
Ќе бидат зачувани сите лични параметри.

Дали може да инсталирам постара верзија на фирмвер?
За да овозможите телевизорот и понатаму оптимално да работи, не е можна инсталација на постар фирмвер.

Телевизорот се исклучува за време на процесот на ажурирање
Нормално е телевизорот да се престартува за време на процесот на ажурирање. На телевизорот ќе му треба повеќе време за да се престартува кога се инсталира нов фирмвер.

Што да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот за телевизорот преку интернет.

На екранот од телевизорот ќе се појави една од следниве пораки: "An error occurred during the software update (Се појави грешка за време на ажурирањето на софтверот)" или "Software cannot be updated using this USB device (Софтверот не може да се ажурира со овој УСБ-уред)"

  1. Проверете дали УСБ-уредот работи како што треба. Ако е во ред, обидете се повторно да ја преземете датотеката за ажурирање.
  2. Исклучете го телевизорот со притискање на копчето POWER (ЕНЕРГИЈА) на телевизорот.
  3. Повторно притиснете го копчето POWER (ЕНЕРГИЈА) и повторно започнете со процесот на инсталирање.

На екранот од телевизорот се прикажува пораката "No newer version of the TV software was found (Не е пронајдена понова верзија на софтверот за телевизорот)"
На телевизорот веќе е инсталирана најновата верзија на фирмверот и нема потреба да ја ажурирате.