Информации за ова преземање

Придобивки и подобрувања

Sony Channel Editor е паметна алатка којашто ви овозможува лесно да го менувате списокот на канали. Едноставниот дизајн и моќните функции ви овозможуваат да го персонализирате вашиот телевизор со преместување, бришење и подредување на вашите канали.

  • Вер.1.2.0
    • Ги поправа проблемите со компатибилност со поновите верзии на Java
    • Додадени се копчиња за Зумирање и Одзумирање за зголемување/намалување на големината на каналите во списокот на канали
    • Во картичката Help (Помош) сега има линк до напис од онлајн корисничкиот прирачник
    • Корисничкиот прирачник сега се испорачува со Editor и е достапен од менито „About“ (Повеќе информации) (само англиска верзија)
    • Измени на локализирани содржини – важи за одредени јазици
    • Други поправки на мали грешки
  • Вер.1.1.0
    • Кодираните канали се обележани со знакот ($)
    • Кога бришете канали, списокот на канали сега се поместува нагоре за да се пополнат празните места
    • Сите типови канали (вклучувајќи ги и каналите за податоци) сега се прикажуваат во списокот на канали и може да се избришат
    • Ја поправа грешката поради која не може да се зачуваат повеќе датотеки

Ограничувања

  • Само за употреба со телевизори што се продаваат во Европа. Сите модели не се продаваат во сите земји/региони.

Подготовка

Проверете дали телевизорот ја користи најновата достапна верзија на софтверот

Забелешка: Софтверот можеби веќе е ажуриран.

Предуслови на системот

Што е потребно

  • компјутер со пристап до интернет
  • USB-уред за складирање
  • Java Runtime (компатибилни се сите верзии на Java)

Информации за датотеката

Име на датотеката

  • SONY_CHANNEL_EDITOR_V1.2.0.DMG

Верзија на датотеката

  • 1.2.0

Датум на издавање

  • 18-04-2019

Преземање и инсталирање

Како да го преземете софтверот:

Пред да го инсталирате овој софтвер, ќе треба да го преземете од интернет и да го зачувате во вашиот Mac.

Чекор 1

Преземете ја датотеката [SONY_CHANNEL_EDITOR_V1.2.0.DMG] во вашиот компјутер и отворете ја.
Екран на компјутерот

  1. Кликнете на копчето [Download] (Преземи) во горниот дел од оваа страница, па прочитајте и прифатете ги одредбите и условите.
  2. Кликнете на копчето [Download] (Преземи) во долниот дел од страницата за да ја преземете сликата на дискот во вашиот Mac.

Чекор 2

Повлечете и спуштете ја алатката „Sony Channel Editor“ во папката Applications (Апликации).
Екран на компјутерот

Чекор 3

Стартувајте ја алатката Channel Editor со отворање на „Sony Channel Editor“ од папката Applications (Апликации).
Екран на компјутерот

Чекор 4

Сега можете да ја користите алатката Sony Channel Editor.

Како да ја користите алатката

Можете да го измените списокот на канали на вашиот телевизор во три едноставни чекори:

  1. Извезете го списокот на канали од телевизорот.
  2. Изменете го списокот на канали на компјутерот.
  3. Увезете го изменетиот список на канали во телевизорот.

Забелешка: Новите канали, додадени од радиодифузерот, нема автоматски да се синхронизираат со тековниот список на канали во вашиот ТВ-водич. За да ги добиете најновите канали, пребарајте ги каналите на телевизорот пред повторно да ги подредите програмите со помош на Sony Channel Editor.

За повеќе информации, следете ги чекорите подолу.

  1. Извезување на списокот на канали од телевизорот:
    • Вметнете надворешна USB-меморија во USB-приклучок на телевизорот.
      a) За моделите со Android на Sony одете во:
      [Home] (Почетен екран) → [Settings] (Поставки) → [Channel Setup] (Поставување канали) → [Digital setup] (Дигитално поставување) → [Technical Set-up] (Техничко поставување) → [Program List Transfer] (Пренос на список со програми) → [Export] (Извези)
      b) За моделите без Android на Sony одете во:
      [Home] (Почетен екран) → [Settings] (Поставки) → [System Settings] (Поставки на системот) → [Channel Set-up] (Поставување канали) → [Digital Set-up] (Дигитално поставување) → [Technical Set-up] (Техничко поставување) → [Program List Transfer] (Пренос на список со програми) → [Export] (Извези)
    • Датотека со име „sdb.xml“ ќе се копира во вашата надворешна USB-меморија.
  2. Измена на списокот со канали на компјутерот:
    • Вметнете ја надворешната USB-меморија со „sdb.xml“ во USB-приклучок на компјутерот.
    • Стартувајте ја алатката Channel Editor и отворете ја датотеката „sdb.xml“.
    • Променете го редоследот на програмите во вашиот список на канали.
    • Зачувајте го вашиот изменет список на канали на „sdb.xml“ во надворешната USB-меморија.
  3. Увезување на списокот на канали во телевизорот:
    • Вметнете ја надворешната USB-меморија со изменетата датотека „sdb.xml“ во USB-приклучок на компјутерот.
      a) За моделите со Android на Sony одете во:
      [Home] (Почетен екран) → [Settings] (Поставки) → [Channel Setup] (Поставување канали) → [Digital setup] (Дигитално поставување) → [Technical Set-up] (Техничко поставување) → [Program List Transfer] (Пренос на список со програми) → [Import] (Увези)
      b) За моделите без Android на Sony одете во:
      [Home] (Почетен екран) → [Settings] (Поставки) → [System Settings] (Поставки на системот) → [Channel Set-up] (Поставување канали) → [Digital Set-up] (Дигитално поставување) → [Technical Set-up] (Техничко поставување) → [Program List Transfer] (Пренос на список со програми) → [Import] (Увези)
    • Новиот список на канали ќе се прикаже откако ќе го рестартирате телевизорот

За повеќе информации, погледнете го целосниот водич за корисници овде.